логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Велики Петок- Утрена

Песна 5
Ирмос: Поранувам кон Тебе Кој, поради Твоето милосрдие, си се понижил неизменливо, дури и до страдања, бестрасно Слово Божјо; мир подај ми мене паднатиот, Човекољупче.

Откако им ги изми нозете и се очистија сега со причестувањето со Твојата божествена тајна, Христе, служителите од Сион се искачија со Тебе на Елеон-ската гора, пеејќи Ти, Човекољупче.

Не плашете се, пријатели, зашто сега наближи часот да бидам фатен и од рацете на беззакониците да бидам убиен: сите вие ќе се разбегате, откако ќе Ме оставите. Но Јас ќе ве соберам, за да Ме проповедате Мене, Човекољубецот.

Кондак, глас 8: Дојдете сите да Го воспееме, заради нас сите Распнатиот, зашто Марија Го виде Него на крстот и велеше: Иако трпиш и распнување, Ти си мој Син и Бог мој.

Икос: Марија, гледајќи го своето Јагне, водено на колење, го следеше заедно со други жени, викајќи вака: Каде одиш, Чедо? И зошто брзаш? Зар и друга свадба има во Кана галилејска, па таму сега брзаш, од вода вино да им направиш? Да одам ли со Тебе, Чедо, или да Те причекам? Дај ми збор, Слово (Божјо) и, молчејќи, не одминувај ме, Ти, Кој чиста ме сочува, зашто Ти си Син мој и Бог мој.

СИНАКСАР
Стихови на распнувањето:

О необлечен мртовецу и Слово на живиот Бог, Ти си, Боже, Кој живееш и на крстот си умртвен.
Стихови за распнатиот со Христа разбојник:
Клучот на покајаниот разбојник ја отклучи рајската врата, кога рече:
Спомви си за мене (Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое).

 


ВЕЛИКИ ПЕТОК

Во светиот и Велик Петок ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спаси-телот наш Исус Христос, што заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувања-та, исмејувањето, пурпурната облека, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, по сето тоа - Крстот и смртта; а сето тоа се изврши во петок.

Откако беше продаден и предаден за триесет сребре-ника од својот пријател и ученик, најнапред Го одведоа кај Ана првосвештеникот, кој Го испратил кај Кајафа, каде што бил плукан и удиран по образите, а воедно и исмејуван и навредуван, и каде што ги слушал зборовите: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?" (Матеј 26, 68). Таму дошле и лажните сведоци кои Го клеветеле, бидејќи беше рекол: „Урнете го овој храм и за три дена пак ќе го изградам", и затоа што беше рекол дека е Син Божји. Тогаш првосвештеникот, не поднесувајќи ја оваа „хула", ја раскинал својата облека.

У трото Го одвеле кај Пилат во судницата, а тие самите не влегле, како што се вели, да не се осквернат и за да можат да ја јадат Пасхата. А Пасха се именува целиот празник што го славеле, според обичајот. Христос, пак, ја извршил законската Пасха еден ден пред оваа, бидејќи требаше да биде жртвуван во петокот. А кога Пилат излезе, ги праша за што Го обвинуваат тие. Бидејќи не најде никаква причина за да Го осуди, Го испрати кај Кајафа, а овој пак повторно кај Пилат, бидејќи тој беше оној што копнееше да Го убие. А Пилат им рече: Земете Го вие и распнете Го, и судете Му според вашиот закон. А тие повторно велеа: „Нам не ни е дозволено никого да убиеме", поттикнувајќи го Пилата да го распне. А Пилат Го праша Христа дали е Он Царот на Јудеите. А Он не призна дека е тоа, туку дека е Вечниот (Цар), бидејќи рече: „Царството Мое не е од овој свет." Сакајќи да Го пушти, Пилат прво им рече дека не наоѓа никаква вина кај Него, а потоа, предложи да се ослободи еден затвореник, според обичајот за секој празник. Но тие повеќе претпочитаа да биде ослободен Варава, а не Христос.

Пред да им Го предаде на Евреите, Пилат прво нареди да Го камшикуваат Исуса, потоа Го изведе со војници, облечен во црвена облека, покриен со трнлив венец, со трска во десната рака, додека војниците го исмејувале велејќи: „Радувај се, Цару Јудејски". Откако Го исмеја, за да Го помилува, Пилат повторно рече: „Не наоѓам ниту една вина за да Го осудам на смрт". А тие велеа: „Ние Него ќе Го казниме, затоа што себе се нарекува Син Божји". Додека го зборуваа тоа, Исус молчеше, а народот викаше кон Пилата: „Распни Го, распни Го", бидејќи сакаа да Го подложат на нечесна смрт, за да го исфрлат добриот спомен за Него. А Пилат, сакајќи да ги посрамоти, рече: „Вашиот ли цар да го распнам?" А тие одговарија дека немаат друг цар освен кесарот. Бидејќи и по оваа хула ништо не постигнаа, тие се повикаа на кесарот, та барем така да ја задоволат својата лудост. Затоа велеа: „Секој што се прави цар себе си, се противи на кесарот."

