Фрескописна, иконописна и резбарска колонија во Марковиот манастир
И З В Е С Т У В А Њ Е
Со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, од 14 до 21 септември 2017 година, во Марковиот манастир „Свети Димитриј Солунски“ ќе се одржи интернационална фрескописна, иконографска и иконорезбарска колонија.
На колонијата ќе учествуваат еминентни балкански иконописци, и резбари, чии дела ги красат црквите ширум Балканот, вклучително и Света Гора.
Помеѓу присутните ќе бидат фрескописците Кирил Томанов (член на Кралското здружение на минијатурсти), Јордан Иванов, кој изработувал фрескопис на Света Гора, Галин Ганчев и проф. Венко Цветков, резбарите Васил Иванов и Тихомир Георгиев, иконописците Димчо Димчовски, Тереза Илкова, Гергана Симеонова, Димитринка Стојанова, и Надја и Румен Петкови.
Ги повикуваме сите љубители на богословието и красотата на православната иконографија да ја посетат колонијата во деновите од 14 до 21 септември,
во периодот помеѓу 09:00 ч. – 15:00 ч.
Извор: Скопска епархија/Марков манастир
2017/лето Господово