логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

 

Тропар на преподобниот
Христов воин
Сисое велики
6 јули / 19 јули

Сисое велики,
избран да бидеш извор на благодат во пустината,
Христос преку тебе утеха распространуваше,
монаси мудро поучуваше,
болни лекуваше, мртви воскреснуваше.
О цветна градино на Словото Божјо,
темната тајна на смртта преку тебе светлина постана,
Христос воскресна, и нас по твоите молитви
во Своето стадо да не присоедини.

Извор МПЦ – ОА
Манастир Свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите
Христови маченици
Исавар ѓакон, Василиј, Инокентиј,
Филикс, Ермиј и Перегрин               
6 јули / 19 јули

Ревноста по Бога свети ѓаконе Исавре
чувар те направи на трлото Христово,
кој мноштво со поуки и дела приведе кон спасение,
од кои Василие и Инокентие, Филикс, Ермиј и Перегрин,
та како света дружина заедно кон Христа
поитавте маченички венци да добиете.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
девственичка Христова
Јулијана Олшанска
6 јули / 19 јули

Благодатта Христова го сочува телото твое,
кое ти Јулијано девственичке,
го припреми храм да биде за Бесмртниот.
Срцето очистувајќи го, Небесниот Цар те поведе кон вечноста,
оставајќи ни го нам сведоштвото за неминливоста,
и твоите молитви свети за нас пред Него да се застапуваат.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светиот исповедник
и чудотворец Христов
Коинт               
6 јули / 19 јули

Поради верата твоја свети Коинте,
Господ те закрили и чудотворец те направи,
кој во Име Негово мноштво приведе во познание на вистината исцелувајќи од секоја болест и напаст непријателска.
Затоа сега и за нас моли се, ти по чии молитви
земјата се затресе и духовите на неверните се потресоа.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светата
Христови маченици
Лукија, Рикс
и други со нив             
6 јули / 19 јули

Благодатта Христова исполнувајќи го срцето твое,
те направи недопирлива за прелестите од овој свет,
о Лукијо света девственичке,
и ти кон Бога Рикса го приведе,
за да заедно Господа го исповедате
и маченички подвиг принесете,
за сведоштво и спасение на мноштво кои поверуваа.
Спомнете си за нас од Царството на славата.



 
*Останатите маченици: Анатолиј, Антониј, Ликиј,
Неас, Серин, Диодор, Дион, Аполониј, Апам,
Папијан, Котиј, Орон, Папик, Сатир, Виктор
и уште деветмина.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Христови маченици
Марин, Марта, Авдифакс, Авакум,
Кирин, ереј Валентин, Астириј и многу други               
6 јули / 19 јули

Радувајте се вие кои Христа го возљубивте
Марине, Марто, Авдифаксе и Авакуме,
пример и семе за нови Христијани:
Кирине, поверува Астерие и се спаси
ти и целиот твој дом, и ти Валентине
пастиру Божји кој мноштво кон вечноста поведе.
Сега молитва и молба кон вас принесуваме,
наши застапници пред Господа да бидете,
о маченици свети Христови.



 
*Моштите на Марин и Марта и синовите
се во Рим во црквата на св.Јован Колибар,
а на св.Валентин – во црквата Пракседа


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

Извор МПЦ – ОА

Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Православен календар за 18/07/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 Од Верскиот календар:

Преподобен Сисој Велики    

sv.Sisoe.Veliki.jpgРодум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година. Ги учеше Св. Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одоговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“. Монах го запрашал авва Сисој: „Како да го достигнам смирението?“ Му одоговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“. Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето. Му одговорил светителот: „Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.

 

 

Светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други

Сите пострадаа во времето на царот Клавдиј Флавиј во Рим, 269 година. Марин и Марта беа богати луѓе од Персија, па го продадоа сиот свој имот во Персија и заедно со своите синови дојдоа во Рим да им се поклонат на моштите на Светите апостоли и на сите маченици. Кога царот ги праша зошто дошле од толку далеку оставајќи ги своите домашни богови за да бараат во Рим мртви луѓе, тие му одговорија: „Ние сме слуги Христови и дојдовме да им се поклониме на Светите апостоли, чии бесмртни души живеат со Бога, сакаме да бидат молитвеници за нас пред Христос, нашиот Бог.“ Кирин беше фрлен во Тибар; оттаму Марин и Марта го извлекоа неговото тело и чесно го погребаа. Свештеникот Валентин му беше предаден на некој војник Астериј, којшто требаше да го посоветува да се одрече од Христа. Но Валентин со молитва ја исцели Астериевата ќерка којашто беше слепа две години и го крсти Астериј и сиот негов дом. Сите тие на различни начини примија маки и смрт за Господ Христос, Којшто ги прими во Своето бесмртно Царство за да се радуваат во сите векови.

Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија

Ќерка на Олшанскиот кнез. Умрела околу 1540 година, како девица на шеснаесет години. Двесте години по нејзината смрт копачи на нов гроб крај големата црква во Киевската лавра наидоа на моштите на оваа Света девица, а тие беа сосема цели и нетлени, како штотуку да заспала. Од моштите се јавија многубројни чуда, но и самата Јулијанија повеќепати им се јави на некои. Едно такво видение имаше и прочуениот Петар Могила.

 

Светата маченичка Лукија

Во Кампанија ја зароби варварскиот цар Авциј. Сакаше да живее со неа, но таа му се спротивстави. Царот ја остави да се подвизува во мир. Таа го обрати во верата, откако тој по нејзините молитви извојува победа во војна. Најпосле заедно со царот пострада за Христа во Рим околу 300 година.

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 150
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 381
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

БEСEДА за сoвршeниoт чoвeк

Eдинствoтo на вeрата, браќа, и пoзнавањeтo на Синoт Бoжји, Гoспoда Исуса Христа Спаситeлoт, сoeдинува двајца луѓe вo eдeн чoвeк, илјада луѓe вo eдeн чoвeк и мнoгу милиoни луѓe вo eдeн...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Арх.Партениј Бигорски: За разумноста и безумието

Следствено, грев е човек да биде острастен кон материјалните нешта, кон земните блага, кои се минливи и му се дадени на човека да му послужат за добро, а не тој...

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

митр. Павел Сисанијски: Сите за еден

 Бог Го покажа Своето човекољубие не со евтини слова, но со принесувањето на Својот Син. Христос се појави во светот, со низа конкретни дела на љубовта. Првото дело е наклонетоста...

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Митрополит Струмички г. Наум: Познанието на Бог е едноставно својство на просветлениот ум

Посебно по воплотувањето Христово и Неговиот Домострој на нашето спасение, ѓаволот станува како играчка со која малите деца си играат (свети Атанасиј Велики) или како спаринг-партнер за оние што се...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата  поради Бог !

Арх. Јован Крестјанкин - Да ги оживееме срцата поради Бог !

Денес, драги мои пријатели, поученоста од животот на старозаветните праведници ме наведува со вас да зборувам за верата. Имено, нивната големина е одредена само со верата, точно живата и дејствителна...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:  „Епископот седи на место и во обличје Христово“

Викарен Епископ Јаков Стобиски: „Епископот седи на место и во обличје Христово“

 Епископот не станува Епископ поради некаква своја заслуга, туку исклучиво по благоволение Божјо, во послушание кон Светиот Архиерејски Синод, поради молитвите, и најважно од сѐ, заради потребите на Црквата. Затоа,...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

Митрополит Струмички Наум: Самооправдувањето е одрекување од Богочовекот Христос како наш урнек...

 Страшна е потребата на човекот да се самооправдува; за мене, дури најпогубната појава од сите гревовни појави во човековиот душевен и ментален свет. Самооправдувањето е главна карактеристика на паднатиот човек,...

« »