За тоа време, жената на Пилат, исплашена од страшни соништа, испратила луѓе да му речат: „Да нема ништо помеѓу тебе и овој Праведник, бидејќи поради Него ноќта многу страдав." А тој, измивајќи си ги рацете, ја отфрли од себе вината за крвта Негова. Но тие викаа: „Крвта Не-гова на нас и на нашите деца, ако Го ослободиш Него, не си му пријател на кесарот". Плашејќи се од кесарот, иако точно знаел дека Исус е невин, Пилат Го предаде на крсна осуда, откако им го пушти Варава. А Јуда, кога го видел ова, ги фрлил сребрениците и заминал и се предал на смрт, обесувајќи се на дрво и најпосле, надувувајќи се, прснал.

Војниците, пак, со трска го удираа по Неговата глава, Го исмејуваа, и му Го натоварија крстот. Потоа го при-нудиле Симон од Киринија да го носи Неговиот крст. Во третиот час, на местото наречено Лобно, Го распнале, а од двете страни обесиле и други двајца разбојници, за да се вброи меѓу разбојници. Војниците си ја разделија меѓу себе Неговата облека, а за Неговата ткаена облека фрлаа ждрепка. И не само тоа, туку и кога беше на Крстот, тие Му се потсмеваа и Му велеа: „Е, Ти, Кој го уриваш храмот и за три дена го изградуваш, спаси се Самиот." И повторно:

„Други спаси, а Себе си не може да се спаси?" И повторно: „Ако е Цар Израилев, нека слезе од Крстот и ќе веруваме во Него." Впрочем, ако тие ја говореа вистината, требаше без колебање да пристапат кон Него, признавајќи Го за Цар не само на Израил, туку и на целиот свет. Всушност, што сакаа тие повеќе? Зар не беше доволен знак тоа што сонцето се помрачи за три часа, и тоа среде денот, та страдањето да им биде објавено на сите! Тоа што земјата се затресе, каме-њата се распаднаа, изобличувајќи го непријателството на Евреите; многу тела воскреснаа, како потврда на општото воскресение и како објава на силата на Оној што страдал. Завесата на храмот се раздели, како храмот да се лути затоа што страда Оној што се слави во него и на мнозина им го открива невидливото. Значи, Христос беше распнат во третиот час, како што вели божествениот Марко. А од шестиот час, па до деветтиот час, настана мрак во целата земја, кога и Лонгин стотникот, гледајќи Го Преславниот и Поголемиот од сонцето, повикал: „Вистина, Овој беше Синот Божји".

Еден од разбојниците Го навредуваше Исуса, а другиот, пак, тоа му го забрануваше, исповедајќи дека Христос е Син Божји. А Спасителот, возвраќајќи на неговата вера, му вети дека ќе биде со Него во рајот. Додека над Него се исполнуваа сите овие навреди, Пилат наредил да се напише и натпис над Него, кој вели: „Исус Назареец, Цар Јудејски". Иако тој забранил да се напише така, Пилат им одвра-тил: „Што напишав, напишавг. И потоа, кога Спасителот извика: вЖеден Сум", тие му растворија исоп со оцет. И, откако рече: „Се сврши", ја наведна главата и Го предаде Својот Дух. И кога сите си заминаа, Неговата Мајка стоеше при Крстот и нејзината сестра Марија Клеопова (ќерка на Јаков, а нејзиниот маж Клеопа умрел бездетен), како и Неговиот возљубен ученик Јован.
Неразумните, пак, Јудеи кои не биле задоволни ниту Телото на Крстот да го гледаат, го замолија Пилата, бидејќи бил петок и големиот ден на Пасха, на осудени-ците да им ги прекршат колената, за да умрат поскоро. Па така им ги прекршиле колената на двајцата, бидејќи се уште биле живи. И кога дошле до Исуса, тие виделе дека веќе бил мртов и не Му ги прекршиле колената, а еден од војниците, наречен Лонгин, угодувајќи им на бе-зумниците, го кренал копјето и го прободел десното ребро Христово. И веднаш истекла крв и вода: крвта како од Човек, а водата како поголем од Човек. Односно: крвта заради причестувањето со божествените тајни, а водата заради крштевањето. Бидејќи Он е вистина двоисточниот извор Кој ја содржи оваа наша тајна. Јован го виде тоа и посведочи и вистинско е неговото сведоштво, бидејќи присуствуваше на сето тоа и, гледајќи, го запишуваше. Дури и кога лажно би говорел, не би пишувал измислици за да Го бесчести Учителот. Се раскажува дека во некаков сад тој ја прифатил божествената и света Крв од животочните Негови ребра.

