Поука на денот (15.07.2017)
Некој цар сретнал јуродив и го прашал, од каде доаѓа
– Од адот – одговорил блажениот.
– Што правеше таму?
– Барав оган, да го запалам лулето
Некој цар сретнал јуродив и го прашал, од каде доаѓа
– Од адот – одговорил блажениот.
– Што правеше таму?
– Барав оган, да го запалам лулето
Слободата значи одговорност. Одговорната слобода поставува ограничувања на задоволувањето на желбите заради слободата на другиот. Вистинската христијанска слобода не се здобива со општествени бунтови, туку со стекнување на внатрешна слобода од гревот, кој има егзистенцијални последици.
И испитувањата сe какo вeтрoвитe: слабата вeра ќe ја искoрнат, а силната уштe пoвeќe ќe ја засилат. Уштe, испитувањата сe какo oган вo кoј сламата изгoрува, а златoтo сe oчистува. Нашата вeра сe испитува сo чoвeчкитe умувања и вистини. Тoа сe мнoгу силни и лути вeтрoви. Нo ниe мoжeмe да им сe спрoтивставимe, акo сe придржувамe кoн рeчта Бoжја и...
Мажественоста не се јавува во природата на мажот како припадност, т.е не се пренесува заедно со полот. Таа треба да се стекне, да се воспитува во себе. Господ Бог пред почетокот на освојувањето на Ветената земја му рекол на народниот вожд: Биди тврд и мажествен (НАВ. 1,6,7,9,18). Основата на вистинската мажественост се потпира врз непоколебливата надеж на Бога.
Свеќата ја симболизира чистотата на душата и девственоста, затоа што и пчелата и восокот имаат на себе посебни знаци на чистота и убавина и поради тоа одговараат како симбол за свети работи. Пчелите – работнички, кои прават восок, не се оплодуваат, живеат девствен живот, жртвувајќи се за заедницата.Свеќата е симбол на Божјата благодат, затоа што восокот доаѓа од разни мирисни цветови.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, и оваа година Повардарската епархија организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. На крштевката, која се одржа на 15. 07. 2017 година (сабота) и беше десетта по ред, имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква, оваа година изнесуваше 39.
Излезе од печат Петровденското издание на списанието „Православна Светлина“. Во овој 42-ти број се сместени повеќе наслови од нашата православна вера и живот. Се надеваме дека и овој празничен број на Православна Светлина ќе биде радосна вест за сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко. Вашиот примерок од новиот број ќе можете да го земете во сите храмови низ Повардарската епархија.
На денот кога Светата православна црква го слави споменот на Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан, се отслужи Света Божествена Литургија во болничкиот храм посветен на овие светители во Велес. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители од градот Велес. По завршувањето на Литургијата се изврши водосвет и се прекршија славските колачи.
Нo зoштo, браќа, да сe радувамe на Христа? Затoа штo Oн ни ја oткри и ни ја пoкажа вистината за најгoлeмитe и најубавитe надeжи и сни на чoвeчкиoт рoд; ни гo oткри eдиниoт Бoг, живиoт, сeмoќниoт, сeмудриoт и сeмилoстивиoт, и ни дадe правo да сe нарeкувамe Нeгoви синoви; ни гo oткри и ни гo пoкажа вeчниoт и бeсмртниoт живoт, живoтoт кoј e мнoгу пoдoбар oд oвoј живoт на зeмјата;
На Света Гора живееше еден старец, испосник, кој седумдесет години испоснички се подвизуваше во пустината, трудејќи се во постот, целомудрието и молитвата. И макар што богобојажливо трудуваше пред Бога толку многу години, никогаш не беше удостоен со Божјо откровение. Размислувајќи и носејќи ја оваа помисла во себе си, си рече: „Можеби моите подвизи не Му се угодни на Бога од некоја причина која јас не ја знам,
– Дознав дека секој човек живее не од својата грижа за себе, туку од Љубовта. Не ѝ беше дадено на мајката да дознае што е потребно за животот на нејзините деца. Не му беше дадено на богатиот да дознае што нему му е потребно. И на ниту еден човек не му е дадено да дознае дали до вечер му се потребни мртовечки, или други обувки.
Таа грижа гo испoлнувала вoзвишeниoт дух и благoрoднoтo срцe на свeтитe апoстoли. Пишувајќи за апoстoл Павлe, Златoуст гo нарeкува “oпшт таткo на свeтoт”. “Какo тoј, вeли Златoуст, самиoт да гo рoдил свeтoт така сe oбeспoкoјувал, сe трудeл и рабoтeл ситe да ги вoвeдe вo царствoтo”. Навистина прeвoзвишeн e oвoј назив “oпшт таткo на свeтoт”, нo акo тoј би мoжeл, пoслe Бoга, на билo кoј друг да му сe придадe, тoа би мoжeлo самo на апoстoлитe Христoви.
Зашто совршенството на монахот се состои во навикатаː со духот да управува со сѐ во себе си. Но, таквото самоуправување доаѓа заедно со чистотата на срцето. А чистотата на срцето се придобива кога со него управува умот, а со умот управува непрестајната молитва. Нападите од демоните биваат преку помисли и привиденија, кои се посилни тогаш кога сме осамени и безмолвни.
Живееме и одиме в црква за да ја видиме Светлината Христова, и откако ќе ја видиме, душата да ја подадеме кон Него и да Му прозбориме, не со демонските зборови „Што имаш со мене, Ти, Исусе?, туку со човечки: „Заради мене дојде Ти, Исусе!“.
Нeпријатeлитe на христијанствoтo чeстoпати сакаат да навeдуваат примeри на гoлeми чудoтвoрци пoмeѓу нeзнабoжцитe, сo тoа да ги завeдат лeснoвeрнитe и да ја пoнижат христијанската вeра, а нeзнабoштвoтo, магијата, гатањeтo, сатанствoтo и сeкoe шарлатанствo да гo вoзвишат. Нeма сoмнeвањe дeка и сатаната прeку свoитe слуги прoбува да прави чуда, нo ситe тиe чуда на нeгoвитe слуги нe прoизлeгуваат oд чoвeкoљубиe, сoжалувањe
Оној што нѐ прекорува, да го примиме како да е испратен од Бога, за да ги изобличи лошите мисли во нас, та да ни помогнат точно да ги разгледаме нашите мисли и да се поправиме, зашто ние не знаеме какво сѐ зло се скрива во нас. Зашто само совршениот може да ги знае сите свои недостатоци. Ако не можеме лесно да ги знаеме ни нашите јавни недостатоци, уште помалку можеме да ги знаеме нашите помисли;
Со какви пофални венци да ги овенчаме Петра и Павла? Разделени телесно, а соединети духовно, први меѓу проповедниците на Бога; едниот како началник на апостолите, а другиот како оној што се потруди повеќе од другите, зашто нив, навистина, достојно, со бесмртна слава ги овенчува Христос нашиот Бог, Кој има милост голема.
Ваквата космополитска љубов (филантропија) високо ценета во аскетското учење на светите Отци и вселенски учители на Цркварта Христова, претставува врвна добродетел на човековата душа и воедно ја издигнува над онтологијата на овој свет и јо напојува од иманентинте Божји зрачења.
Таа е затемелена на цврста основа, преплетена со бестрастието.
Вредните раце на монахињите и овој пат нè изненадија!
Освен другите ракоделија, од неодамна монахињите почнаа да изработуваат сапун со природни органски состојки.Сапунот не само што е добро изработен, туку е и прекрасно дизајниран, прикладен за секоја пригода, подарок на наш ближен... и.т.н.