Со особена радост ве известуваме дека, со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во издание на Скопската православна епархија, излезе од печат новиот Православен молитвеник.
Главната структура на истиот ја сочинуваат: голем вовед – „Молитвата како израз на нашата љубов кон Бога и кон луѓето“, утрински молитви, вечерни молитви, Акатист кон Пресвета Богородица и други вообичаени молитви.
Молитвеникот, наскоро, ќе биде достапен во храмовите и во манастирите низ Скопската епархија, но и надвор од неа.
https://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/pravoslaven-molitvenik-2024/