Скопје, 24-ти септември 2017 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски
[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=EfisFgHia5M[/youtube]
Апостол и Евангелие за преподобен.
Причесен: Праведниот останува во вечен спомен. Алилуја.
Величанија
Радувај се, охридски славен род,* обновителу на храмот на преславниот Илија,* радувај се, посреднику за тие што со љубов* ги целиваат твоите моштиЈоаникие.
Со чесниот Пророк и Крстител,* Бигорската обител, што те чествува побожно,* благослови ја и покриј, молејќи се на Бога,* преподобен, богоносен, свет Јоаникие.
На 24-ти септември 2017 година, од манастирската црква „ св.Георгиј Победоносец“( во Криви Дол,со свечена литија беа донесени моштите на преподобeн Јоаникиј Ракотински во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“, во Скопје, каде на Божествена Литургија беше впишан во списокот на светиите.
Во присуство на многубројниот верен народ,со Божествената Литургија чиноначалствуваше Архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Архиереите на МПЦ- ОА, како и бројното свештенство од сите епархии. Многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување на Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите ја прочита епископ хераклејски Климент.
Беше осветена и иконата на преподобен Јоаникиј Ракотински, а киводот со моштите на светителот ќе биде изложен во Соборниот храм се до завршување на изградбата на храмот на светите Константин и Елена.
Преподобниот Јоаникиј ќе биде литургиски прославуван на 24 јануари- денот на неговото упокојување.
Преминпортал (к.т)
Фото: К.Т/Скопска Епархија
Друго:
Не времето и околностите ги провозгласуваат светиите, туку благородството на совршената и нелицемерна љубов кон Бога Така запиша во синаксарот од богослужбата за Преподобниот Јоаникиј, химнографот на Великата Христова Црква, сепреподобниот јеромонах Атанасиј Симонопетрски. И несомнено, светоста не може да се ограничи во просторот и времето, бидејќи како исклучиво Божјо својство, таа ги надминува и…