Литургија на Претходно осветени дарови- Соборен храм Скопје(10.04.2024)
" Кога некој оди на Литургија,треба да оди со мислата дека му предстои средба со Христос... Литургијата е присуство на Христос и Неговото Царство.... Литургијата е една литија, едно движење кон небото...
старец Емилијан Симонопетриски






На 12.3.2022 година, во Неделата на св. Григориј Палама, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше на Светата Василиева Литургија во храмот „Света Петка“ во Црниче. На Литургијата во ѓаконски чин беше ракоположен чтецот Григориј Лазаров.
На 29.3.2024 година, во вториот петок од Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, зеде молитвено учество во читањето на Акатистот кон Пресвета Богородица. По читањето на истиот, следуваше благословување на Петолебието.



На 17.3.2024 година, кога Православната Црква се наоѓа во предворјето на Светата Четириесетница, празнувајќи ги Великите поклади – Прочка, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан зеде молитвено учество во Умилителната вeчерна богослужба, којашто беше отслужена во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје.


Главната структура на истиот ја сочинуваат: голем вовед – „Молитвата како израз на нашата љубов кон Бога и кон луѓето“, утрински молитви, вечерни молитви, Акатист кон Пресвета Богородица и други вообичаени молитви.Молитвеникот, наскоро, ќе биде достапен во храмовите и во манастирите низ Скопската епархија, но и надвор од неа.


























