логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ВОВЕДНИК:

Митрополит Брегалнички г. Иларион


Раѓањето Твое, Христе Боже наш,
светот го осветли со светлината на Богопознанието.
Преку неа служителите на ѕвездите,
се учеа од Ѕвездата да Ти се поклонуваат, Сонце на Правдата, и да Те познаат, Исток од Висините, Господи, Слава ти!
(Тропар на Рождеството Христово )

 Возљубени читатели!
 Многумилостивиот Бог наш, благослови да излезе од печат новиот број на “Троичник”, за ваша и наша духовна полза, за утврдување во верата и за поголема духовна радост пред големиот православен празник, Рождество по плот на нашиот Господ Исус Христос - Божиќ. Уште еднаш сакаме да ја искажеме нашата голема православна радост, што ова заедничко списание станува сè повеќе барано, не само од верниот народ Божји, туку и од сите кои се жедни за Бога и кои сакаат да го примат во своето срце. Сега е време на спасението, настапи часот кога мораме повеќе од било кога во досегашната човечка историја, да го шириме словото Божјо, особено денес кога владее духовна глад и жед за спознавање на вистината. А Бог е Вистина, и успехот на ова наше мало мисионарење, ќе биде целосен, само доколку заедно се трудиме на нивата Господова, со заеднички сили, подвизи и самопожртвување да го посееме словото Христово во срцата на сите наши најмили. Нема поголем дар за слепиот, од тоа да му дадеме вид, нема поголема милостина за сиромавиот, од тоа да му подариме богатство, нема поголема љубов кон паднатиот во гревови и страсти човек, од тоа да го приведеме кон патот на спасоносното Евангелие и да го доближиме до Бога и до Небесното Царство. Токму затоа постојано се радуваме, што ова наше скромно списание го примате слично на витлеемската пештера којашто го прими Христос во себе, и како што нејзината темнина беше осветлена од Предвечното Сонце - Богомладенецот Христос, така и словото Божјо кое што ви го нудиме во овој нов предбожиќен број, се надеваме дека ќе ја осветли секоја темнина во вашиот живот, зашто Христос е Светлината “Која го осветлува секој човек”(Јован 1, 9). Словото Божјо доаѓа за да го разбуди заспаниот модерен европски човек, “доаѓа и тропа на вратата, и секогаш сака да влезе, затоа отвори ги дверите на твоето срце, раскрили ја длабочината на твојата душа, па ќе го спознаеш богатсвото на смирението, ризницата на мирот и сладоста на благодатта”, вели Св. Амвросиј Медиолански.

 Мили чеда во Господа!
 Во пресрет сме на еден од најголемите православни празници, кој е Мајка на сите наши останати пазници. Во овој свет, изопачен од гревот и ѓаволот, кога целата земја беше осквернета и извалкана од лагата, омразата, себичноста, блудот и развратот, кога ѓаволот со своите мрежи на овоземните наслади, успеа да го улови речиси целото, паднато во грев човештво, се Овоплоти Бог, за со своите пламени очи, со љубов да нè погледне и да нè избави од смртта и трулежноста, за да нè соедини со Себе и да ги земе на Себе гревовите на сите луѓе. Овоплотувањето на Христос, Синот Божји и Неговото Раѓање од Пресвета Богородица, е доказ на љубовта Божја кон паднатиот човечки род. Со Своето доаѓање во човечко тело, Бог совршено покажа и докажа дека Он е Љубов. Синот Божји, се роди по плот, токму на Божиќ, за да го уништи гревот и да го спаси човекот од смртта, бидејќи првиот човек – Адам, ја прекрши заповедта дадена од Бога и го направи првиот грев, подложувајќи ги сите луѓе по него на смртното ропство и оддалечувајќи го човекот од Бога. Затоа, Вториот Адам – Христос, го победи гревот, ја уништи смртта и го врза ѓаволот, а на човекот му подари богоопштење, односно му го врати изгубеното достоинство и го удостои со живот во заедница со Бога.
 Богочовекот Исус Христос се Овоплоти и Роди од Пресветата Дева, за да ја врати во луѓето боголикоста, зашто Оној Кој е Образ на Отецот требаше да го возобнови човекот кој е создаден по образ Божји. Никој друг освен Христос кој е Лик на Отецот, не можеше да го врати Адама во рајот, а со него и сите луѓе кои се родија од него, бидејќи сите ги споделуваа последиците од гревот. Никој друг освен Него, ниту ангелите, ниту луѓето. Како што вели Св. Атанасиј Велики: “Бог стана човек, за човекот да стане бог (по благодат)”. Затоа, Божиќ е празник на помирување на човекот со Бога, празник на мирот и на обединувањето на небото и земјата. Луѓето за свои браќа ги добија ангелите, херувимите, серафимите и останатите небесни сили, и добија посинување од Бога, добија можност да се наречат синови Божји по благодат. Божиќ е уште и ден на радоста, утехата, милосрдноста, љубовта, кротоста, чистотата, девственоста, среќата и убавината. Едноставно не постојат доволно зборови за да ја искажеме убавината и значењето на овој за нас пресветол ден.
 Затоа наши драги читатели, да се потрудиме да бидеме сведоци на ова преубаво помирување на Бога со луѓето, да го молиме Бога преку целиот наш Божиќен пост, да нè направи скапоцени садови на благодатта Божја, да ги освети нашите души и да ги преобрази во пештера, а срцата да ги претвори во јасли за да можеме да го примиме Богомладенецот во себе, да се молиме да ни овозможи со вера да се поклониме на Предвечното Дете и заедно со ангелите да станеме благовесници на Рождеството Христово и мирот Божји да можеме да го пренесеме на сите луѓе во светот, бидејќи токму денеска ни е многу потребен.

“Слава на Бога во висините, а на земјата мир
и меѓу луѓето добра волја”
(Лука 2, 14).

ХРИСТОС СЕ РОДИ – НАВИСТИНА СЕ РОДИ!!!

troicnik.korica2.jpg


Новиот број  содржи:

troicnik.korica1.jpg

протоереј Јован Бриа
ХРИСТОВИОТ РОДОСЛОВ
епископ Калистос (Вер)
КАКО ДА ЈА ЧИТАМЕ БИБЛИЈАТА?
свети Јован Златоуст
МЕСТО ЗА ПОДВИГ Е СЕКАДЕ ОКОЛУ НАС
архимандрит Рафаил (Карелин)
НЕ ПРАВИ ПРЕЉУБА
Митрополит Брегалнички г. Иларион
СЛОВО ЗА СВЕТОТО КРШТЕНИЕ
ЖИТИЕ НА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ФИЛИП
психолог Слободанка Поп-Андонова
РЕЛИГИОЗНО ОБРАЗОВАНИЕ
свештеник  Влатко Мирасчиев
ЛИХВАРСТВОТО - ИНТЕРЕС ИЛИ РОПСТВО?
КАКО ДА НАЈДАМ ЗА СЕБЕ ДУХОВЕН ОТЕЦ?
протојереј Златко Ангелески
ЧОВЕЧКИОТ ЗБОР
дипл. теолог Кирче Трајанов
ХРИСТИЈАНИЗАЦИЈАТА НА
МАКЕДОНСКИТЕ СЛОВЕНИ
монах Мојсеј Светогорец
ПРАВОСЛАВНОТО ПОДВИЖНИШТВО



ТРОИЧНИК - списание за православна вера култура, уметност, образование и воспитание,
година В, број 20, излегува четири пати годишно
е-маил: slovo@mt.net.mk

издавач: Брегалничка Епархија
на Македонската Православна Црква, Штип.
http://www.mpc.org.mk/
Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион
Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин,
протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Климент Мишањ,
свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог
Жаклина Трајчев,
дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева.
лектура и дизајн: ѓакон Тони Петрушевски

печати: Европа 92, Кочани

troicnik.korica.jpg

Бесплатниот примерок од списанието можете да го најдете во  црквите во Брегалничката епархија. 

Посети:{moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

15/05/2026 - петок

Свети цар Борис-Михаил Покрстител ; +Пренос на моштите на Свети Атанасиј Велики; Светите маченици Борис и Глеб; Светите маченици Еспер, Зоја, Киријак и Теодул;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај  2026

Тропар на преносот на моштите на светиот Христов архиепископ Атанасиј Велики 15 мај/ 2 мај 2026

Велик си ти Атанасие слуго на Бога Живиот,исповедниче на православието, учителу на верата која спасува, преку тебе Духот Свети вселената...

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная