логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Dime.Voskresenie.jpg

  Скопје 14/15.2012-  Светата и најголема празнична ноќ

Dime.Voskresenie.jpg

Денес, нека се веселат небесата, нека се радува земјата;
нека празнуваат видливите и невидливите светови,
зашто Христос, нашата вечна радост – воскресна од мртвите!

(Пасхална песна)

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

  Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, масовно беше прославен во Република Македонија. Во храмот на св.вмч. Димитриј во Скопје, со Воскресенската богослужба, која започна   во 23,00 часот, чиноначалствуваше свештенство на храмот. По опходот околу  храмот  и објавата на Христовото Воскресение, со читањето на Воскреснио канон продолжи воскресна богослужба со Литургија на св. Јован Златоуст.

Dime.Voskresenie.jpg

Ако не си ја смириме помислата, ако не ја приклониме главата и не поверуваме цврсто дека сме ништо, и ако секој од нас не мисли за себе дека е последниот, најгрешниот човек, оној, кој ќе отиде во адот, нема да можеме да ја искусиме онаа особена радост на светото Воскресние и да ја празнуваме таинствено и  неискажливо во нашите срца Христовата Пасха. „Секој горделив по срце е одвратен пред Господа“ (Изрек. 16, 5), „а на смирените им дава благодат“ (Јак. 4, 6). Бог ја слуша молитвата на смирениот. Особено срцето се очистува единствено преку смирение. Секоја добродетел, подвиг, присилување го имаат за цел очистувањето на срцето. А смирението е најефикасниот лек. Христос „ги приклони небесата и слезе“ (сп. Пс. 143, 5); слезе, се приклони, се смири, дојде кај нас како човек, а беше Богочовек – Бог и човек. Христос „ги приклони небесата и слезе”. Ние луѓето, и јас прв, не го веднеме својот врат пред Господ, не ја смируваме својата помисла. Жива е сè уште во нас гордоста. Се подвизуваме, за да му одолееме на тоа страшно расположение, и сепак, тогаш кога ќе помислиме дека имаме смирение, за кратко време чувствуваме дека гордоста пак ни се развива, бидејќи нешто сме почувствувале во молитвата, сме кажале нешто добро, нешто сме направиле – и ете, осилото на гордоста и славољубието нè боцка и нè тера да се дуеме дека нешто сме постигнале.

Некој брат бил нападнат од горделиви помисли. Отишол кај еден голем старец и му рекол: „Оче, чувствувам, дека во мене се развива горделивиот дух; се борам со него, но не можам да го победам. Што да сторам?“ Старецот му одговрил: „Чедо, ти ли си ги создал небото и земјата?“ – „Не, оче, чувај Боже!“ – „Оној, Кој ги создал небото и земјата, го создал духовниот свет на ангелите и небесното царство, Тој, Кој со Своето слово ја приведе сета Вселена, кажал дека е кроток и смирен, а ти, глината, земјата, грешниот, острастениот, се возгордуваш и си мислиш дека нешто правиш? Христос се наведна и ги изми нозете на Своите ученици, претрпе подбивање, хули и исмевање од толку народ и гол на крстот умре поради Својата љубов кон нас – Оној, Којшто можел со едно движење да врати сè во небитие; толку се смирил што не прозборел ниту збор, устата Своја не ја отворил, а ние луѓето креваме глава и веруваме дека сме нешто?“ Кога братот го чул ова мудро расудување, се смирил и се вратил во ќелијата, добивајќи голема полза. ( Ден е на Воскресението, да се просветлиме, луѓе, Пасха, Господова Пасха!)

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

  На свечена богослужба, по повод најголемиот христијански празник, Воскресението Христово,  пред  храмот на св.вмч. Димитриј ,  во Скопје,  се собра многуброен народ. Со свеќи во рацете, симболот на светлината на Христовиот гроб, традиционално присуствуваа на Божјото Воскресение, кршејќи ги црвените јајца, симболот на кршење на портите на пеколот, тие си го честитаа Велигден.

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg

Dime.Voskresenie.jpg 

 Preminportal

Лето Господово 2012

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

13/07/2025 - недела

Собор на Светите славни и сефални апостоли; Блажениот принц Петар; Преподобен Георгиј Иверски; (Павловден);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2025

Апостоли свети,молете го Милостивиот Бог,да ни подари прошкана гревовите на нашите души. Иако секој од Светите големи апостоли има свој...

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2025

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената,молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема...

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная