логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Известување за нашите македонци кои живеат во Сад и Канада!
Мироточива икона на Пресвета Богордица доаѓа во Џорданвил!

Bogorodica.mirotociva.jpg
 
 Царице моја, преблага, надеждо моја Богородице, на сиромашните помош и на оние кои страдаат радост и Покров... ние немаме друга помош освен Тебе, ниту друго утешение, но токму Тебе, о Богомати. Затоа сочувај не и заштити во сите векови. Амин!


 Од 8ми Април до 22, во време на Страсната и Светлата недела во Светотроитскиот манастир во Џорданвил ќе пристигне (и ќе биде овде) на поклонение Мироточивата икона на Пресвета Богородица “Омекнување на злите срца”, “Softener of Hard Hearts”.
 Возљубени наши македонци кои живеете во САД и Канада, ова е прекрасна прилика за сите нас да ја видиме оваа Мироточива икона, да се поклониме пред истата и да испросиме милост од Царицата Небесна, Пресветата Богородица која е Мајка на сите нас. Оваа Мироточива икона е уште еден доказ како Таа не милува и чува со Својата Мајчинска љубов и не утешува. Сите наши неволји и проблеми со солзи да и ги кажеме. Таа знае што е болка затоа што кога Христос го мачеа, плукаа и исмејуваа и Мајката Божја истовремено во срцето нејзино страдаше.
 Да испросиме милост од Неа и  да и благодариме за сета Нејзина Мајчинска љубов која ни ја дава!
 Радувај се Царице Небесна, Ти која ги омекнуваш срцата на сите зли луѓе!
 

 


Адреса на Светотроитскиот манастир:
Holy Trinity Orthodox Monastery
PO. BOX 36
Jordanville 13361 NY

доколку доаѓате со кола:
1407 Robinson Rd.


Доколку имате желба да дојдете но не сте во можност,
можете на  меил на еден наш семинарист да напишете имиња за здравје и за болни па кога ќе се порача Молебен кон Пресвета Богородица, пред Мироточивата икона, за нашиот народ македонски ќе бидат спомнати истите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

cellphone: 315-360-7644


 Таа, која е наша надеж и утешение, да не спаси и омекне нашите срца за да ги љубиме сите браќа и сестри!

 


Светотроитски манастир,
Џорданвил, Њујорк
Стојанче Серафим Андов


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Православен календар

 

22/07/2025 - вторникник

+Св. свештеномаченик Панкратиј, епископ Тавромениски; Св. свештеномаченик Кирил, епископ Гортински на Крит; Преп. маченици Патермутиј и Коприј; Преп. Патермутиј и Коприј; Св. Теодор, епископ Едески и другите со него;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули   2025

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 22 јули/9 јули 2025

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 21 јули/ 8 јули  2025

Тропар на св. Христов великомаченик Прокопиј 21 јули/ 8 јули 2025

Прокопие, Прокопие, дожду небесен за верните,благодатта Христова преку тебе мноштво ангели со тело раѓаше,исповедувањето постојано на вистината нов сјај и...

Тропар на светата Христова великомаченица Недела  20 јули/7 јули  2025

Тропар на светата Христова великомаченица Недела 20 јули/7 јули 2025

Лекувајќи ја душата твоја Бог те умудри,о света великомаченица Недело,времето за тебе запре кога со вистината се украси,без Љубов маките...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная