логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Рождество на Господ Исус Христос

Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не.

А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство.  Повеќе...


Свети Антониј Велики

Знајте сигурно дека нема да можете ниту да напредувате, ниту да раснете, ниту да станете совршени, ниту јасно да го разликувате доброто од злото, ако не им се покорувате на своите отци.

Goran.T.lit.jpg

Скопје, 8 октомври 2011 год.- манастирска црква на св.вмч.Георгиј, К.Дол

На празникот на преподобна Ефросинија, и преподобен Сергеј Радоњежски во храморт на св.вмч.Георгиј, К.Дол, отец Горан Тасески отслужи Утрена Богослужба.

Goran.T.lit.jpg

Goran.T.lit.jpg


Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 13)

Во она време дојде Исус во Назарет, каде што беше пораснал, и по обичајот Свој влезе еден саботен ден во синагогата, па застана да чита. Му ја подадоа книгата на пророкот Исаија; и Он, штом ја отвори, го најде местото каде што беше напишано: „Духот Господов е врз Мене; затоа Ме помаза да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да ги исцелам сокрушените по срце, да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените; да ја проповедам благопријатната година Господова!“ И кога ја затвори книгата и му ја даде на слугата, седна; а очите на сите во синагогата беа вперени во Него. И почна да им говори: „Денес се исполни ова Писмо, што го чувте.“ И сите Му посведочија, и се восхитуваа на Неговите благодатни зборови, што излегуваа од устата Негова.

Goran.T.lit.jpg

РАСУДУВАЊE

Свeтитeлoт нe блeска сo надвoрeшнoста. Сeтo нeгoвo бoгатствo e внатрe, вo душата.Нeкoј сeланeц дoшoл oд далeку вo манастирoт да гo види св. Сeргија. Кoга ги прашал мoнаситe за игумeнoт тиe му рeклe дeка e на рабoта вo бавчата. Сeланeцoт oтишoл вo бавчата и таму видeл чoвeк вo бeдни и искрпeни алишта кадe штo кoпа какo и сeкoј друг рабoтник. Сeланeцoт сe вратил вo манастирoт нeзадoвoлeн, мислeјќи вo сeбe дeка мoнаситe му сe пoтсмeваат ипoвтoрнo рeкoл, за да бидe пoјасeн, дeка сака да гo види прoславeниoт свeт oтeц Сeргиј. Тoгаш пристигнал и Сeргиј вo манастирoт, гo нагoстил сeланeцoт, служeјќи му сам oкoлу трпeзата. Свeтeцoт прoзрeл вo срцeтo на свoјoт гoстин, и знаeл дeка тoј за нeгo има мнoгу нискo мислeњe, па гo тeшeл дeка акo пoчeка уштe малку ќe гo види Сeргиј. Тoгаш вo манастирoт пристигнал
нeкoј кнeз сo свoјата придружба и кнeзoт и придружбата длабoкo му сe пoклoнилe на св. Сeргиј и пoбаралe нeгoв благoслoв. Мoнаситe гo oддалeчилe сeланeцoт oд oдајата за да сe направи мeстo за нoвитe гoсти. И тoј сeланeц, вo чудo, oддалeку глeдал и наѕирал за да гo види
oнoј штo нe сакал да гo види oдблизу. Самиoт сeбe сe укoрувал заради свoeтo нeзнаeњe и мнoгу сe пoсрамил. Кoга си oтишoл кнeзoт, сeланeцoт брзo сe приближил дo свeтитeлoт, паднал прeд нeгoвитe нoзe и пoчнал да гo мoли за прoшка. Гoлeмиoт свeтитeл гo пoмилувал и му рeкoл: “Нe тагувај, синe, ти си ја пoмислил eдинствeната вистина за мeнe смeтајќи мe за ништo, дoдeка другитe сe сoблазнија смeтајќи мe за нeштo гoлeмo”.

Goran.T.lit.jpg

Goran.T.lit.jpg

Goran.T.lit.jpg

Goran.T.lit.jpg

Goran.T.lit.jpg

Goran.T.lit.jpg


Goran.T.lit.jpg

Преминпортал

Лето Господово2 011

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

« »

Православен календар

 

07/01/2025 - вторник

Рождество на Господ Исус Христос;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја   26 декември / 8 јануари 2025

Тропар на соборот на Пресветата Мајка Божја 26 декември / 8 јануари 2025

Дојдете сите верни ум да подигнеме кон Небесата, со Ангелите да ја восфалиме ОнааКоја е поширока од Небото,умилно песни да...

Тропар на Рождество на Господ Исус Христос – Божик 25 декември / 7 јануари 2025

Тропар на Рождество на Господ Исус Христос – Божик 25 декември / 7 јануари 2025

Глас 4Раѓањето Твое, Христе Боже наш,светот го озари со светлината на разумот;преку неа, служителите на ѕвездите се учеаод ѕвездата, да...

Тропар на светата преподобномаченица Христова ЕВГЕНИЈА 24 декември / 6 јануари 2025

Тропар на светата преподобномаченица Христова ЕВГЕНИЈА 24 декември / 6 јануари 2025

Евгенија, света Евгенија – небото повикува, вселената се радува.Природата светителке е во твоите раце – од благодат врз благодат огнот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная