логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Епископ Виенски и Австриски ИЛАРИОН АЛФЕЕВ


Благослов или проклетство?

alfeev2.jpgПонекогаш изгледа дека живееме во свет завртен наопаку. Во свет во кој системот на вредности е превртен, каде што доброто се нарекува зло и злото добро; животот се нарекува смрт, а смртта живот. Вредностите базирани на религиозниот морален идеал, кој сеуште е традиционален за мнозинството луѓе на оваа планета, се подложени на систематско сквернавење, додека новите модерни норми кои не се вкоренети во преданието и и противречат на самата човекова природа се влеани во масите. На милиони неродени деца им е ускратен животот, додека на постарите и на смртно болните им се нуди `правото на умирање`. Идеалите на семејството, брачната верност и донесувањето на свет на деца се исмеани и исплукани, додека сексуалните девијации и `слободната љубов` активно се пропагираат и поддржуваат. Поморот на милитантниот атеизам и либерализам има погодено милиони луѓе на Западот: на некои им ги има одземено животите, други пак ги има лишено од можноста да се родат а на трети пак им го има дадено правото да `умрат достоинствено`. Хуманистите и атеистите ги тријат задоволно рацете, тврдејќи дека проблемот со порастот на популацијата во развиените земји на Европа и Северна Америка успешно е решен. Преферираат да не обрнуваат внимание на фактот дека универзалното преиспитување на вредностите веќе ја има фрлено Западната цивилизација во демографска бездна и сега се заканува да доведе до глобален, меѓуцивилизациски конфликт, ако епидемијата на либерализмот ги зафати и останатите региони на светот.

Денеска секој верник на Западот сериозно треба да размисли за својата иднина и иднината на неговите деца, земја и цивилизација. Религиозните луѓе мора да сфатат каква специјална одговорност лежи во нивните раце и да влезат во дијалог со секуларниот поглед на светот. Ако таквиот дијалог е невозможен, треба отворено да му пружите отпор на овој систем на вредности.

Верниците треба да ја потсетат Западната цивилизација на моралниот избор од кој директно зависи нејзината иднина. Суштината на овој избор најдобро беше искажана од Мојсеј кога му се обраќаше на народот на Израел: “Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло. Ако ги слушаш заповедите на Господ, твојот Бог... - тогаш ќе живееш и ќе се намножиш, и Господ, твојот Бог, ќе те благослови... Ако, пак, се одврати срцето твое, и не послушаш, и се заблудиш... тогаш, ви јавувам денес, дека ќе загинете и нема долго да останете на земјата... Сведоци ми се небото и земјата: живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое...“ (Втор. 30:15:19)
 
26 октомври 2007, Охрид

Подготви: Б.Ѓ

Посети:{moshits}

 

Д-р Георгије Манзаридис,
проф. на Богословскиот факултет во Солун


crkva.fog1.jpgДодека времето силно го преокупира вниманието на луѓето, просторот како да останува на маргините на интересирањето. Но, во стварноста, времето и просторот се соединети и неразделни. Времето не постои самото за себе, туку во просторот. А и просторот не се протега самиот за себе, туку заедно со времето. Се чини, меѓутоа, дека напоредо се создава и одредена спротиставеност меѓу просторот и времето. Ослободувањето од некој конретен простор се остварува со посредство на времето. Така е и со движењето во просторот, кој претставува корпа за отпадоци на времето.

Овој феномен на спротиставеност на времето и на просторот не го укинува нивното единство, ниту ги поништува нивните аналогии. Времето како мерило за движењето и за промените не е само мерило на растење и на живот, туку и мерило на распаѓање и на пропаѓање. А просторот како сцена на движењата и на промените не е само област на гнилежност и на смрт. Времето, како мерило на животот, на човекот му дава релативна слобода внатре во просторот. Кога слободата го завршува своето време, се завршува и самата слобода, како и нејзиниот живот внатре во просторот. И невозможно е да постои каква било форма на слобода или на надеж во светот, без перспективата на времето. Дефинитивното потпаѓање под просторот е потпаѓање под власта на пропадливоста и на смртта.

Во Стариот Завет особено значење има просторот кој е поврзан со одредено пројавување на Бога. Овој простор е свет и однесувањето спрема него треба, соодветно, да биде исполнето со стравопочитување. Така, на пример, просторот во кој Јаков во сонот го видел Господа и скалилото по кое ангелите слегуваат и се искачуваат на небото, е окарактеризирано како „страшно место“, како „дом Божји“ и „двери небесни“. Како што и местото со капината што не согорува, на кое Бог му се открил на Мојсеј и го повикал да го ослободи Израилот од Египетското ропство, е окарактеризирано како „света земја“.

Сублимирањето на свештениот простор на Израил е во храмот. Тоа е par excellance простор на откривањето и на пребивањето на Бога. Во храмот верникот Му пристапува на Бога и ја наоѓа својата вистинска среќа и радост. Но постоењето на храмот има смисла само ако народот му е верен на својот Господ. Кога тоа не е случај, Бог ја допушта катастрофата на Својот народ за да го исбрише секое негово лажно убедување. Тоа го истакнува и символичното значење на храмот како место на објавување на Бога на Својот народ. Исполнувањето на ова символично значење на храмот го претставува Христос со Својот познат повик до Јудејците: „Разурнете го овој храм, и Јас ќе го изградам за три дена“.

Еден друг елемент, кој е поврзан со напуштањето на просторот, е долгото и напорно патување. Преселбата на Авраам, како и излегувањето на Израил од Египет и патувањето во ветената земја, претставува едно трајно излегување од просторот и соодветствува на Божјиот повик. Кога Избраниот народ повторно ќе се смири во ветената земја и ќе го заборави својот Бог, настапува времето на поробување на таа земја и на нејзиниот народ. Просторот, особено свештениот простор, не се дава за смирување и за повлекување во тишина, туку за потсетување на Божјото јавување и за одржување на верноста на народот спрема Него. Затоа просторот секогаш има символичен и есхатолошки карактер.

За Црквата, ветената земја е символ на Царството Божјо или на Идниот век. Со други зборови, местото станува символ на еден нов начин на живеење или на едно ново доба, кое ги надминува космичките категории на просторот и на времето и упатува на идниот живот. Царството Божјо не е ниту еден посебен простор, туку вечен живот. А вечниот живот не е еден бесконечен живот во времето, туку божествен живот во Христос. Христос е Земја на живите и место на спасуваните. Просторот и времето минуваат за „Бог да биде сè во сè“.

Карактеристично е дека ова конечно надминување на просторот, дури и на свештениот простор, се реализира во Црквата, во која се победува смртта. Со други зборови, недминувањето на просторот, кој претставува област на владеење на смртта, конечно се остварува со надминување на самата смрт. Оваа надминување е подготвувано во текот на сета историја на Сратиот Завет, кој е и педагог за Хростос. Патот кон времето на Месијата е пат на постепеното ослободување од просторот и динамично движење внатре во времето. Тоа е еден пат кој се насочува кон „времето“ на присуството на Месијата. Црквата не е temenos, градба. Односно, не е простор кој се „temnetai“, односно одвојува од опкружувањето, за да продолжи како пребивалиште Божјо. Црквата е мост кој го ослободува човекот од просторот и го воведува во слободата на Светиот Дух.

Како и времето, така и просторот во Црквата добива нов карактер. Од област на владеење на смртта, просторот се претвора во рамка на објавување на Божјата љубов и на преобразување на човекот. Впрочем, просторот не го ограничува она што е бесконечно, како што ни времето не ја намалува вечноста. Бескрајното не се наоѓа само надвор или од онаа страна на просторот, туку и внатре во него. Како што и вечноста не постои само надвор или од онаа страна на времето, туку и внатре во него. Затоа и секоја точка од просторот, како содржина во бескрајното и проникнато со бескрајното, нуди можност за вклучување во бескрајното. Бескраен е Бог. И бескрајниот Бог се наоѓа секаде во просторот, при што не е ограничен или попречен од него. Јавувањето (преку Овоплотувањето) на бескрајниот Бог внатре во просторот како ограничен човек, кој може да се опише, ја сочинува основата на Црквата и предуслов за обновување на светот и обожување на човекот.

Ограничувањето во просторот, па дури и во свештениот простор, значи враќање во јудизмот. Господ одлучно изјавил едка Неговото доаѓање значи ослободување од секое такво ограничување. „Иде часот кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате на Отецот“ (Јован 4:21-24). Ова секако не значи отфрлање на педагошкото значење на свештениот простор, кој има свое место во Црквата, каде што има место и севкупниот Стар Завет како сенка на Телото Христово. Ограничувањето, меѓутоа, само на овој простор, кој е идентичен на напуштањето на телото и враќање на неговата сенка, ја превидува вистината. Тоа го направиле Евреите кои не поверувале во Христос. А едно такво свртување во рамките на христијанството е хилијазам.

Карактеристично е дека ширењето на Црквата во вселената се поврзува со уништувањето на Ерусалим. Просторот, и тоа особено свештениот простор, кога ќе се апсолутизира, може да го ограничи дишењето на Духот и да ја потиснува слободата на верникот. Впрочем, никогаш не треба да се заборави дека космичкиот/светскиот простор е област на владеење на смртта.

Просторот ги раздвојува луѓето. И поединечните елементи, преку кои се поврзуваат луѓето во секоја конкретна област, ги одвојува од луѓето во другите области. Така, националните елементи, кога ќе се апсолутизираат, се претвораат во идоли. Така национализмот лесно се поистоветува со идолатријата. А бидејќи национализмот секогаш се ограничува на просторот, тој е политеистичен. Националистите не можат да имаат монотеизам. Монотеизмот претпоставува ослободување од националните елементи, кои се врзуваат за конкретно место. Затоа монотеизмот примарно е можен не како статичност на просторот, туку како динамичност на времето. Предуслови за разбирање на овој феномен постојат во секојдневниот живот. Луѓето раздвоени во просторот можат да живеат обединети во времето. Повеќето од луѓето живеат истовремено во еден даден миг на времето, но не можат да живеат истовремено и во една дадена точка од просторот. На тој начин, времето ги соединува луѓето раздвоени со просторот. Но, ова негово својство е ограничено и релативно, зашто конечно ги разложува и ги води во распажање. Обединувачкото својство на времето може да биде вреднувано единствено кога ќе се поврзе со победата над смртта. (А тоа го направи Христос, и го прави тоа во Црквата.)

Отфрлајќи го етницизмот (тесниот национализам), Црквата ги повикува луѓето во единство внатре во овремето. Сите исклучиво национални елементи, т.е. сето она што е поврзано со времето, се релативизираат во перспективата на есхатолошкото исчекување на Царството Божјо. Но и Царството Божјо ја прифаќа многувидноста (и многунационалноста) на луѓето. Исчекувањето на Царството Божјо ги обединува верните во една Црква. А луѓето можат да се обединуваат во една Црква затоа што во неа се победува смртта и се нуди вечен живот. Така, во Црквата верните живеат во заедница со Троичниот Бог, како членови на Телото Христово, со благодат на Светиот Дух.

Секоја религија којашто не ги обединува луѓето во перспективата на динамичниот прогрес на времето, е паганска, значи и идолатриската. Се потчинува на просторот, кој е област на владеење на смртта, и од таа причина не е во состојба да ја открие вистинската смисла на историјата. Оваа смисла се открива единствено со вера во Бога Седржителот. Покрај Него и секоја поединечна историја се вклопува во една историја којашто е насочена кон Царството Божјо. Затоа и објавувањето на Бога Седржителот ја сочинува претпоставката  за објавувањето на смислата на историјата. А објавувањето на смислата на историјата е, во суштина, откривање на нејзиниот крај (и доаѓаењто на царството Божјо). Впрочем, историјата може да се протолкува само во светлината на нејзиниот крај. Како што е точно забележано, „единствено крајот на историјата може да фрли вистинска светлина врз нејзината смисла, и само на крајот на историјата човекот ќе застане над историјата. Затоа секој толкувач на историјата има тенденција да се замислува себеси блиску до крајот на историјата, без оглед во која епоха живее.“

Можноста за еден таков поглед врз историјата се дарува во Христа. Христос на човекот во почетокот му го пружа она што ќе се открие на крајот. Ако го споредиме патот на човековата историја со патот за Емаус, каде при прекршувањето на лебот се откри Христос Кој ги следел двајцата ученици на нивното патување, секое прекршување на лебот (т.е. Светата Евхаристија = Литургија), за оние коишто учествуваат во него, претставува едно откривање на смислата на историјата. Цркват асо својата есхатолошка ориентација, може да се карактеризира како заедница на излегување. Светот за неа претставува место на привремен престој. Излегувањето на Израил од Египет претставува символ на излегувањето на таа заедница од светот и нејзино патување кон новиот Ерусалим, кон Царството Божјо. Тоа е вистинската татковина на христијаните, додека нивната земна татковина претставува место на привремено живеалиште и гостопримство: „секоја татковина е туѓа“, вели ранохристијанскиот апологет, (и додава: но и секоја земја може на христијанинот да му биде татковина). Кога верните премногу ќе се смират на своето место и ќе почнат да го забораваат Царството Божјо, почнуваат да ја губат својата ориентација. Истовремено, меѓутоа, кое било место, како рамка на пројавување на Божјата љубов, е домашно и пријателско за нив: „секоја земја е негова татковина“. Принесувајќи се самите на Христос, христијаните го преземаат своето спротиставување на гревот и на смртта внатре во просторот. Затоа се вели дека монасите го „чуваат местото“. Избираат самоограничување во просторот и таму ја негуваат духовната слобода којашто им ја дава Христос. Се спуштаат во областа на смртта, за посилно да го живеат исчекувањето на новиот живот. Се зближуваат со просторот, чувствувајќи го како свое тело, го преобразуваат во Црква и го насочуваат кон Царството Божјо [затоа Христос и е наречен Земја (=простор) на живите, и вечен (во времето и надвременски) живот].


Подготви: д- р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}

А. И. Осипов

Размислувања на еден богослов
krst.svetlina.jpgЗошто човекот Му се обраќа на Бога? Што значи неговото обраќање – потреба од заштита, желба за доживување религиозна екстаза, стремеж да се разликува од оние што не веруваат и да ја демонстрира својата религиозност? Очигледна, општ одговор не постои, секое обраќање е тајна на човековата душа. Па сепак, постои илјадагодишно искуство коешто може да се анализира.

На ист начин може да се анализира и друго прашање – зошто луѓето се свртуваат кон Православето? Дали затоа што се работи за традиција, дали затоа што многумина се крстени уште како деца, или затоа што во Православието се откриваат некакви димензии недостапни во другите форми на религиозност?
 

Што се случува со мене? 

Човештвото отсекогаш се стремело кон среќа, мир, праведност, материјално изобилство. Но, реалната историја говори дека, колку повеќе се приближуваме кон нашето време, со наброените нешта работата стои сè полошо и полошо. Дваесеттиот век ја натопил со крв сета земјина топка, макар што од него се очеуваше да донесе рај на земјата. Прогресот нè води право во кризи. На пример, во еколошка криза. Сеопштиот научно-технички прогрес, кој за своја цел ја има максималната благосостојба на човештвото на Земјата, всушност нè води во смрт.

А што се случува внатре во човекот? Мене ми се чини дека сум – добар. Но, по сè изгледа дека сум добар само до оној миг, додека некој не ми покаже дека не е така. На пример, Петар, апостол, енергичен човек, воскликнал: „Господи, ако затреба дури и да умрам за тебе, нема да се откажам од Тебе.“ Но, само што го уапсија Христос, при првото прашање на сомничавата слугинка: „И ти да не беше со Него?“, Петар се одрече... Откако ќе ги симнеме розовите очила, ние несакајќи ги повторуваме зборовите на апостол Павле: „Беден човек сум! Кој ќе ме избави од телото на оваа смрт? А што правам, не знам; бидејќи не го вршам она, што го сакам, туку она, што го мразам, тоа го правам. Оти не доброто, кое го сакам, го правам, туку злото, што не го сакам, го вршам“ (Римјаните 7:24, 15, 19), – и не можеме да се справиме со тоа. Но, тоа е мошне чудно. Зошто понекогаш толку остро се чувствува некаква дисонанца во нашиот живот? Каде дошло до грешка?

Мислам дека грешката е во тоа што човекот заборавил дека е – духовно-телесно битие. И дека духовната компонента го поврзува со Бога. Човекот заборавил дека е – смртно битие, но дека по својот дух е предназначен за вечно постоење. Тој заборавил за првичноста на духовниот принцип. Ако во човекот не превладува телесната, материјалната страна, тогаш тој, несомнено, сосема поинаку би се однесувал спрема природата што го опкружува (грижливо, како спрема продолжеток на своето тело), кон друг човек (не би гледал на него како на непријател). Не би дошло до онаа ужасна состојба, наречена потрошувачки однос кон светот и кон другите луѓе. „Заборавливоста“ го довела човекот до состојба во која ја изгубил хармонијата меѓу себе и светот, меѓу себе и другите, меѓу душата и Бога. 

Дали сите религии се еднакви?

За да се почувствува оваа дисонанца, за да се разбере нашата духовна компонента, на човекот му е потребно очистување на сознанието. Чувствата, емоциите, а уште повеќе стратсите, го оптоваруваат сознанието. Нивното дејство е вакво: Пред човекот минува цел калеидоскоп блесоци, спомени. Магла од чувства го прекрива сознанието, го расејува вниманието, ја раѓа заборавноста... За очистување на сознанието, во различни религии се предлагаат различни средства. Интересно е што однадвор овие средства изгледаат слични, дури и идентични.

На пример, во најпопуларниот систем кај хиндусите, веданта, за постигнување на нирвана е неопходен аскетизам, ослободување од страстите, од приврзаноста спрема световното. Како важен елемент во духовниот живот се смета молчењето. Постои следна практика: гуру му кажува на напреден ученик: „Ти си браман“. Ученикот ништо не одговара. И тие се разделуваат. Ученикот минува неколку години во молчење, а потоа се враќа кон својот гуру и му вели: „Да, јас сум браман“.

Кај Варсануфиј Велики (христијански подвижник од VI – VII век) се среќава следнава мисла: „Молчењето е подобро и почудесно од сите раскажувања. Него го сакале и му се поклонувале нашите отци. И се прославиле со него“.

Воопшто, отшелници од сите времиња и од сите религии доаѓале до ист заклучок дека најчисто и најјасно познание настапува кога ќе замолкнат сите чувства. Дури и кога ќе замолкне самиот "ratio"...

Ако, како што се чини, сите религии зборуваат за едно и исто, кон која религија тогаш да се приклониме, која од нив е – вистинската?


Три докази за неземното потекло на христијанството

Христијанството е единствената религија којашто има објективни аргументи коишто го потврдуваат нејзиното нечовечко, неземно потекло, односно го потврдуваат нејзиното Божесетвено потекло. Такви аргументи има многу, и јас ќе ги наведам основните.

1. Првиот аргумент е најпрост, и не бара посебни познавања – тој е историски. За разлика од другите религии, христијанство започнало су чудовишни прогони. Со распнување на Самиот Христос, со казнување на сите апостоли (освен Јован Богослов), со жестоки прогонувања. До 313 година имало десет големи бранови на страшни прогони. Прочитајте го историчарот од I  век Корнелиј Тацит: императорот Нерон во своите градини донесувал укази христијаните да се врзуваат на столбови и да се намачкаат со катран и со настапување на ноќта да се запалат како факели. Најпопуларен бил повикот: „Христијаните на лавовите!“ Да се обидеме да си претставиме слична слика денес. Се поставува прашањето: Кој ќе премине во таква религија, за која речиси ништо не знае? Кој ќе сака да го жртвува својот живот за религија за која практично ништо не е познато!? Како христијанството можело да се зачува. Овој аспект се обидувале да го објаснат историчарите. Во Делата на апостолите се опишува што се случувало со оние коишто искрено ја примале верата: многумина од нив веднаш го добивале дарот на правење чуда, дарот на пророштво, на исцелување. Но, најважното билот тоа што тие во душата стекнувале такво познание на Бога коешто го бришело стравот д измачувања. Великомаченикот Евстратиј Му вели на Господа: „Овие маки се радост за Твоите слуги“. Без признавањето дека во таа религија дејствувал Самиот Бог, дека ги оживувал, дека ги одухотворувал тие луѓе – не е можно да се разбере постоењето на христијанството.  


2. Вториот аргумент – вероучителен, е најпознат. Основните христијански вистини принципиелно се разликуваат од сите аналози на јудаизмот и на паганството од епохата во која се родило христијанството. Учењето за Троица се разликува од паганските тријади; Боговоплотувањето – од воплотувањето на јупитери, зевси. Сега нема да се задржувам на тие разлики, макар што на студентите-семинаристи цела година им ја објаснувам таа разлика. Рибарите (авторите на Евангелието) просто го констатирале она што го виделе, што го слушнале, што го почувствувале. Констатирале, а не измислувале, макар што и самите често не го разбирале она што се случувало. Евангелистите не биле писмени. Но, наеднаш тие почнале да кажуваат такви вистини кои кај философите и мислителите од сите подоцнежни векови предизвикуваат недоумение. Се поставува логично прашање: Од каде дошле тие вистини? Меѓу апостолите, само Павле бил писмен. Тој отворено и со потресна јаснотија објавил: „Ние, пак, го проповедаме Христа распнатиот, Кој е за Јудејците соблазан, а за Елините безумство“ (1 Коринтјаните 1:23).

3. Третиот аргумент е – духовно-морален. Може да се постави пршањето (не е важно на која религија): „Од религиозна гледна точка, кој ќе се спаси?“ Од таму доаѓа одговарот: „Оној кој ги исполнува барањата на дадената религија“. Но, во христијанството не е така. Какви барања исполнил разбојникот, кој бил распнат на крстот заедно со Христос? Разбојник, престапник – а прв влегол во рајот! Во таа смисла, христијанството е антирелигиозна религија. Размислете, од каде тоа? Сите ученици биле Евреи, воспитани според Законот. Од каде таква проповед?

Тоа се објектини нешта, за кои човек треба да се замисли, без оглед дали верува во Христа. Да, ве молам, корените на христијанството се на друго место, на кое годе сакате, но не се на Земјата.

Зошто Православие?

Христијанството тврди дека основна пречка, којашто стои пред човекот на неговиот пат на познание на Бога – преку Кој и во Кој е можно и вистинското познание на самиот себе, на другите луѓе, на светот околу нас – претставува некакво грубо (или фино, во зависност од состојбата на човекот) мнение за самиот себе. Или, ако сакате, лажно восприемање на своето Јас, кога тоа Јас се разгледува како нешто речиси самодоволно. Лажно поимање на она што го нарекуваме човечко достоинство. Кога велиме „човечко“ – тогаш е великолепно, но кога велиме „мое достоинство“ – започнува лагата. Сите ние се сметаме самите себеси за добри. Јас сум добар човек. Јас можам да ви кажам кои се мите недостатоци, но притоа чувствувам и не се сомневам дека сум – добар човек. И мене, добриот, ми се несфатливи зборовите на преп. Макариј Велики: „Господи, очисти ме грешниот, зашто не направив ништо добро пред тебе“. Како да видам и да разберам дека „јас не сум многу добар човек“, дека сум расипан, дека во мене е повредена замислата на Творецот во врска со мене?

Ние не се познаваме самите. Православието го насочува нашиот поглед врз нас самите, заради спознавање на онаа болест којашто е присутна во човекот како таков. И само на патот на познанието на самиот себе, јас можам да се свртам кон Христос. Бидејќи сме грешни, ние не ја гледаме нашата погибел. Преп. Петар Дамаскин рекол: „Прв знак на заздравување на душата претставува согледување на своите гревови“. Со спознавањето на неможноста да ги искорениме страстите со свои сили, да ја победиме болеста, започнува патот кон признавањето на Христос, кон верата во него. Од тука започнува реалното христијанство. 

Сето внимание на Православието е сконцентрирано на спознавањето на онаа смртоносна болест, заради чие исцелување дошол Христос. Еве една аналогија: ако го пресечам прстот, нема да појдам на хирург, ќе го намачкам прстот со јод. Ако раната е подлабока, ќе појдам кај медицинска сестра. Кога ќе појдам кај лекар? Ако е нешто посериозно. А кога болеста е веќе таква, што и лекарот нема да може да се справи со неа, ќе ги повикам светилата на светот. Обратете внимание: При човештвото доаѓале пророци, светии... Дошол и Самиот Бог! Значи, нашата болест е таква што Самиот Бог морал да дојде за да ја исцели.
 
„... А јас ништо не гледам! – ќе каже некој. – Необична болест“. Сето Православие е свртено кон разбирањето зошто дошол Христос. Ете по што се разликува Православието од другите религии: тоа е целосно свртено кон спознавањето на самото себе. Зашто, само оној кој увидел од која болест боледува, може правилно да ги оцени средствата коишто се неопходни за исцелување. Ние во христијанството не бараме разонода, воодушевување, блаженства, насладување. Христијанството е – терапија. Христос е – најголемиот Лекар, исполнет со љубов. Тој не може да ја допре мојата слобода – јас самиот треба да се свртам кон Него. Лицето ми е болно, но јас знам дека моѓе да го излечи сончевата светлина. Од мене зависи дали ќе го изложам моето лице на соце, или не. Можам да го изложам на минута-две, но исцелувањето ќе настапи кога постојано ќе бидам на сонце.

Тоа е позитивната црта со која се карактеризира Православието: внимавање на себе, спознавање на самиот себе. Аскетиката е пат на себеспознавање, преку кое човекот навистина се свртува кон Христос и го започнува патот на исцелувањето. Која е неговата главна црта? Човекот сè повеќе се смирува. Еден од најважните критериуми за правилниот пат: смирението не се гледа себеси за смирено. („Света дијада – пишува Јован Лествичник – се љубовта и смирението; првата вознесува, а втората ги поддржува вознесените и не им дава да паднат“.)

Тоа е карактерна црта на Православието. Не би сакал да зборувам во негативни тонови за другите христијански конфесии, но за пример ќе го споменам католицизмот. Почнувајќи од св. Франциско Асишки, се развива compassio, или сетилно доживување на Христовите Страдања. Основна цел на таа практика е – постигнување на љубов преку сострадање. Во книгата на Игнатиј Лојола („Духовни вежби“) постои еден главен акорд: „Претстави си!“ На верниците им се предлага мислено да си ги претстават страдањата на Христос. Неговите рани, крвта... Со тоа човекот се доведува до таква психосоматска состојба, во која на телото се појавуваат рани слични на раните на Христос.
Православието, пак, мошне грижливо го чува преданието на Древната Црква. Зашто, сите отци на единственото христијанство (до поделбата на црквите) од првиот милениум: Јован Лествичник, Ава Доротеј, Касијан Римјанин и Бенедикт Нурсиски категорички забранувале при молитвата да се прават претстави, вообразби, фантазии. Зашто, на човекот му е важно вистинското општење со Бога, за кое е нужно очистување од нечистотијата, а не психички експерименти со својата вообразба. 

За кого се потребни догми?

Толку ли се важни догмите за разликување на религиите? Дали за мене навистина е важно во што се разликува чистилиштето од митарствата? Или по што раѓањето на Синот се разликува од исходењето на Духот? Што е тоа filioque? Тоа, безусловно, се важни нешта, рационални по своја природа. Догмите, односно сета црковна дисциплина воопшто, се само одредена структура, некаков вектор кој ја покажува насоката на практичниот, духовниот живот на човекот. Само организирајќи правилен духовен живот, човек ќе стане способен барем да се допре до Божјите Тајни.

Ми се чини дека на почетокот на патот не е толку важно да се знаат догмите за Христос. Додека човекот оддалеку гледа на христијанството, тој може да падне во низа заблуди.
Затоа е потребно да се доближиме, и тогаш ќе можеме да дадеме објективна оценка. Потребно е не само вклучување на умот, односно расудувачка активност, туку и вклучување и на срцето. „Блажени се чистите по срце, оти ќе го видат Бога“. Исак Сирин ја дал следнава парафраза: „Душата ја гледа Вистината според силата на живеењето“. Затоа луѓето коишто искрено ја барале Вистината во некоја од религиите или во атеизмот, му пристапуваат на христијанството. Тие биле чисти во својата искреност. А човек кој не настојува да живее според совеста, никогаш нема да го спознае Христа, макар и трипати да го крстат, да го ракоположат... Несовесниот нема да го запознае Христа. Ѓаволот подобро од сите доктори по богословија знае сè за Христос, но останува ѓавол. Тој го нема она што ние, на христијански јазик, го нарекуваме познание. Познанието означува соединување. Ѓаволот никако не може да се соедини со Христос. А само во соединувањето доаѓа до вистинско познание. А соединувањето е можно само тогаш, кога постои подобие. Подобното се познава од подобното.

Забележала Екатерина ЛИТОВЧЕНКО

Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits} 

 

Ѓакон Андреј Кураев


crkva.prozor.jpg...На кого денес да се потпре свештеникот, ако не на интелигенцијата? Особено во провинцијата. Зарем на свештеник ќе му пријде обичен работник или селанец? Не – сè започнува од улителот, од лекарот... И со нив, можеби, и завршуваат нештата...

Ссоциолозите тврдат дека во 90-тите години од XX век за прв пат се изгубила корелацијата меѓу степенот на образованието на човекот и неговиот однос спрема религијата. Во текот на двесте години била очигледна следнава тенденција: колку некој имал повисоко образование, толку неговиот однос спрема религијата бил постуден. Денес тоа го нема, односно во практика се потврди она што го согледал Берѓаев уште во 30-тите години среде руската емиграција: тезата дека Православието е религија на неписмени селани („крестјањи“) е – мит. За да бидеш денес православен, треба да знаеш повеќе отколку што ти е потребно да бидеш атеист. Ако во 19 век православието било религија на селани [рускиот збор крестјањин (селанец) произлегува од – христијанин!], денес тоа станува градска религија, па дури и повеќе од тоа – религија на мегалополиси.

Влезете во кој било храм во Москва, и обидете се таму да најдете работник. За жал, речиси нема да сретнете таков. Погледнете ги лицата на младите или на луѓето на средна возраст, коишто стојат во храмот (а нивниот број веќе е споредлив со бројот на „бабушките“) – превладува интелигенцијата. Во московските храмови се присутни или лица со минимално образование – традиционалните „бабушки“, или со максимално – односно оние што имаат изразен вкус спрема високата култура, спрема сериозната мисла, спрема сложеноста, а не спрема примитивизмот којшто го предлагаат семожните секти.

Во Русија за нашата проповед е отворена главно студенстката младина. Воопшто, Православието денес се претвора во „секта на интелектуалците“.
Во селата – празни храмови и дремливи селани, на коишто им е сосема сеедно што претставува храмот: клуб, подиум за игра или склад за житарици. Селските парохии заживуваа само за време на празникот посветен на Пресвета Троица – тогаш пристигуваат „викендашите“. Пред неколку години во селото Нерл, во Тверската епархија, се собрале селаните за да расправаат за судбината на локалниот полуразурнат храм, во кој бил поместен „домот на културата“. Гласовите биле поделени: половината гласале за храмот, половината за – дискотеката. За храмот гласале „викендашите“, инаку московјани, а за дискотеката – „доморотците“: „А каде ќе танцуваме, каде ќе гледаме кино? Ако треба некој да се крсти или да се одржи парастос, ете каде е соседното село... А нам во секојдневниот живот ни е потребно кино!“

Пред сто години Православието претставувало селска религија, а во градовите се интересирале за Волтер, за Маркс, за Дарвин. Но денес воопшто не е така.

Еве, ќе се обидам да се ставам во улога на млад човек кој завршил богословија, и којшто е пратен на село да служи, да гради или да возобнови црква. Од што треба да започне? Со кого треба да го воспостави првиот контакт? Мислам дека единствената група жители во селата или во малите градови, со која свештеникот може да воспостави врска, е локалната интелигенција: учител, лекар...

Познатиот педагог и психолог протоереј Борис Нечипоров еднаш изјавил дека од сите групи млади од неговиот град има само една со која постојат шанси да се најде заеднички јазик. Тоа се „борците“ – оние деца коишто сериозно се занимаваат со боречки вештини. На пијаниците е бесполезно да им се обраќаш со проповед. „Борците“, пак, заради својот спорт, ја одржуваат кондицијата. Сите други веќе се или на шприц, или на чашка...   
Од моето искуство со московјани, можам само да додадам: тука постои уште една група со која може да се работи. Кариеристи. Оние деца коишто сакаат нешто да постигнат во животот – да се изградат себеси, да формираат семејство, да создадат дом, да направат кариера... Затоа се трудат добро да учат, да се запишат на нормални факултети. Кругот на нивните интереси не се сведува на тоа како најдобро да се проведе претстојната вечер. Нивните глави се релативно трезвени, што значи дека со нив уште може да се спори, може да се работи.

Но, за да можеме да работиме макар и со нив – во нашите семинарии и во парохиските расправи треба да се надмине глупавиот стереотип дека, божем, во нашите парохиски храмови доаѓаат главно „бабички“, а за нив таквите „философии“ не се потребни. Ваквиот изговор на мрзеливите семинаристи едноставно веќе не поминува.

Значи, од нашата црковна навика треба да се исфрли стереотипот кој гласи: „интелигентен значи – еретик“. Сите други, коишто се необразовани и коишто се гордеат со својата необразованост и со своето пролетерство се – уште поопасни.

Да, пред сто години можеле да се применат зборовите на преп. Амвросиј Оптински: „Каде што е просто, таму има ангели сто“. Светот околу тебе бил православен, имало православно училиште, православна власт, православно семејство. На секого му бил достапен обичниот православен живот во неговата епархија. Ако посакал повеќе – можел да појде во блискиот манастир. А богословието било само некаква интелектуална посластица, непотребна и неповрзана со реалниот живот и со неговите реални проблеми.

Но денешниот свет секојдневно поставува пред христијаните илјадници предизвици, така што човек којшто не е воспитан во традицијата на религиозната мисла, се чувствува незаштитен. Тој не може да го разликува вистинското од лажното и, дури и да го поседува вистинското, не е во состојба да го пренесе на своите деца. Така, таму каде што денес е просто – има сто ереси. Како во самата црковна средина, така – и тоа уште повеќе – и во световната.

Православието станува интересно, привлечно за оние луѓе кај кои постои вкус за сложеност, вкус спрема мисла, вкус спрема самостојност, умешност да се плива спротивно од течението. Затоа, дајте да престанеме да ги повторуваме – на нивото на парохиските расправии и во црковните весници – сите оние тривијални хули од минатиот век во врска со интелигенцијата. На секој оној којшто од името на Црквата почнува да развлекува теза дека како резултат на преголема ученост неизбежно следува духовно сиромаштво, треба енергично да му се стави на знаење дека тој, всушност, го цитира непријателот на апостолот. Имено, „Фест извика со висок глас: Си полудел ли, Павле? Многубројните книги те довеле до лудило“ (Дела 26:24).
„Разум! Разум! Него го фалат и го проколнуваат, но и оние што го колнат знаат дека без разумот не можеш ништо да направиш... А и вера нема без разум. Цврстиот, непоколебливиот разум во областа на верата не дозлолува да му се провлече нешто што би можело да го извалка неговиот тенор – на пример, суеверие“ (Св. Теофан Затворник).

Единствено „побожноста е полезна за сè“ (1 Тимотеј 4:8), но не и – простотата. Таа може да стане полоша од крадењето. Благодатната простота како нераскинлив дел од душата којашто го познава само Христос и насекаде го гледа само Предметот на својата единствена љубов – е добра. Вештачката стилизација, игра на упростување – тоа се варијанти на глума и на козметика. Тоа е лошо.

Во црквата постои непишано правило: од мноштвото светии избери си еден кој најмногу ти наликува според приликите на твојот живот – за да го имитираш. Тоа значи дека е подобро да ги применуваш советите на подвижници коишто живееле во поново време, одошто советите на древните. Зашто, приликите и на живеењето и на културата, во кои живееле светиите од 19 век или новомачениците од 20 век се поблиски на оние проблеми коишто нас нè засегаат. Ако, пак, на твојот нос нависнале очила, а твојата „карма“ е обележана со универзитетска диплома, тогаш ориентирите треба да ги бараш меѓу учените светии, а не меѓу отшелниците. Светите учени на Црквата – тоа се апостол Павле, Григориј Богослов, Василиј Велики и патријарох цариградски Фотиј, митрополитот Филарет (Дроздов) и Серафим (Чичагов)... Од нив треба да се научиш како талантот на интелектуалната сложеност и светското образование да ги принесеш на служење на Христос, а не да ги ампутираш.  

 
Христос дошол за сите. Значи, и за образованите, а не само за „простодушните“ (коишто, патем кажано, почнуваат крајно неумесно да се гордеат со својата „простота“).

Што се однесува до дијалогот меѓу Црквата и интелигенцијата – времето на таквиот дијалог е веќе зад нас. А и, воопшто, можен ли е таков дијалог? Ако човекот е интелигентен и чесен, при запознавањето со светот на Православието тој, откако извесно време ќе се задржи на дистанцата на „дијалогот“, едноставно ќе влезе во светот на Евангелието. Зашто, дијалогот подразбира поимање – а при запознавањето со Православието, порано или подоцна, ќе да се сфати дека некои нешта едноставно не можат да се разберат ако гледаш од далеку. „Дијалогот“ може да се води со учени. А тука сите нешта говорат дека учените ги има – мошне малку. Секој умен човек еднаш ќе го сфати тоа. И ќе го прекрати својот дијалог со Православието. И ќе стане, едноставно, „слуга Божји“. Понижувачки? Не. Според мене, робувањето на Бога содржи во себе неспоредливо поголем степен на слобода, отколку робувањето на своите сопствени стереотипи и страсти.

Затоа прашањето „Црквата и интелигенцијата“ психолошки не е издржано: во Црквата има многу интелектуалци; меѓу интелигенцијата има голем број воцрковени луѓе. И затоа денес дијалогот не се води помеѓу образовани „умни“ луѓе и „неписмени“ простодушни монаси, туку меѓу интелигенцијата којашто верува во Бога и интелигенцијата којашто сè уште не верува.
Денес не постои конфликт во Црквата со интелигенцијата, туку со оној дел од интелигенцијата којашто ја изневерила својата обврска – обврската за критичко мислење.
***

Мојата омилена девиза: имајте на ум дека при влегувањето во храмот треба да ја симнете шапката, а не главата. Главата кога и да е ќе ви притреба.


Подготви: д-р Драган Михајловиќ

Посети: {moshits}

    


Aпокалипса,  пред се значи, Божјо Откровение на крајната вистина за смислата на историјата, а тоа е - спасение на светот, до кое ќе дојде  на крајот на историјата, со Второто  Доаѓање  Христово во слава.  Заради тоа православното  поимање за Апокалипсата е пред се радосно, како што и Црквата исповеда на крајот  од  Символот на верата :  “Го чекам воскресението на мртвите и животот во идниот век“.   Конечното спасение на светот и човекот, конечната победа на Љубовта Божја, конечната заедница на човекот со Бога – тоа е за нас православните Апокалипсата, а не мрачен крај и уништување на “ гнасниот“ и зол свет, што како претстава за Апокалипсата, сме го примиле од латинскиот средновековен Запад, и тоа  до денес претставува општо место на незнаење, кај многу православни Христијани,  а со тоа и извор  на  неправославна  и  анти-историска   “духовност (теологија)   на стравот“.
 

crkva.fog.jpg
За Апокалиптичното време и „апокалиптиците“
Архимандрит Рафаил Карелин

 
 
 Нашето време е апокалиптично. Но, кое време не било апокалиптично?  Уште во Апостолско време христијаните  гледале демонско олицетворение и пројава на злото во светот кој ги опкружувал. Тие со свои очи како да виделе сенка на Апокалипсата за време на крвавите гонења на христијаните и мрачната цел на “ѕверот од бездната“ кој сака да ја растргне Црквата – Христовата Невеста, како што лавовите со своите заби ги растргнувале телата на христијаните на зидовите од Колосеумот.

Во настаните од светската историја, луѓето ги претчуствувале катастрофите кои доаѓаат, и пред нивните очи се посилно се исцртувале контури на апокалиптични слики. Апокалипсата започнала од времето на Христовото доаѓање на земјата. На Патмос, св.Јован Богослов го созерцувал она што е, и она што ќе биде.
Злото отсекогаш постоело во светот и тоа расте од поколение на поколение. Тоа е налик на река полна со вода, која придвижувајќи се нагоре, ја руши браната и ги потопува своите брегови. Злото се концентрира во личности – непријатели на христијанството, кои излегуваат на историската сцена како претечи на антихристот.
         Но, постои уште еден, помрачен, секојдневен апокалипсис – тоа е осиромашеноста на љубовта и верата,  тоа е лагата и развратот, тоа е рамнодушноста и суровоста, тоа е секојдневната борба на човек против човека, која ја одзема духовната радост и го прави животот ланец од ситни престапи. Ова е мачно и навидум незабележливо дело на темните сили, кои го припремаат патот на ѕверот кој доаѓа. Во таа смисла сегашноста  во себе содржи елементи на иднината и се јавува како нејзин праобраз.
 И сега , како и порано, христијаните ја чувствуваат растечката сила на гревот и недостаток од добра – таа морална ентропија на светот.
         Но времето, во кое ќе се заврти последната страница од историјата, не е познато. Господ рече дека скоро ќе дојде да им суди на живите и мртвите, но во кои космички мерки се измерени овие зборови – ние не знаеме.
          Во Откровението на св.Јован Богослов е напишано, дека блажени се оние кои ја читаат таа книга – Апокалипса.  Тие се блажени бидејќи не се залажуваат со вечно пребивање на земјата и затоа што се спремни за искушенијата што следат; блажени се, зашто знаат за конечниот пораз на злото и победата на доброто. Но, откровението во “Апокалипсата“ не ја сокрило од христијаните, главната задача  на нивниот живот – да се припремаат себеси за својата смрт и средбата со Христа, која ќе се случи независно од временската историја.
           Откривањето на иднината во Апокалипсата ги терало да ја барааат и да ја видат апокалипсата во своето срце, каде што Христос се бори со антихристот, каде што демонот се труди да го разруши храмот на срцето на човекот, каде што самиот човек се гледа себеси- еднаш во заедница со Светиите, еднаш во местата на темните сили. Овој внатрешен апокалипсис им се откривал на подвижниците и на оние кои плачеле над себеси, созерцувајќи го и чувствувајќи го трагизмот на светот  во своето сопствено срце. Блажени Августин пишува: “Бог направи многу повеќе, од тоа што го уништи злото. Он го натера самото зло, да му служи на доброто.
     Но демонот , “како мајмун на Бога“, сака доброто да го претвори во зло, и самата книга Апокалипса во рацете на луѓе кои не стекнале благодат, да ја направи книга на некакви гатања. Така настанал типот  “Апокалиптика“, одвоен од внатрешниот духовен живот,  кој се бави  со тоа што ќе се случува во времето на доаѓањето на антихристот и крајот на светот, односно сака да ја украде од Бога онаа тајна, која Христос ја сокрил од светот. Тој темелно ги собира извештаите од катастрофите, извадоци од написи за поплави, приближување на комети, и сл. Тој на своите слушатели им зборува со победнички тон: еве, откриена е озонска дупка и сите ќе умреме од зрачење; вие  слушавте дека кометата се приближува и мора да падне на земјата: ќе настане експлозија која ќе го уништи човештвото, а ако кометата падне во океан, ќе се подигнат бранови кои ќе ја прекријат целата површина на земјата, како во деновите на Потопот. Потоа, тој без престанување зборува дека започнало растопувањето на ледот на Антарктикот, дека нивото на океанот се зголемило за неколку метри и дека крајбрежните градови ќе бидат потопени; на Црното Море ќе се случи експлозија на хидроген – сулфид и повторно ќе се активираат вулканите.
Ако пак случајно, како ваков “апокалиптик“ се покаже одреден свештеник, тогаш внатрешниот духовен живот на паствата постепено ќе почне да се гаси, и парохјаните ќе почнат повеќе да размислуваат за тоа, какви катастрофи и кога ќе го снајдат светот, отколку за стекнување на благодатта, без која човекот сам за себе се покажува како антихрист. За време на  беседите на вакви пастири со својата паства, атмосферата постанува  наелектризирана. Сите очекуваат од својот духовен отец откровение за крајот на светот, како што за време на спиритуалните сеанси се очекуваат одговори од “медиумот“ кој призива духови.  Во вакви друштва, не се интересираат за Исусова молитва, не читаат книги за духовниот живот; таму нема духовна светлина, која ги затоплува срцата на луѓето – таму има некаква “магија“ на стравот. Овие луѓе забораваат на Промислата Божја, на Христовото ветување – дека ќе ја сочува Својата Црква од портите на адот.

         Апокалипсисот на св.Јован Богослов е напишан со огнен јазик, како да е
соткаен од  болскави молњи . Он сам по себе претставува оружје против заборавот и мрзливоста. Он не му дозволува на човечкото срце да омлитави, но во исто време за гордите и непокајани души он претставува меч, со кој тие се рануваат самите себеси.
         Апокалипсисот не е толку реквием за светот кој гине – колку што е химна во слава на Новиот Ерусалим, кој слегува од Небесата.  Древните христијани го чекале крајот на светот како избавување од страдањата, како премин во подобар живот. Современите апокалиптици зборуваат за крајот на светот како за неизбежна катастрофа. Што ќе биде понатаму – нив малку ги интересира: позади разорениот Вавилон, тие не го гледаат Небесниот Ерусалим. Ако прашате таков апокалиптик: “како се подготвуваш за доаѓањето Христово, да ли се молиш со Исусова молитва, дали го поминуваш животот во покајание, дали даваш милостиња?“
Тој ќе ви одговори: “слушнав дека антихристот веќе се родил, тој ќе дојде на власт на триесет години и ќе царува три години; тој на челото и на десницата ќе става печат, и заради тоа јас ги предупредувам луѓето, за  да не го примат“.
Ако му кажете, дека не треба само да се отфрли печатот антихристов, туку и да се прими печатот Христов – знак, пред кој Херувимот кој ја чува рајската врата ќе спушти огнено оружје – Името на Исуса Христа, соединето со срцето, тогаш апокалиптикот ќе ви одговори: “Мене не ме учеа за тоа, но јас можам да објаснам што значи бројот на ѕверот“.
         Апокалипсисот бил омилената книга на св.Филарет Московски – еден од најпроникливите умови на своето време. Од неа, тој црпел сила во борбата за Православието, која ја водел десеттина години.
         Но, за луѓе острастени и горделиви, обидите да проникнат во тајната на историјата можат да доведат до духовна заблуда или да го пренасочат вниманието од најглавното – внатрешниот духовен живот – на надворешното, од нас сокриено.

Не треба да се заборава, дека средбата со Христа не се случува само во денот на Второто Христово Доаѓање, туку и после смртта, која за човекот е неизбежна.
И за оваа средба,  секој христијанин мора да се подготвува  целиот свој живот.

 

Подготви М.З.

Посети: {moshits}

свештеник Филип Парфенов

12.5.2007

Во последно време сè почесто ми доаѓа мислата дека „тајната на беззаконието“, за која зборува апостол Павле во 2 Солунјаните 2:3-8, се открива токму во Црквата, и дека антихристот ќе се јави во последното време имено во црковната средина. Ова може да се заклучи по аналогија со тоа како Христос ги разобличил Јудејците што Го беа намразиле: „Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко“ (Јован 8:44). А јудејската религија во тоа време претставувала највистинито верување во споредба на сите други верувања!
Со други зборови, Црквата не е само место за спасување на луѓето коишто се присоединиле кон неа, туку и арена на поларизација на силите на светлината и на темнината, во која доаѓа до погибел на оние нејзини членови коишто го избрале и го засакале патот на темнината... На крајот од краиштата, Јуда бил меѓу избраните најблиски Христови ученици. И работата не е само во тоа дека меѓу служителите на Црквата секој десетти-дванаесетти може да биде јуда! Второто искушение се состои во тоа што во практичниот живот на Црквата – не како Тело Христово, туку како организација, која во многу нешта наликува на множество други земни организации – непрестајната Христова проповед често несвесно се заменува со проповед за самата Црква, односно за црковноста како севкупност на определени правила и прописи, за што отец Александар Шмеман пишува во своите дневници:
„Црковноста“ би требало да ослободува. Но во нејзината сегашна тоналност таа не ослободува, туку поробува, стеснува, осиромашува. Човекот почнува да се интересира за „стар“ и за „нов“ стил, за епископски расправии или, пак, за различни слаткоречивости. И тој постепено почнува да ја восприема духовноста како неопходност од читање скверни книги (застрашувачки по својата бедност и реторичност) и најразлични брошури за чудесија и за чудотворни икони, од постојано дрдорење на религиозни теми и сл. Наместо Црквата да го учи човека да гледа на светот и на животот на нејзин начин, таа го учи да гледа на самата неа. Наместо на нов начин да се прифати самиот себеси и својот живот, човекот смета дека е негов долг да навлече врз себе некаква безлична наметка, исчадена и импрегнирана со мирис на посно масло, наметка на таканаречено „благочестие“. Наместо да знае (макар само толку!) што е тоа радост, светлина, смисла, вечност, тој станува раздразлив, тесноград, нетрпелив, и често просто зол, при што дури и не се кае поради тоа, зашто сето тоа, нели, е дел од „црковноста“.
Оваа мисла е присутна и кај Сергеј Фудел, кој во спомените за отец Сергиј Дурлин пишува за призракот или за двојникот на Црквата, кој паразитира на самата Црква. Тој „призрак“, или неговиот „двојник“, извршува во историјата страшно провокативно дело: создава впечаток кај луѓето дека друга Црква освен него не постои, дека на земјата веќе нема Христова правда, дека на земјата веќе го нема Телото Христово, „обвиткано со плаштеница“. Затоа поделбата на христијаните на различни конфесии, којашто постои веќе одамна, не исклучувајќи ги ниту самите православни, сама по себе е промисла: макар што коренот на поделбата е во човечките гревови, во оваа поделба повеќе се претпочитаат разликите во гревовите, отколку единството во гревот, како што, впрочем, се случило и при градењето на Вавилонската кула! Протестантизмот живее и ќе продолжи да живее токму поради таа причина, зашто не сака обичната „црковност“ да го заклони Христа. Зашто, антихристот започнува со тоа што се претставува како Христос, и тој, фактички, е подготвен заради „црковноста“ да го заборави Христа. Кулминација на тие состојби е прекрасно опишана во „Големиот инквизитор“ од Достоевски, преку зборовите на самиот инквизитор:
„Јас многу добро знам што ќе кажеш Ти. Дека Ти немаш основа ниту право да додадеш што и да е кон она што си Го кажал порано. Зошто тогаш дојде да ни пречиш? Зашто, Ти дојде да ни пречиш, и Самиот го знаеш тоа... Јас не знам кој си Ти, и не сакам да знам: без оглед дали си Ти тоа, или само некакво Негово подобие, јас утре ќе Те осудам и ќе Те спалам на клада како најлош еретик, и самиот народ, кој сега ги целива Твоите нозе, утре на само еден мој знак ќе се нафрли да го закопа јагленот од кладата на која те спалив, го знаеш ли Ти тоа?...“  

Низ сите овие соблазни христијаните допрва ќе треба да поминат, веројатно, низ нови свијоци, кога поларизацијата на христоцентричните и „црковноцентричните“ сили ќе се манифестира сè посилно и појасно. Како што претпоставил, на пр., Владимир Соловјев, во „Повеста за антихристот“, преку зборовите на централниот јунак на повеста:

„Сакани браќа! Знам дека меѓу вас има и такви за кои во христијанството најскапо од сè е неговото свето предание, старите символи, старите песни и молитви, икони и чинот на богослужење. И навистина, што може да биде поскапоцено од тоа за една религиозна душа? Но, знајте, возљубени, дека денес потпишав указ, и дека се доделени  големи средства за Сесветскиот музеј на христијанската археологија во нашиот славен императорски град Константинопол со цел собирање, изучување и зачувување на сите споменици на црковната древност, главно источната, а вас ве молам утре да изберете комисија од вашата средина за разгледување, заедно со мене, на оне мерки коишто треба да се преземат со цел можно приближување на современата секојдневност, морал и обичаи кон преданието и кон светата православна црква! Браќа православни! На кого му е по срце оваа моја волја, кој според чувството во своето срце може да ме нарече свој вистински водач и владика, нека дојде при мене...“.

Општо земено, кога човекот е глув за верата, не е надарен за мистично чувство или, пак, е скептички настроен спрема религиозно-филозофската проблематика, тој може да биде подеднакво оддалечен и од Христа и од Неговиот антипод. Кога човекот е религиозен, па дури и кога е религиозно надарен и образован, него од Христа до антихриста, со тек на времето, може да го дели само еден чекор, доколку самиот е исполнет со гордост, желба за слава и властољубие. И современата секојдневна „црковност“ ни најмалку не го попречува појавувањето во својата средина на таквите луѓе, меѓу кои се и оние со свештенички чин (да го споменеме проблемот со „младостарчеството“ меѓу духовниците). Но бидејќи Христос и испратениот од Него Свет Дух не ги оставаат верните овци, коишто го слушаат гласот на својот Пастир, во Црквата оваа лукава замена порано или подоцна ќе се пројави и ќе се разобличи, додека, пак, надвор од неа таа не созрева до крај, останувајќи најчесто во состојба на недооформеност или како зародиш. Затоа, имено, внатре во Црквата станува јасно забележлива бездната што ги дели оние што го исповедаат Христа со срце и со дела на љубов, и оние коишто само празнословат, повикувајќи го формално Неговото име... И кога и да е ќе настапи миг на решавачко и дефинитивно одвојување на таа плевел на црковноста од пченицата Божја, созреана за жетва. Црквата, којашто во другите мигови на историјата, би се рекло, е победувана, понижувана и уништувана, меѓу другото, и со духот на антрихристот, ќе стане арена на дефинитивна победа на силите на светлината над силите на темнината. „Тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање ќе го истреби“ (2 Солунјаните 2:8). „Да, дојди, Господи Исусе!“ (Откровение 22:20).
 
Подготви: д-р Драган Михајловиќ
Посети: {moshits}

 

shmeman.jpg

 


протопрезвитер Александар Шмеман


Јас лично, посветив голем дел од мојот богословски живот на “заштита“ на вселенското првенство на Константинополскиот Патријарх, за да може некој да ме обвини за “анти-константинополство“. Тоа првенство, неговата неопходност за Црквата, неговото огромно потенцијално значење за Православието, јас уште еднаш свечено го исповедам и потврдувам. Меѓутоа, за тоа првенство повторно да постане она што тоа е, треба да се очисти од сите двосмислености, од сите неважни контексти, од сите национални заклучоци, од зависноста од било што минато, сегашно или идно, од се што не ја претставува Црквата и само Црквата.

       Можеби, во сегашни услови најнасушна задача на вселенското првенство е: да не ослободи од еретичкиот и многубожечки национализам кој го гуши  вселенскиот и спасителен призив на Православната Црква. Треба веќе еднаш да престанеме да зборуваме за нашите “славни денови и времиња“. Зашто славата, во автентичното предание на Црквата Му припаѓа само на Бога, а Црквата и е основана за прославување на Бога, а не само на себеси. Кога тоа ќе го сфатиме, она што е за човекот невозможно, ќе постане возможно за Бога.

       Несомнено е дека централниот и одлучувачки факт на поствизантиската религиозна историја е всушност потсвесното, но сепак очигледно, претворање на Византија во постојана, основна и нормативна димензија или белег на самото Православие, претворање на “империјалниот“ слој во суштински слој на православното предание. Причините за тој парадоксален процес се премногубројни и сложени, та е невозможно овде  дури и да се набројат. Некои од нив имаат корени во самата Византија, некои во долгото турско ропство, некои во поновите слоеви на грчката историја. Но, фактот е тука: преданието условено од историчноста на Црквата, т.е. “примање“ на минливи и релативни светови со кои таа била сврзана во текот на земното странствување, ја одвело Црквата во нејзината спротивност: со анти-историскиот и неисторискиот карактер на грчкото сфаќање на работите: За Грците Византија не е само едно од поглавијата – па макар тоа да е од централна важност и во многу што одлучувачко – во историјата на непрестано “странствување“ на Црквата, туку тоа е целата историја, нејзин terminus ad quem после кое не може да се случи ништо значајно, и кое како такво возможно е само да се чува. Реалноста на тој исклучителен и врвен “свет“ не зависи од историјата. Историскиот пад на Царството во 1453 година не само што не го разорил, туку напротив, го ослободил од се’ историско, т.е минливо и привремено, го претворил во автентична над-историска реалност, “суштина“ која повеќе не подлежи на историски преврати. Историскиот царски град можел повеќе од петстотони години да се вика Истамбул – но за Грците тој е Константинопол, Нов Рим, срце, центар и символ на реалноста која стои вон секоја историја.

        Но вистинскиот парадоксален карактер на таа “реалност“ се состои во тоа што воопшто не е тешко таа да се поистовети со било каква “форма“ или “содржина“. Се разбира тука не се работи за Византиската Империја како таква, за политичка фантазија за нејзино можно историско обновување. Грците се премногу реалисти за да не можат да ја сфатат илузорноста на таквата фантазија. “Содржината“ на таа реалност не е ни во особената верност или интерес кон доктриналното, богословско, духовно и културно предание на Византија, т.е. оној “православен византизам“ кој претставува суштински дел на православното предание. Тој византиски свет, кој сам по себе е основно мерило-свесно или во поголемиот дел несвесно – за грчкото религиозно настроение на умот, не е ни историска Византија, ни духовна Византија. Но, тогаш што е тој? Одговорот има одлучувачко значење за разбирање на грчкото религиозно и еклисиолошко поимање на работите: Византија - истовремено и темел и оправдание на грчкиот религиозен национализам.

     Тоа парадоксално соединување на два различни, ако не и  противречни, слоеви на историскиот развој на православниот свет стои во самиот центар на ова огромно и трагично недоразбирање, кое заради многу што е родител на нашата сегашна криза.

      Го нареков тоа соединување парадоксално заради тоа што, како што веќе кажав, самата суштина на византиското “империјално“ предание не била национална, туку универзална. И самата таа универзалност – колку и да била теориска и несовршена – и дозволила на Црквата да ја прими Империјата и да направи од неа свое земно “престојувалиште“.

       Борбата помеѓу “грчко“ и “христијанско“ ја чини самата содржина на големата и засекогаш нормативна патристичка епоха, нејзината автентична “тема“. И токму “грчкиот“ препород, раѓањето на грчкиот национализам, автономен во однос на христијанскиот елинизам, во последните години на Византија, бил еден од основните фактори за Флорентинската трагедија.

       Она што се одиграло со грчкото настроение на умот, било на тој начин резултат, не на еволуција и развој, туку на преврат. Трагичните настани во историјата на Империјата, горкото искуство од турското ропство, борбата за зачувување на животот и за ослободување, - сето тоа го изменило изгледот на византиското “империјално“ предание и му дало потполно спротивен смисол од оној, што тоа го имало во почетокот и кој и дал можност на Црквата да го усвои. Универзалното е заменето со “национално“; “христијанскиот елинизам“ – со “елинизам“; Византија – со Грција. Единствената и универзална христијанска вредност на Византија била пренесена само на Грците, на грчката нација, која сега добила, од причина на исклучива идентификација со “елинизмот“, нова специфична боја. Многу е карактеристично што дури и грчките ерарси, кога зборуваат за “елинизмот“, го имаат во вид не толку “христијанскиот елинизам“ на Византија колку “древно-елинската култура“ на Платон и Питагора, Хомер и “Атинската демократија“, како и тоа, дека да се биде грк значи да се биде исклучив наследник и носител на тој елинизам.

       Тој “елинизам“ е всушност, грчки израз на светскиот национализам кој е од понова дата и има свои корени во Француската Револуција 1789 година и во европскиот романтизам. Како и секој друг национализам од тој тип, тој е изграден на митологија, дел “световна“, а дел “религиозна“. На световен план, тоа е мит за исклучивиот однос на грците со “елинизмот“ – кој е заеднички извор и темел на сите западни култури. На религиозен план, тоа е мит за исклучивиот однос со Византија, христијанската “икумена“ – заедничкиот темел на сите Православни Цркви. И токму оваа двојна митологија, или подобро – притисокот кој таа го врши на грчкото црковно мислење, го отежнува и тоа многу силно, еклисиолошкиот дијалог со Грците.

      Првата тешкотија се наоѓа во различното поимање на местото и улогата на Вселенскиот Патријарх во Православната Црква. Сите Православни Цркви без исклучок го признаваат неговото првенство. Меѓутоа, постои битна разлика во сфаќањето на тоа првенство помеѓу грчките Цркви и сите други.

       Основно мерило за неговото првенство за негрчките Цркви е суштинската еклисиологија која отсекогаш го признавала вселенскиот центар на согласност и единство, односно “таксис“, поредок на старешинството и чест помеѓу Црквите. Од таму вселенското првенство истовремено е и суштинско, во таа смисла што тоа постои отсекогаш во Црквата, и историско, во таа смисла што неговата “припадност“ може да се менува, како што всушност и се менувала,  бидејќи зависи од историската положба на Црквата во одредено време. Првенството на Константинопол било востановено од страна на Вселенските Собори, со согласност на сите Цркви. Тоа и го прави “суштинско“, бидејќи тоа навистина е израз на согласноста на Црквите, на нивното единство. Од друга страна, исто така е точно дека тоа било востановено во одреден историски контекст како еклисиолошки одговор на одредена состојба: настанувањето на вселенската христијанска Империја.

      Иако денес во целата Православна Црква никој не чувствува потреба и не изразува неопходност за било каква измена во поредокот на Црквите, такви промени порано се случувале, и макар теоретски, можат да се случат и во иднина. Така на пример, во случај на “преобратување“ на Римокатоличката Црква, вселенското првенство може да му се врати – како што може и да не му се врати – на првиот Рим. Таков е во својата најпроста форма, еклисиолошкиот став на овие негрчки Православни Цркви. Првенството на Цариградскиот Патријарх, примено од сите, овде нема никакво национално толкување и не содржи никаков божествен односно вечен “таксис“, поредок на Црквите. По потреба, согласноста на Црквите изразена преку Вселенските Собори, постоечкиот поредок може да биде и изменет, како што порано и се менувал во случаите на : Антиохија, Ерусалим, Ефес и Кипар како и на самиот Цариград.

        Но, ваквата теорија за Грците е “анатема“, така што токму тука излегува на виделина двосмисленоста на современата православна еклисиологија. За Грците “мерилото“ за првенство на вселенскиот престол не се наоѓа во некакво одредено еклисиолошко предание, било да е тоа суштинско или империјално, туку во исклучителната положба која ја има Вселенскиот Патријарх внатре во тој “елинизам“, кој како што видовме, ја сочинува суштината на нивното религиозно сфаќање. Зашто, ако световниот центар на тој елинизам се наоѓа во Атина, неговото религиозно огниште и символ, несомнено се наоѓа во Константинопол. Во текот на многуте векови под турско ропство Патријархот бил религиозен “етнарх“ на грчката нација, огниште и символ на продолжетокот на нејзиното постоење и на нејзиното автентично лице. Од тука Вселенскиот престол останува за Грците и до ден денес – реалност на еден ред, не толку еклисиолошки и канонски, колку првенствено духовен и психолошки. Канонски, Грците можат да припаѓаат или да не припаѓаат на Патријархатот. Така, додека Еладската Црква е независна од Патријархатот, дотогаш, секој Грк кој живее во Австралија или Латинска Америка се наоѓа под негова “јурисдикција“. Но, било каков и да е нивниот јурисдикциски статус, сите тие се под Константинопол. Овде не е важен Константинопол како вселенски центар на единство и согласност, туку Константинопол како вселенски трон, носител и чувар на “елинизмот“. Неговото првенство сега се припишува на самата суштина (esse) на Црквата, и постанува само по себе nota Ecclesiae. Еклисиолошката формула: постои Константинопол, на кого Црквата му го доверила вселенското првенство, постанува: “неопходно е да постои Константинопол“. Но, трагичната двосмисленост на таа поставка се состои во тоа што Патријархот, чија функција е да сведочи за вселенскоста на Црквата, да биде чувар на “христијанскиот елинизам“ кој спречува секоја поединечна Црква потполно да се поистовети со “национализмот“, - истовремено, за една посебна нација тој е носител и символ токму на нејзиниот национализам.


       Вселенското првенство постанува првенство на Грците. За Грците, кои постепено се нашле во пленот на поистоветување на “византиско“ и “грчко“, со национална па дури и етничка улога на византизмот, секој обид за востановување на политичка или црковна независност од Империјата од страна на Словените, или Арапите, или Романците, - значел скоро автоматска опасност за “елинизмот“, обид за уништување на Грците и нивното првородство, внатре во Православието. Тие никогаш не успеале да сфатат дека суштинското единство на православниот свет не е ни национално, ни политичко, ни јурисдикционо, туку токму единство на “христијанскиот елинизам“, на православното воплотување на  првобитното христијанско предание. Тие тоа не го сфатиле, зашто го поистоветиле “христијанскиот елинизам“ со “елинизмот“, т.е. со грчката национална и етничка “личност“.


       Многуте “афтокефалии“ дадени во текот како и после византискиот период биле “отстапки“ и “прилагодувања“ а не признание на нешто нормално, нешто што одговара на новата ситуација, слично на тоа што признавањето на Империјалната Црква одговарало на претходната состојба – христијанската Империја.


      Бидејќи во грчкото религиозно настроение на умот немало место за таа нова состојба, во реалноста на неа се гледало  како на нешто случајно и привремено. Тоа била причината што ниту една афтокефалија не била дадена слободно, туку секогаш била резултат на борба и преговори. Од истите причини принципот на “афтокефалност“, кој претставува основен принцип на сегашното устројство на Црквата, дури и ден денес не е потполно разбран од страна на грчките официјални црковни кругови, како во неговиот почетен стадиум (право на давање афтокефалност) така и во неговиот модалитет (последиците кои од него произлегуваат за меѓуцрковните односи).


         Едно е јасно, а тоа истовремено е можеби и најголемиот парадокс на целиот тој развој: не сакајќи да го признаат принципот на афтокефалија de facto, грчките официјални црковни кругови како да го правдаат со истата таа логика  која нив ги натерала  да го отфрлат и да се борат против него, т.е. со идејата за суштинската разлика помеѓу елинското и разните неелински “Православија“.  Додека тие во минатото се бореле против “афтокефалијата“ заради тоа што ја отфрлале помислата дека “христијанскиот елинизам“ – како суштина на Православието – може да има било каков друг еклисиолошки израз освен “Империјална Црква“, а таа е грчка, -  сега ги признаваат затоа што, заменувајќи го христијанскиот елинизам со “елинизам“, мислат дека е неопходно другите “Православија“ да бидат израз на некои други суштини: “руско Православие“, “српско Православие“ итн. И бидејќи призивот на грчкото Православие се состои во зачувување на елинизмот, тогаш и призивот на другите Цркви се состои во тоа да се чуваат своите сопствени – двоструко национални “суштини“. Образувајќи на тој начин свој потполн круг, “империјалното“ сфаќање се споило со “националното“. А тоа било и неизбежно, ако се потсетиме дека вистинскиот извор на национализмот се наоѓа не во Христијанството, туку во идеите на Француската Револуција 1789 година, вистинската мајка на ситничавите, фанатични и негативни “национализми“ на 19 и 20 век. Она, по што сепак се разликува тој нов грчки (не византиски туку современ) национализам од другите православни национализми, тоа е убедувањето кое се задржало во него од неговото “империјално минато“, дека помеѓу сите православни “суштини“, грчката суштина има првенство, завзема iure divino прво место. Заборавајќи дека вистинското единство на Православието не го чини елинизмот како таков, туку христијанскиот елинизам кој навистина има првенство над сите други негови изрази, поистоветувајќи го тој елинизам со самите себе, Грците претендираат на првенство кое навистина би можело да им припаѓа, но на основа на сосема други претпоставки. Ете во тоа се состои во нашиве денови, основната двосмисленост на “вселенското првенство“ во Православната Црква. Дали тоа му припаѓа на првиот меѓу епископите, на оној кого “согласноста“ на сите Цркви го признава, сака и почитува во лицето на Вселенскиот Патријарх, или тоа му припаѓа на духовната глава и носителот на “елинизмот“, чија христијанска вредност и припадност е исто толку сомнителна колку и на било кој друг современ полу-многубожечки национализам?


       Само ако сме ние способни да ги поставиме овие прашања на она ниво, на кое единствено и е возможно да се одговори на нив, т.е. на нивото на суштинската еклисиологија, само ако сме во состојба да ги увидиме и оцениме фактите во таа основна перспектива – само тогаш ќе биде осмислена бурата која се подигна, и само тогаш таа ќе доведе до заедничка победа. На сите ќе им постане јасно, порано или подоцна, дека Православието нема да го сочуваме со правење напор за зачувување на “елинизмот“ или “русизмот“ или “србизмот“. Напротив, чувајќи ги и исполнувајќи ги барањата на Црквата ние ќе го спасиме и она што е суштинско во разните воплотенија на христијанската вера и живот. Ако професорот о.Флоровски, руски богослов кој живее и работи во “прогонство“, имаше храброст (во својата книга “Патиштата на руското богословие“) да го разоткрие и осуди оддалечувањето на “русизмот“ од “христијанскиот елинизам“ и на тој начин да го ослободи целото поколение на руски богослови од последните остатоци од псевдо-месијанскиот религиозен национализам, зарем не им е време и на Грците – па макар и на само еден од нив – да направат таква, навистина тешка на ослободувачка операција, во однос на двосмисленоста на “елинизмот“?

 

извадок од делото: “Во потрага по корените на американската бура“ – протопрезвитер Александар Шмеман
За Грците Византија  
  

Подготви: М.З.

фото: http://www.schmemann.org/

 Посети: {moshits}

 

bogorodica.ikonostas.jpgТаа  е “небо“, и “добра земја“, и “гора неотсечна“, и “камен кој ги напојува жедните за живот“, и “утроба која препородува“, и “градина која раѓа омилостување“. А ненадминливата “семантика“ на православниот живопис пренесува ликовен нацрт на тие слики(претстави) – некогаш на цртеж, некогаш на боја, и ја прикажува Богородица и како престол на Божественото додека држи доенче, и во молитва, и како Гликофилиса(Млекопитателка), или како “наведната“ при раѓањето Христово или на своето Успение. Богородица е новата Ева,...


Архимандрит Рафаил Карелин


 
Кога зрак на духовна светлина неочекувано ќе засветли во темнината, јасно ќе укаже на тоа каде е лицето, а каде е маската, каде е псевдоликот, ќе ги симне и боите зад кои светот себеси се крие. Светот ја мрази таа светлина, тој сака да живее во полутемнина, во која маската лесно поминува како да е вистинско лице.

Светот ги мрази светињите, светот ја мрази вечноста, го мрази она што му пречи во задоволувањето на неговите страсти, што го разобличува неговиот конформизам. Христијанството му покажало на светот дека тој е тешко болен, ја донело веста за негово исцеление,  за можност за спасение – но за такво нешто потребно е светот сам да се осуди и да се промени. Светот не ја прими светлината Христова, тој тргна по друг пат, убивајќи ги сите оние кои му ја донесоа таа светлина, прогласувајќи ги за безумни, фанатици, непријатели на човештвото.

Апостол Павле рекол:“ Па и сите, што сакаат да живеат побожно во Христа Исуса, ќе бидат гонети.  А лошите луѓе и лажливците ќе напредуваат во злото, заблудувајќи други како и себеси“(2 Тим. 3, 12-13). Прогони се појавувале и се пројавуваат во разни форми – некогаш нежни и префинети, но ништо помалку сурови и расипани. Дури и во манастирите, вистинските подвижници се казнуваат и понижуваат, зашто нивниот живот, како проповед без зборови, им говори на другите какви би морале да бидат, а не постанале такви.

Христијанинот е ученик Христов, а светлината Христова која ја осветлува вечноста, овде на земјата засигурно постанува крст. Чашата на блаженствата која Христос ни ја вети во идниот живот, овде на земјата засигурно постанува чаша на страдание и кон устата на вистинскиот христијанин не ја принесуваат само неговите непријатели, туку и рацете на роднините, ближните, најверните пријатели.

Кога Христос повторно би дошол во нашиов свет, светот и по втор пат би Го распнал, зашто Христос не беше распнат од  јудејците, ниту  од римските војници, Него не Го распнаа Пилат и Кајафа, туку нашите гревови, кои од ден на ден стануваат се постраотни, се поодвратни, кои ги прават луѓето слични на демоните.

Но, мајка Тереза светот ја прими, ја прими со ракоплескање, ја прими како своја. Како да се разреши овој парадокс, какво е толкувањето на овој феномен кој вчудоневидува, на оваа психолошка загатка? Мајка Тереза е римокатоличка чесна сестра, национална хероина на Индија, почесна гостинка на лидерите на европските и азиските земји, лауреат на Нобеловата награда (востановена од парите добиени со производство и продажба на динамит). Монахиња која не ги учи луѓето на молитва туку ги описменува. А дали човекот кој ќе ја научи азбуката ќе го чита Евангелието или да речеме Фоербах, тоа е негова лична работа. Мајка Тереза како да го игнорира фактот на гревопадот, а страдањето го смета за случајност, за досаден дисонантен тон во симфонијата на светот, кој може да се корегира, а да не се корегира самиот свет. И таа, не се ни стреми кон негово поправање туку го прима онаков каков што е, и во знак на благодарност заради тоа светот постанува нејзин пријател. Таа го прима и човекот онаков каков што е, гледајќи во својата мисија само олеснување на човечкото страдање, гледајќи во тоа страдање само понижување на човечката личност, која таа многу силно ја почитува.

“Му се поклонувам на животот!“, тоа е мотото на Мечников, Швајцер и монахињата Тереза. Но, ниту збор за вечниот живот. Се разбира, таа е чесна сестра, што значи дека верува во бесмртност, но тоа е нејзина лична вера која не се однесува на нејзината мисија. Можеби токму тоа е причината што помеѓу помошниците на мајка Тереза има луѓе од разни религии, па и неверници, бидејќи нив ги обединува сострадание кон личноста, сострадание кон човекот како сетилна даденост, и чувство на солидарност кон секој човек, затоа што е човек. Тоа им одговара на сите – и на безбожниците, зашто страдањето не е поврзано со религија и вера. А за сострадание и помош овде во земната реалност, има потреба секој – и верник и неверник. Заради тоа, каде и да дојде, мајка Тереза е посакуван гостин. Неверниците нагонски чувствуваат дека монашката облека на мајка Тереза не ги одвојува од неа. Нејзините портрети постојано се објавуваат по весниците, таа е позната и во најодалечените краеви на светот. Но нејзиниот внатрешен лик, оној духовниот, не е помала загатка од ликот на Мона Лиза. Што направила мајка Тереза – хероината на богоборечкиот, суров и во исто време страдален свет? Христијаните, во тој ист свет влегувале како во Колосеум, како во битка со диви ѕверови, а мајка Тереза нема непријатели. За неа зборуваат и пишуваат со пофалба и што е многу симптоматично, скоро со исти зборови.

Каква е нејзината духовна позиција, ако е таа – мајка Тереза? Мислам дека ова може да се објасни со фактот дека нејзината религија е  - хуманизмот, поклонување на животот, сострадание со човекот, како пројава на тој живот. Таквата љубов не го открива хоризонтот на вечноста, и затоа таа никого не погодува. Изгледа дека тајната на мајка Тереза е во  идеалот на кој таа му служи – достоинството на човечката личност, неговото земно достоинство, а не како лик и подобие Божјо. Затоа грижата за такво достоинство не го потсетува на Бога и не предизвикува немир кај безбожничкиот свет.

Христијанските подвижници се стремеле духовно да го исцелат човекот. За мајка Тереза како да не постојат духовни болести, таа ги игнорира, за неа зло е -  само и единствено страдањето. Светителите настојувале да го подигнат паднатиот човек, да го разбудат за нов живот. Мајка Тереза како да ја става главата на тој човек во своето крило и го успива, а дали тој ќе стане или не – тоа не е нејзина работа, нејзината мисија е да ја ублажи болката, дури и ако таа болка за човекот е спасоносна. На светот тоа му се допаѓа. Световниот хуманизам е особена философија, особена религија – без Бога. Особена етика, каде мерата на вредностите е самиот човек, во своето земно, сетилно постоење. Господ ни зборува за Синот Човечки, Кој слезе од небото, а хуманизмот за синот на земјата на кој небото му е непознато.

За христијаните, зло е - пред се гревот и губење на вечниот живот, а за хуманистите, зло е – социјална неправда, одземање на личните права, како и се она што на човекот му носи страдање. Хуманизмот е, слично на будизмот, религија на антистрадание. Таа се бори против последиците, не грижејќи се за самата причина.

Мајка Тереза ги подигнувала оние кои умираат на улица, со своите раце ги миела, ги облекувала во чиста облека, за да тие, како што таа вели, можат да умрат достојно за човечко битие. Достојно – онака како што таа тоа го разбира, а за тоа дека човекот мора да умре со вера во Бога и покајание – ниту збор.

Мајка Тереза се труди во последните моменти да ги олесни страдањата и на некој начин да му овозможи на човекот да ја заборави суровоста на светот, да го помири со него. Тоа светот го поздравува! Атеистите во неа гледаат подвиг на служење на општеството, а христијаните – подвиг на милосрдие и сострадание. Сите се задоволни. Што Римокатоличката Црква и дала на мајка Тереза? Навистина многу. Римокатоличката Црква е моќна организација со огромно искуство за мисионерење. Затоа мајка Тереза, воспитана во неа, ја ориентирала својата мисија на  надворешното, социјално служење на човечкиот род. Јас не сакам да кажам дека во римокатолицизмот нема подвижници кои се грижат за спасение на човечките души – ги има. Но и нив светот исто така ги распнувал, убивал, ги горел на клада.

Постојат разни видови на љубов. Постои духовна љубов, која во човекот го гледа и го љуби ликот Божји. Тука е и душевната љубов – таа се заснова на сопреживување, симпатија, солидарност кон емпирискиот човек, во неа може да има многу жар и емоции, многу нежност кон несреќниот, многу грижа за човекот, но само во земниот аспект на неговото постоење. Таа љубов ја почитуваат и верниците и неверниците, зашто на земјата сите страдаат. Духовната љубов не ги меша доброто и злото, таа во човекот го љуби доброто, но злото не го прима, во неа нема афектација и сетилност, малку е видлива надворешната нежност, таа многу бара и на световните луѓе понекогаш им се чини сурова.

Духовното “верују“ на мајка Тереза е – човекот. Нејзината етика е – олеснување на страдањата, поклонување на земниот живот, желба да му се помогне на човекот достојно да живее и достојно да умре – ако достоинството се разбере во хуманистичка смисла, како користење на можностите и правата кои му се даваат на човекот на земјата. Тоа е хуманизмот на 20-от век. Во мајка Тереза тој наоѓа своја подвижничка, самопрегорна, усмерена кон целта, која себеси се предава на служба до самопожртвување. Нејзината икона е – човекот онаков каков што е овде, нејзина стихија е – земјата. Затоа светот не ја замрази како ученичка Христова, туку ја прегрна како своја ќерка.

Но сепак, во рамките на хуманизмот мајка Тереза е една од најсимпатичните и најутешните појави макар и заради тоа што својата идеја таа одлучно и бескомпромисно ја воплоти во живот со тоа што не му служеше на апстрактното “човештво“, не на општества и класи, туку на конкретни луѓе, им служеше со свои раце, душа и ум, без социјална и етничка разлика, и тоа не може , а да не ја прави омилена кај луѓето.

Но, би била голема грешка да се поистоветува тоа служење со христијанството, а особено со – монаштвото.


Подготви
: М.З.
Посети: {moshits}

Професорот на Московската духовна академија, ѓаконот Андреј Кураев ја изрази својата за гриженост за иднината на Холандија, заради карактерот на вредностите кои се утврдуваат таму.

“Холандија е најдеградираната земја во Европа. Не сакам да ја споредам со Содом. Наместо со оган, неа би можел да ја загрози само потоп и тоа во најскоро време. Се разбира, дека не сакам никого да плашам“, изјави ѓакон Кураев за украинското издание на “Комсомолската правда“.

Повод за оваа изјава е една статија во истиот весник, дека во Холандија се појавила модата “Bug Chasing“ (лов на вируси) и се организираат специјални средби каде доаѓаат само болни од СИДА. Во земјата, исто така се појави движењето “ХИВ позитивни и горди“. Во статијата се преведени зборовите на холандски граѓанин по име Харалд, којшто е здрав, но сака да се зарази од СИДА.

“Едноставно ми недостига храброст за последниот чекор, признава тој. Некои мои пријатели веќе се заразија и јас им завидувам. Збогум проклети презервативи! Збогум страву! Нема повеќе што да се изгуби, си стигнал до последната точка, а значи дека започнуваш да живееш од почеток“.
Харалд раскажува, дека здрави луѓе, обично хомосексуалци, бараат по интернет “gift-giver“ (давач на подарок)  т.е. човек болен од СИДА, којшто е спремен да зарази некој друг.

“За осамените луѓе тоа е излез. Откако ќе се заразиш ти влегуваш во избран круг, своевидна “масонска ложа“. Ти го носиш “печатот на смртта“, ти веќе си наш, избран, не си сам, тебе се ти е дозволено. Ти имаш пријатели и љубовници во многу земји во светот“ раскажува Харалд.


Подготви: М.З.

Посети: {moshits}



свештеник Филип Парфенов



12.5.2007

Во последно време сè почесто ми доаѓа мислата дека „тајната на беззаконието“, за која зборува апостол Павле во 2 Солунјаните 2:3-8, се открива токму во Црквата, и дека антихристот ќе се јави во последното време имено во црковната средина. Ова може да се заклучи по аналогија со тоа како Христос ги разобличил Јудејците што Го беа намразиле: „Вашиот татко е ѓаволот; и вие сакате да ги исполнувате желбите на својот татко“ (Јован 8:44). А јудејската религија во тоа време претставувала највистинито верување во споредба на сите други верувања!

Со други зборови, Црквата не е само место за спасување на луѓето коишто се присоединиле кон неа, туку и арена на поларизација на силите на светлината и на темнината, во која доаѓа до погибел на оние нејзини членови коишто го избрале и го засакале патот на темнината... На крајот од краиштата, Јуда бил меѓу избраните најблиски Христови ученици. И работата не е само во тоа дека меѓу служителите на Црквата секој десетти-дванаесетти може да биде јуда! Второто искушение се состои во тоа што во практичниот живот на Црквата – не како Тело Христово, туку како организација, која во многу нешта наликува на множество други земни организации – непрестајната Христова проповед често несвесно се заменува со проповед за самата Црква, односно за црковноста како севкупност на определени правила и прописи, за што отец Александар Шмеман пишува во своите дневници:

„Црковноста“ би требало да ослободува. Но во нејзината сегашна тоналност таа не ослободува, туку поробува, стеснува, осиромашува. Човекот почнува да се интересира за „стар“ и за „нов“ стил, за епископски расправии или, пак, за различни слаткоречивости. И тој постепено почнува да ја восприема духовноста како неопходност од читање скверни книги (застрашувачки по својата бедност и реторичност) и најразлични брошури за чудесија и за чудотворни икони, од постојано дрдорење на религиозни теми и сл. Наместо Црквата да го учи човека да гледа на светот и на животот на нејзин начин, таа го учи да гледа на самата неа. Наместо на нов начин да се прифати самиот себеси и својот живот, човекот смета дека е негов долг да навлече врз себе некаква безлична наметка, исчадена и импрегнирана со мирис на посно масло, наметка на таканаречено „благочестие“. Наместо да знае (макар само толку!) што е тоа радост, светлина, смисла, вечност, тој станува раздразлив, тесноград, нетрпелив, и често просто зол, при што дури и не се кае поради тоа, зашто сето тоа, нели, е дел од „црковноста“.

Оваа мисла е присутна и кај Сергеј Фудел, кој во спомените за отец Сергиј Дурлин пишува за призракот или за двојникот на Црквата, кој паразитира на самата Црква. Тој „призрак“, или неговиот „двојник“, извршува во историјата страшно провокативно дело: создава впечаток кај луѓето дека друга Црква освен него не постои, дека на земјата веќе нема Христова правда, дека на земјата веќе го нема Телото Христово, „обвиткано со плаштеница“. Затоа поделбата на христијаните на различни конфесии, којашто постои веќе одамна, не исклучувајќи ги ниту самите православни, сама по себе е промисла: макар што коренот на поделбата е во човечките гревови, во оваа поделба повеќе се претпочитаат разликите во гревовите, отколку единството во гревот, како што, впрочем, се случило и при градењето на Вавилонската кула! Протестантизмот живее и ќе продолжи да живее токму поради таа причина, зашто не сака обичната „црковност“ да го заклони Христа. Зашто, антихристот започнува со тоа што се претставува како Христос, и тој, фактички, е подготвен заради „црковноста“ да го заборави Христа. Кулминација на тие состојби е прекрасно опишана во „Големиот инквизитор“ од Достоевски, преку зборовите на самиот инквизитор:
„Јас многу добро знам што ќе кажеш Ти. Дека Ти немаш основа ниту право да додадеш што и да е кон она што си Го кажал порано. Зошто тогаш дојде да ни пречиш? Зашто, Ти дојде да ни пречиш, и Самиот го знаеш тоа... Јас не знам кој си Ти, и не сакам да знам: без оглед дали си Ти тоа, или само некакво Негово подобие, јас утре ќе Те осудам и ќе Те спалам на клада како најлош еретик, и самиот народ, кој сега ги целива Твоите нозе, утре на само еден мој знак ќе се нафрли да го закопа јагленот од кладата на која те спалив, го знаеш ли Ти тоа?...“  

Низ сите овие соблазни христијаните допрва ќе треба да поминат, веројатно, низ нови свијоци, кога поларизацијата на христоцентричните и „црковноцентричните“ сили ќе се манифестира сè посилно и појасно. Како што претпоставил, на пр., Владимир Соловјев, во „Повеста за антихристот“, преку зборовите на централниот јунак на повеста:

„Сакани браќа! Знам дека меѓу вас има и такви за кои во христијанството најскапо од сè е неговото свето предание, старите символи, старите песни и молитви, икони и чинот на богослужење. И навистина, што може да биде поскапоцено од тоа за една религиозна душа? Но, знајте, возљубени, дека денес потпишав указ, и дека се доделени  големи средства за Сесветскиот музеј на христијанската археологија во нашиот славен императорски град Константинопол со цел собирање, изучување и зачувување на сите споменици на црковната древност, главно источната, а вас ве молам утре да изберете комисија од вашата средина за разгледување, заедно со мене, на оне мерки коишто треба да се преземат со цел можно приближување на современата секојдневност, морал и обичаи кон преданието и кон светата православна црква! Браќа православни! На кого му е по срце оваа моја волја, кој според чувството во своето срце може да ме нарече свој вистински водач и владика, нека дојде при мене...“.

Општо земено, кога човекот е глув за верата, не е надарен за мистично чувство или, пак, е скептички настроен спрема религиозно-филозофската проблематика, тој може да биде подеднакво оддалечен и од Христа и од Неговиот антипод. Кога човекот е религиозен, па дури и кога е религиозно надарен и образован, него од Христа до антихриста, со тек на времето, може да го дели само еден чекор, доколку самиот е исполнет со гордост, желба за слава и властољубие. И современата секојдневна „црковност“ ни најмалку не го попречува појавувањето во својата средина на таквите луѓе, меѓу кои се и оние со свештенички чин (да го споменеме проблемот со „младостарчеството“ меѓу духовниците). Но бидејќи Христос и испратениот од Него Свет Дух не ги оставаат верните овци, коишто го слушаат гласот на својот Пастир, во Црквата оваа лукава замена порано или подоцна ќе се пројави и ќе се разобличи, додека, пак, надвор од неа таа не созрева до крај, останувајќи најчесто во состојба на недооформеност или како зародиш. Затоа, имено, внатре во Црквата станува јасно забележлива бездната што ги дели оние што го исповедаат Христа со срце и со дела на љубов, и оние коишто само празнословат, повикувајќи го формално Неговото име... И кога и да е ќе настапи миг на решавачко и дефинитивно одвојување на таа плевел на црковноста од пченицата Божја, созреана за жетва. Црквата, којашто во другите мигови на историјата, би се рекло, е победувана, понижувана и уништувана, меѓу другото, и со духот на антрихристот, ќе стане арена на дефинитивна победа на силите на светлината над силите на темнината. „Тогаш ќе се открие и беззаконикот, кого што Господ Исус ќе го убие со здивот на устата Своја, и преку блесокот на Своето доаѓање ќе го истреби“ (2 Солунјаните 2:8). „Да, дојди, Господи Исусе!“ (Откровение 22:20).


подготви: д-р Драган Михајловиќ
 
Посети: {moshits}

 


Академик Петар Христо Илиевски

 


„Кога сончевата светлина ќе се разложи низ призма, се добива спектар од разни бои. Да се претендира на полна вистина, на пример, дека бојата е црвена или зелена, би било невистина. Таа е само еден дел од интегралната сончева светлина. Она што е парцијалност, тоа е ерес во религијата. Тоа е парцијална вистина. На тој принцип функционираат сектите (кои во коренот на зборот содржат „сегмент“, „дел од нешто“). Парцијалната вистина е агресивна. Ако човек гледа само една страна од нештата и мисли дека е тоа сета вистина, тој е нетрпелив. Претензијата дека ја знаеме сета вистина нé прави горди. Парцијалната вистина е деструктивна. Полната вистина е толерантна. Таа успокојува. „И ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.“ (Јован, 8:32)“
 
Посети: {moshits}



Искра Гешоска




“Затворете ме во ореова лушпа и јас пак ќе бидам крал на бескрајот.”
      
Хамлет Вилијам Шекспир

Вака рече најискрениот монах помеѓу принцевите…

Слободата не може да се укине. Исто како и трагата, слоењето низ времето на кое крајот не му се гледа. Ова е важно да го запомниме особено сега кога се соочуваме со илузијата на агностицизмот кој им се спротиставува и на стварноста и на Бога. Да запомниме оти времето во кое сме е време на техничка редундантност и презаситеност од животот каков што ни се нуди. Лишени од сонот и од копнежот талкаме како сенки кои себеси се обидуваат да се реализираат и дефинираат не преку размислувањето, креирањето туку преку баналноста на преживувањето. Во расчекор со себеси се препелкаме како риби на суво, напрегајќи се да ја проголтаме последната капка од калта во која сме до гуша избербатени, небаре така ќе успееме да дојдеме поблиску до визијата што ќе ни овозможи да се согледаме подобро. Во мигов луѓето на ова културно поднебје се во исчекување да бидат катапултирани од просторот во кој упорно и речиси безнадежно се обидуваат да се вкотват, да пуштат корен.

Просторот што го живееме наликува на чаша со ограничени капацитети, во која се собрале премногу капки со непотребни и неправилни стилски и значенски вежби, па се делува задушно и понорно.

Во вака делумно формулираните услови за постоење во Македонија, културата, како фрагмент од општеството, се обидува да ги потврди, воспостави и развива и дијахрониски и синхрониски своите вредности и паметници.


Како да се вратиме

 Едуаро Ерион вели: “Она што останува кога се ќе заборавиме се одредени сегменти од културата”. А таквите сегменти се оние кои се поврзани со духовноста и со способноста на оние кои во историјата, и онаа дамнешната и оваа поновава, актуелната, се наоѓале и се наоѓаат на најистурените фронтови на сето она што го означува поимот култура а кои не изгубиле речиси ништо од своето значење. Се трансформираат, се реформираат низ своето траење, следејќи ја динамиката на времето, но тука се да не потсетат дека е можно да се има континуитет и во радоста и во болката и во тагата, само доколку е јасна целта.

Еден од најважните и најтешко остварливите аспекти на културата е артикулацијата на духовното, трајното, она што е наследство и кое не исчезнува, не замира, опстојува и тогаш кога општествената, државната апартура не нуди услови за опстанок. Тоа е верата и сите нејзини симболички и фактички манифестации. Концептот за амнезија тешко може тука да се примени. Ја губи битката.

Во оваа земја низ вековите се покажа дека наследството што го остави Охридската архиепископија, денес удостоена во Македонската Православна Црква е навистина културен аеролит. Можеме да полемизираме за слабостите, грешките, за потребите и развојните аспекти, за нужноста од реформи, од посовремен и подинамичен дискурс на обраќање во областа на креирањето и воспоставувањето на комуникацискиот проток, за трансформациите на мисијата, за практикувањето и скепсата во однос на почитувањето на христијанските императиви. Ваквите дебати ќе им ги оставиме на теолозите и експертите, но и на самите великодостојници кои најдобро знаат што е грешка. Сепак, фактот е единствен. Во ова транзициско беспаќе по кое избезумено, без јасни патокази чекориме симулирајќи ја остварената утопија на нови вредности, постои едно нешто што не би требало да подлежи на фрактализација и што може да (о)стане потпорна точка во заборавената цел на култивирање на духот и на животот. Тоа се духовното и црковното наследство на ова тло, па колку и анахроно да звучи ваквата изјава. Како што велеше Жак Дерида, на деконструкција може да подлежи само она што е најтемелно конструирано и што остава видлива трага на маргините од историјата. Следствено… Нашата одговорност е огромна кон ова наследство. Но и одговорноста на официјалните претставници на највисокото тело на МПЦ, како и одговорноста на сите пастири и богослужители е можеби уште поголема. Бидејќи сите парламентарци, политичари, партии се минливи, непотребни. Нивната приказна е минорна и неважна наспрема габаритноста на оваа приказна. Впрочем, сето она што ситниот минлив административен политичар ни го “краде” од општетствениот пејзаж би требало да го најдеме со спротивното, конструктивно лице на оние кои ја одухотворуваат и практикуваат трајноста.


Ризоми 

 
Годинава Македонската Православна Црква го прославува 40 годишнот јубилеј на своето осамостојување после Втората светска војна. Несомнено, значајно броење на времето. Сепак, не единствено. Зашто просветителската, раѓачка функција на светителите што ова поднебје ги дало е вековна. И нашата одговорност кон нив би требало да биде вековна за нанапред. Дали ќе успееме да ги оправдаме нивниот влог и нивната мисија, ќе сведочи некој друг.

Прославата тече како што тече, скромно и достоинствено, како што доликува. Станува неважно како е изрежирано, какви се сценаријата, каков е ПР материјалот. Кога ќе застанеме пред фреските во Св. Софија, церемонијалниот аспект добива нова семантичка вредност која ги отвора дверите на симболичкото и на трансцедентното.

И под превезот на формалната прослава, размислувајќи за културолошките влијанија на она што ова наследство ни го остава, за вредносните, мисловните, моралните, па ако сакате и политичките консеквенци, се запрашав што е тоа што можеби е најзначајното, особено во изминативе 15 години, а кое допрва ќе ја остава својата длабока и темелна трага во оваа култура. Можеби најважниот аспект на МПЦ, кој некако во рамките на оваа прослава беше занемарен, е возобновувањето и заживувањето на монаштвото и на манастирската арена за борба и реализација на личноста. Монаштвото е најсовесниот аспект што ризоматската природа на верата може да го понуди. Тоа е ткивото во кое може да го пронајдеме сето она за коешто погоре пишував.

Монашкиот молк

Фактот дека постои возобновено монаштво, кое допрва, се надевам, ќе биде артикулирано и општетствено означено и верификувано, е факт за тоа дека е можно да постои јасна и прецизна структура, уредување кое ќе нуди конструктивна слобода и праведност и дека е можно, сепак, и денеска да се трасираат патишта кои ќе ги промовираат принципите на заедницата и на солидарноста.

Монаштвото во Македонија е она пеликаново, скапоцено перце, толку кревко, а толку цврсто, кое ги бруси и испишува најубавите слики и асоцијации за она што е и за она што би сакале да биде. Загубеното во суровиот неолиберализам со сигурност може да се најде во манастирите кои трпеливо не очекуваат да ги откриеме, преку мисијата на монасите и во монахињите… Оти кој од нас може да се пофали со таква витешка посветеност?! Одразувајќи го погледот кој ги набљудува, монашкиот подвиг е речиси гранично искуство за нас. Идејата дека некој некогаш се движи по рабовите на она што духот и светот го дефинираат како можно е исклучително важна, особено за едно “стадо”, како нашево, кое талка со речиси распарчен идентитет, кое бие битка со униженоста што ја прима од политичките квази-пастири.
И така, речиси недопирливи, а сепак многу тука, вкоренети, вкотвени длабоко во идејата за општествениот импулс, тие за Македонија стануваат можеби еден од највредните топоси кои можат да се допрат со духот и кои можат да ја вратат надежта. Затоа на монаштвото во оваа земја треба да се гледа како на пророштво кое ни претскажува конструктивна иднина и стратешки важна приказна. Тие го испишуваат колективното писмо од овој народ за љубовта и пријателството, за копнежот по систем, за тоа дека падот во обезначеноста може да добие друго наличје, за тоа дека слободата е она што се создава во секој миг, со пот и макотрпно.

Тишината што тие ја нудат како опција говори многу повеќе од вревата што ја живееме, и ги одѕвонува семнатичките вредности на премолченото и на логореичната бесмисленост која не бомбардира во политиката, во науката, во медиумите, на универзитетите, во љубовта и на сите нивоа на размена. Мислата дека постојат и дејствуваат во оваа земја дава сила.


извор: „ВРЕМЕ“

Посети: {moshits}

 


Митрополит Јеротеј Влахос



Во оваа статија, публикувана во грчкиот весник “Вима тис кириакис“, познатиот грчки богослов Јеротеј Влахос, митрополит на Навпакт, зазема став за  моментално актуелната дебата во грчкото општество за методите на мисијата на Грчката Црква. Дали “добриот имиџ“ го проповеда Христос? Не паѓа ли грчката Црква во плен на PR религијата, во обид да го поправи својот разрушен авторитет во последните години? Каква е суштината на христијанската мисија? На овие и на други прашања, одговара Јеротеј Влахос, директно критикувајќи го “црковниот курс“ на Атинскиот архиепископ Христодул.



Во нашево време црковните луѓе се подложени на искушението да се насочат кон општествени фактори, да ги ползуваат начините и методите на едно антропоцентрично општество, за да се здобијат со слава, пари, публичност, признание.
Во својата суштина, тоа е третото искушение на кое бил подложен Христос во пустината, кога ѓаволот Му ги предложил сите царства на земјата и целата човечка слава и посакал за возврат Христос да му се поклони. Христос го отфрлил тоа искушение со зборовите: “Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ‘На Господа, Твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!’”, со што ни го покажа начинот, на којшто и ние треба да се справуваме со тоа трето искушение.

Науката за масовната комуникација


 
Третото искушение на Христос и Неговата Црква се пројавува и во современата наука за масовна комуникација. Денес кога живееме во  општество и време на комуникација, логично е да се развие и таквата наука – наука за масовна комуникација. Можам да додадам, дека општеството на анти – општењето, го постави почетокот на масовната комуникација.

Направени се многу проучувања и анализи за науката на комуникацијата. Најопшто кажано со овој термин се означува механизмот по кој се развиваат човечките врски, комуникацијата како форма на “взаемодразнение“, “взаемодејствие“ со цел потреба за власт и исползување на другиот за исполнување на некоја цел. За успехот на масовната комуникација се користат многу начини како што се зборови, гестови, символи, цртежи итн. Освен тоа специјалистите говорат за таканаречениот “двофазен проток на комуникација“, кога информацијата стигнува најпрво до оние кои го формираат мислењето (opinion leaders), а потоа до оние, кои се под влијание на првите. Специјалистите исто така говорат и за “псевдособитија“, кои се “создаваат“ и се “режирани“ и затоа ниту се вистински, ниту лажни во полна смисла на зборот“ и последователно, се опасни.

Всушност постои разлика помеѓу општењето и комуникацијата. Општењето е тесна, суштествена и битијна врска помеѓу луѓето, битијно соучество во болката на другиот. И обратно, комуникацијата е надворешна врска, која останува далеку од присутноста (суштината) на другата личност. Општењето гледа во човекот – личност, комуникацијата во човекот – маса. Парк говори дека комуникација може да има и меѓу животните, кучињата на пример, кога ќе се сретнат взаемно се распознаваат. “Тоа всушност не е разговор, туку комуникација“.
Основниот принцип на масовната комуникација се состои во привлекување на интересот на другиот со цел запознавање со него, највеќе заради распространување на некој продукт. Главното средство за успешно постигнување на целта е “лозинката“, мотото.

Црквата и масовната комуникација

Со погоре кажаното не си поставувам за цел да ги опишувам принципите на науката за комуникацијата, што е работа на специјалистите во таа област. Она кое мене ме интересира, е да ја видам врската помеѓу Црквата и  науката за масовна комуникација. Ова го велам, бидејќи многу од нејзините принципи навлегоа во нашиот црковен живот, под силното влијание на современиот општествен и политички живот. Некои велат, дека некое-нешто не треба да се прави на тој начин, бидејќи не е добро за масовната комуникација... А други, дека нешто треба да се прави, зашто добрата комуникација (со масите) тоа го изискува. Има и многу клирици, кои го сведуваат православното богословие на ниво на масовна комуникација и наместо да богословствуваат, тие “pasword“-уваат.

Јас мислам дека Православната Црква денес може да исползува некои од методите на масовната комуникација за пастирски цели, но не е добро да ја идентификува својата дејност со неа. Црковниот живот и православното богословие не се стремат кон привлекување на интересот или вниманието на другиот, не сакаат да имаат приврзаници, ниту се трговска целна група, не се интересираат како да ја ограничат слободата на избор на другиот преку разни итри потфати на одредено место и време, не го бараат надворешниот развој на човечките врски, туку се стремат кон преобразување на човекот. А тоа преобразување не може да се случи преку “лозинки“, ниту со убави илустрации, популарност, дополнителни посланија, убави мисли и поклонички патувања, туку со лична многуобразна борба на егзистенцијален план...

Daniel Boorstin го користи следниов пример, за да ја покаже разликата помеѓу “реалното“ и “искуствено создаденото“, а јас би рекол: помеѓу лицето и идолот. И рекле на една мајка:“Ах, колку е убаво вашето бебе!“.  “Тоа не е ништо“, одговорила мајката. “Чекајте да ја видите неговата фотографија!“

Не можам да ги разберам духовниците, коишто повеќе се занимаваат со образот, со сликата, со веста, со масовната комуникација, со надворешната активност, а го оставаат без помош болниот човек кој срада. Не можам да ги разберам духовниците, кои живеат во “треската“ на надворешната активност и растот или падот на нивната популарност, кое често станува на штета на црковната ѓаконија, само заради тоа да го зголемат процентот на општественото одобрение кон нив. Не можам да ги замислам Апостолите или Отците да се интересираат за поклонички патувања, за да ја зголемат својата популарност. Ако го вршеа тоа, немаше да Го исповедаат Христос и да го завршат својот живот како маченици.

За крај, како заклучок сакам да кажам, дека масовната комуникација е добра за парцијални цели или за целите на пазарот, за пораст на туризмот, но не и за богословието и Православната Црква. Исползувањето на принципите и методите на масовната комуникација за црковни и богословски прашања, со цел да се постигнат надворешни впечатоци, не му помага на современиот страдален човек. Тоа е исто, као да го поканиме болниот да оди во најмодерната болница и да го оставиме таму без лекување, во неговата болка и очај. Или да го поканиме во болница, но наместо таму да го однесеме во хотел со соодветен персонал...
Тоа би изродило безмерен очај!


подготви М.З.


Преземено од  Двери.БГ
 
Посети: {moshits}

 


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1309
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1853
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1235
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Архимандрит Партениј Бигорски- Претечевиот глас и денес од Радика повикува

Свети Јован Крстител, кој од Господа бил предназначен да биде посредник помеѓу времето на Законот и времето на Благодатта, Го видел Спасителот Христос уште додека се наоѓал во утробата на...

« »