логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Симболика на црковната свеќа
11.07.2012.

Свештеник Љупче Миланов

 Свеќата е еден дар со длабока симболика што му го принесуваме на Бога.

Свеќата е симбол на Христа и Неговата светлина со која се растерува темнината во душата на човекот и во светот. Самиот Христос рекол: „Јас сум Светлина на светот, кој врви по Мене, нема да оди во темнина, а ќе има светлина во животот“ (Јован 8, 12). Оттука свеќата е симбол на мирот и љубовта, особини што треба да ги поседуваат христијаните.

Свеќата ја симболизира чистотата на душата и девственоста, затоа што и пчелата и восокот имаат на себе посебни знаци на чистота и убавина и поради тоа одговараат како симбол за свети работи. Пчелите – работнички, кои прават восок, не се оплодуваат, живеат девствен живот, жртвувајќи се за заедницата.

Свеќата е симбол на Божјата благодат, затоа што восокот доаѓа од разни мирисни цветови.

Свеќата е симбол на Обожувањето што треба да го достигнеме, затоа што таа се пали со оган и постепено целата станува обземена од огнот.

Палејќи ја свеќата, христијанинот треба да си спомнува за духовната светлина што ја добил при крштевањето и да се труди таа светлина целиот свој живот да ја сочува во својата душа. Како што свеќата запалена со својот оган осветлува сè околу себе, така и христијанинот, запален со љубовта кон Бога треба да ги просветлува сите и сè околу него.

Палењето на свеќата секогаш треба да биде проследено со молитва. Кога палиме свеќа за живите, треба да ја просиме Божјата милост за нивно духовно и телесно здравје и спасение. Кога палиме свеќа за покојните, треба да ја просиме Божјата милост за населување на душата на покојниот во место светло, место блажено, во место мирно.

Вака запалената свеќа, проследена со молитвите можеме да ја запалиме било каде, во храмот, во домот, на гробно место... таа го има истото значење.

ЗОШТО СВЕЌИТЕ ШТО ГИ ПАЛИМЕ ТРЕБА ДА БИДАТ КУПЕНИ ОД ЦРКВА, А НЕ ОД ПРИВАТНИ ПРЕПРОДАВАЧИ?

Црковната свеќа е направена со молитва и благослов (таа е осветена)!

Приватната свеќа не е осветена!

Каква е симболиката на приватната свеќа? Наместо да Му принесеме чист и светол дар на Бога, ние веднаш Го растажуваме. Кога посетуваме некој што ни е драг и мил и кога му носиме дар, се трудиме нашиот дар да биде убав, пријатен, свеж, веднаш да биде со радост прифатен од лицето на кое го даруваме. Колку ќе бидеме тажни и ние и саканата личност, доколку дарот ги нема овие карактеристики и не биде прифатен?

Да, Бог е Милостив, но зарем ние треба да ја злоупотребуваме Неговата милост?

Со секоја купена свеќа од црква, христијанинот директно учествува во возобновувањето и украсувањето на храмот од каде што ја купил свеќата.

Со секоја купена приватна свеќа, христијанинот директно учествува во возобновувањето и украсувањето на приватниот дом на оној што ги продава таквите свеќи.

Со купување на црковна свеќа, ние даруваме принос од материјалните богатства со кои Бог нас нè дарувал. Тие наши, макар и навидум, мали приноси, сепак се многу значајни за успешната хуманитарно-мисионерска дејност на Црквата. Треба да имаме на ум, дека секој топол оброк поделен во црковно-народните кујни е помогнат од нашиот принос, преку купената црковна свеќа; секоја облека дарувана на бездомниците и сираците, сме ја овозможиле и ние преку нашиот принос со купувањето на црковната свеќа; секоја испечатена книга за наша духовна поука и спасение, испечатена е благодарение на нашиот принос со купување на црковна свеќа; секое каменче соѕидано во храмот,  секоја икона,  секоја фреска,  секое зрно темјан во кадилницата на свештеникот е благодарение на нашиот принос со купувањето на црковната свеќа.

Не посакуваме продавачите на приватни свеќи да ги оставиме боси, гладни и жедни, но постојат други начини преку кои можеме да им помогнеме, доколку им е потребна нашата помош.

Извор: Православна светлина



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 713
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…