Скопје,13.04.2012 -0 Храмот на св.вмч. Димитриј
Велики Петок
Во светиот и Велик Петок се присетуваме на светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, пурпурната облека, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, по сето тоа - Крстот и смртта; а сето тоа се изврши во петок.
ЦАРСКИ ЧАСОВИ и Вечерна со Погребението на Господ Исус Христос
Свештенството при храмот на св.вмч. Димитриј во Светиот и Велики Петок, кога си спомнуваме за страшно страдање на нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос, отслужија Царски Часови и Вечерна со Погребението на Господ Исус Христос.
Процесот на самоочистувањето на фреските продолжува
Преминпортал
Лето Господово 2012