На 15 април 2012 година, на првиот ден од Воскресението Христово во соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи света Воскресна Литургија, на која меѓу многубројниот присутен народ беа и претседателот на Република Македонија г-дин Ѓорге Иванов, претседателот на Владата г-дин Никола Груевски, со сопругите и г-ѓа Валентина Божиновска, Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во РМ . На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Воскресната Литургија, следeше читање на св. Евангелие според Јован на повеќе странски јазици.
„Оваа светла седмица, иако трае 7 дена, сепак се смета дека е еден ден, кој е слика на идниот невечерен осми ден кој ќе настапи при Второто Христово пришествие. И нема да има темнина бидејќи Христос, Воскреснатиот наш Бог, ќе засветли како Сонце, посветло од секое сонце, зашто Он дава живот на секое тело, и Он е Сонце на правдата.“
По Литургијата
Традиционално, по повод празникот на Воскресението Христово - Велигден, веднаш по воскресенската Литургија во Соборниот храм , Неговото блаженство, Архиепископот Оохридски и Македонски, г. г. Стефан, во својот Кабинет, приреди прием за членовите на државниот врв: Претседателот на Р. Македонија г-дин . Ѓорѓе Иванов, Премиерот на Р. Македонија г-дин . Никола Груевски, со сопругите. На приемот присуствуваше и г-ѓа Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во РМ .
Преминпортал
Лето Господово 2012
фото-
- Преминпортал
- Марјан Николовски