По исполнувањето на овие работи кои ја надмину-ваат нашата природа, бидејќи веќе беше вечер, Јосиф од Ариматеја, кој беше таен ученик Христов како и други, дојде кај Пилата со смелост, бидејќи му бил познат, и му го побара телото на Исуса. Пилат заповеди да му го да-дат. Откако го симна од крстот, тој набожно го положи. Кога настапила ноќта, дошол и Никодим носејќи некаква смеса од смирна и алој, подготвена навреме и, како што било обичај кај Јудеите, Го завиткале со плаштаница и Го положиле во Јосифовиот гроб издлабен во камен, во кој претходно никој не лежел за, кога ќе воскресне Христос, да не го припишат Неговото воскресение на некој друг. Смесата, пак, од смирна и алој Евангелистот ја спом-нува за оние што би можеле да имаат приговори, со цел, гледајќи ги завоите и плаштаницата, да не мислат дека телото било украдено. Бидејќи, како би можеле арамиите, кои не би биле толку слободни, да ги извадат овие платна прицврстени за телото?!

Затоа, се она што се случувало во тој петок, богоносните отци ни заповеаа да си спомнуваме за нив со скрушеност на срцето и со умиление. Треба да се знае и тоа дека, ако Господ беше распнат во шестиот ден, односно во петок, тоа е затоа што во почетокот човекот беше создаден во шестиот ден. И тоа што во шестиот час од денот Он висеше на Крстот, беше затоа што во тој час, како што велат, и Адам ги пружил рацете и го допрел забранетото дрво и умрел. Бидејќи требаше, во оној час кога паднал, во истиот пов-торно да се пресоздаде, односно во градината, како и Адам во рајот. Горчливата напивка го претставува вкусувањето (од забранетиот плод). Шлаканиците ја објавуваа нашата слобода. Плукањето - нашето нечесно однесување, кое според нас е чесно. Трновиот венец е изгонување на клет-вата од нас. Пурпурната облека е наместо кожните ризи, и за да и го врати на нашата природа нејзиниот царски украс. Клинците - секонечната неподвижност на нашиот грев. Крстот е дрвото во рајот. Прободените ребра го изобразу-ваат реброто на Адам, од кое е создадена Ева, а од неа, пак, престапот. Копјето, се чини, го симболизира пламеното оружје. Водата од ребрата е слика на крштевањето. Крвта и трската - со нив Христос, како Цар, со црвени букви го потпишува документот со кој ни ја дарува древната тат-ковина. Се зборува и тоа дека главата на Адам лежи онаму каде што беше распнат Христос, Главата на сите. Значи Адам се крсти со истечената крв на Христа. Тоа место, пак, се нарекува Лобно затоа што, за време на потопот, Адамовата глава испливала надвор од земјата и била носена без останатите коски, како некое видливо чудо, но дека подоцна Соломон, заради честа на прататкото и со помош на својата војска, ја покрил со многу камења. Затоа тоа место се нарекува и Литостротон, односно прекриено со камења. Некои големи светии, според некои преданија, велат дека тука бил погребан Адам од некој ангел. А таму каде што е телото (лешот), таму доаѓа и орелот - Христос, вечниот Цар, Новиот Адам, Кој стариот и паднатиот преку дрвото Адам, го исцелува со дрвото на крстот.

Со Твоето натприродно и за нас неизмерно милосрдие, Христе Боже, помилуј не. Амин.


Hristos.oplakuvanje1.jpgПесна 6

Кондак, глас 8: Додете сите,  да Го воспееме заради нас Распнатиот, зашто Го виде Марија на дрвото и говореше: Иако трпиш распнување, Ти си ми Син и Бог мој.

Икос: Овцата, гледајќи Го своето Јагне влечено за колење, по Него врвеше Марија  со пуштени коси, со други жени викајќи го ова: Каде одиш Чедо? Зошто толку брзаш? Зар во Кана има и друга свадба, па таму сега иташ од вода вино да им направиш? Да одам ли со Тебе Чедо, или да Те почекам? Кажи ми збор, слово, и молчејќи не одминувај ме, Ти Кој чиста ме сочува, зашто Ти си ми Син и мој Бог.

 

Hristos.oplakuvanje.perivle.jpg

Посети: {moshits}

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5769
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6585
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6368
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5564
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная