Матка, фвруари 2012 година
Ниедна помисла не се раѓа и не поминува без последици
Секое нешто со што се здобивате со вашиот внатрешен подвиг, се одразува на вашиот живот во Бог. Борете се против секоја страст која предизвикува во вас помисли на осудување против ближниот. Не го примајте тоа што непријателот ви го подметнува против оној што е неправеден со вас. Било да сте сами во вашата келија, било со други, секоја помисла на осудување, секој негативен внатрешен двиг, создава пукнатина во вашата духовна тврдина и во тврдината на братството [заедницата]. Ниедна помисла не се раѓа и не поминува без последици. Со добри помисли, во секој еден што ќе го сретнувате ќе можете да гледате возљубена личност. Наспроти ова, со лоши помисли вашето лице, вашите душевни сили ќе ги потресат вашите односи со другите и ќе влијаат на вашата околина.(Старец Софрониј)
За Преминпортал,
до сите нас,
со многу љубов,
сестринството од женскиот манастир посветен на Успение на Пресвета Богородица во Матка
Лето Господово 2012