логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот
Христов архиепископ
Андреј Критски
4 јули / 17 јули

Од немоста изведен на служба Господова,
благодарност срцето подигна кон Небесата,
о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,
усто медоточна секогаш спремна да опишеш одора Богородична,
исповедник на волјата Божја,
моли се пастиру Критски ,
душите наши да се насладуваат на појот од рајските птици.
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на преподобниот отец
Андреј
4 јули / 17 јули

Смирението твое оче свети Андрее,
во молчание премина Богоугодно,
од каде Изворот ја покажа силата своја преку твојата рака.
Длабочина неизмерна, прозорец кон вечноста,
со солзи од тебе патека радосна послана.
Радувај се оче преподобен и моли се за нас во вечноста,
пред Оној Кој вратата ја отвора.



 
* Рубљов
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче
 

Тропар на светата преподобна
Марта
4 јули / 17 јули

Кандило си живо неизгласливо пред Господа за нас,
о Марто мајко наша праведна,
и жива е душата твоја која го восфалува Бога.
Молитвена застапничка за нас биди пред Оној
Кој од утробата твоја возведе столб благодатен
кон Небесата, за сведоштво на вистината
и спасение на родот човечки.

 
*мајка на Свети Симеон Дивногорец

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Теодор епископ Киринејски
и со него Лукија, Ароа и Киприла
4 јули / 17 јули

Блажен си ти Теодоре свети мачениче,
кој слова за прослава на Господа исцрта,
а Он со благодат те обви, во срцето твое вселувајќи се,
и таблици неракотворни испишувајќи.
Нас сега пред Него застапи нѐ ти кој и
Лукија, Ароа и Киприла кон Бога ги приведе.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Христови маченици
Теодот, Теодотија, Долиндух,
Диомид, Евлампиј и Асклипиада
4 јули / 17 јули

Во соборот на светите маченици примени,
под палката на Јакинт светиот во верата утврдени,
примете и од нас чест и пофалба
свети Теодоте и Теодотио, Долиндуче,
Диомиде, Евлампие и Асклипиадо
и за нас молете се од небесната градина.

 

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир св. Јован Претеча Слепче

 

 Православен календар за 17/07/2018  

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2019 лето Господово

 

 Од Верскиот календар:

Свети Андреј, архиепископ Критски     преп. Андреј Рубљов

sv.andrej.kritski.jpgРоден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и се потстрижи во лаврата на Св. Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител.

А кога почна да свирепствува монотелитската (едноволничка) ерес - којашто учеше дека Господ Исус ја немаше човечката волја, туку само Божетсвената - во Цариград се собра Шестиот Вселенски Собор, во 681 година, во времето на царувањето на Константин Брадестиот. Ерусалимскиот патријарх Теодор не можеше да оди на Соборот, туку го испрати како свој ополномоштеник овој Андреј, тогаш архиѓакон.

На Соборот Андреј ја покажа својата надареност, беседништво, ревност кон верата и необичната расудливост. Откако помогна да се утврди Православната Вера, Андреј се врати на својата должност во Ерусалим. Подоцна беше избран и поставен за епископ на островот Крит. Како архиереј беше многу омилен кај народот. Ревнуваш многу за Православието и ги сотираше крепко сите ереси. Со своите молитви чудотвореше. Ги протера Сарацените од островот Крит.

 

 

 

 

 

 

 

Света Марта

Мајката на Свети Симеон Дивногорец (под 24 мај). Со целата душа посветена на верата, таа и не помислуваше на брак. И кога родителите ја свршија за некој младич, намисли да го остави родителскиот дом и да се оддалечи од светот. Но ѝ се јави Св. Јован Предвесник и ја посоветува да им ја исполни волјата на родителите и да стапи во брак, како што таа и направи. Од тој брак се роди прекрасниот светител Симеон, подвижник Дивногорски. Света Марта имаше постојан обичај да станува на полноќ на молитва. Со голема милосрдност ги помагаше бедните, ги пригледнуваше сираците и им служеше на болните. Една година пред својата смрт виде големо мноштво ангели со свеќи во рацете и од нив го дозна времето на своето упокојување. После ова со уште поголема усрдност се предаде на молитва и добродетел. Се упокои мирно во 551 година, а беше погребена крај стапалата на нејзиниот син Симеон Столпник. Посмртно повеќепати им се јави на луѓето заради поука и заради исцелување на болни. Како значајно се памти нејзиното јавување на настојателот на обителта на Св. Симеон. По погребот на Света Марта игуменот постави на нејзиниот гроб кандило, со решение тоа никако да не се гаси. Но по извесно време луѓето ги потфати леност и кандилото згасна. Тогаш настојателот се разболе, му се јави светителката и му рече: „Зошто не го палите кандилото на мојот гроб? Да знаете дека мене не ми е потребна светлината од вашите свеќи, бидејќи се удостоив кај Бога со Незалезната небесна светлина, но вам ви треба. Зашто кога заискрува на мојот гроб, светлината ме поттикнува да Го молам Бога за вас.“ Од ова е јасно дека со нашата почит кон светителите ги побудуваме како подостојни од нас да Го молат Бога за нашето спасение.

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1089
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1653
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1089
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Антониј, Митрополит Сурошки: Преображение

Мојсеј влегол во тој облак и му било дозволено да разговара со Бога како пријател со пријател; му било дозволено да види како Бог поминува покрај него, сè уште без...

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

Митрополит Струмички Наум: Преображение, наше (18.08.2016)

„Според православната црковна антропологија на Светите Отци, суштината на умот се наоѓа во срцето како духовен центар на човекот, а енергијата на умот преку  сетилата се расејува по светот. Насочувањето...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Нашето одење во црква

Ние можеме да се молиме за здравје и за сè друго што нам ни се чини дека е добро да бараме, но не смееме да очекуваме дека ако одиш во...

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Митрополит Струмички Наум: ВО СТИЛОТ НА СВЕТИОТ ПРОРОК ИЛИЈА

Сите сме жртви на суетата, помалку или повеќе. Забораваме дека гревот што го „препознаваме“ кај нашиот ближен, според Светите Отци, постои и во нас или е најчесто само наша проекција....

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН  и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Митрополит Струмички Наум: „ВНАТРЕШЕН и НАДВОРЕШЕН АВТОРИТЕТ“

Просто, сме станале верна копија на старозаветните Црква, храм и свештенство – во нивната изобличеност, со слични рестриктивни правила кон обичниот верник (сепак носител на царското свештенство) и со ист...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: За маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Архимандрит Партениј Бигорски: Острастеноста – пат кон демоноопседнатост

Оваа состојба на демоноопседнатост не е некаков мит или обична приказна, или пак, средство за заплашување. Не, таа е реалност и постои. Колку и да се обидуваат некои да ја...

 Викарен Епископ Јаков Стобиски

Викарен Епископ Јаков Стобиски

Не плашете се да страдате, оти човекот што се плаши да страда и да се жртвува никогаш нема да му објави војна на ѓаволот и на гревот, нема никогаш да...

« »