логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Pimen2011a.jpg

Во издание на Македонската православна епархија за Европа, деновиве излезе од печат книгата „Што напишав, напишав“ на Митрополитот Европски Пимен. Книгата се издава по повод 5-годишниот јубилеј од интронизациите на надлежните архиереи на Американско-канадската, Европската и Брегалничката епархија.

 

Амвон

(или нешто како вовед)

           

Како и секој воведен текст, така и овој има за цел, преку објаснувањето на суштината на насловниот збор амвон и преку објаснувањето на насловот на зборников на текстови „Што напишав, напишав“, да се објасни начинот на кој дојдов до идејата и како се формираше концептот на книгава што е пред вас, мои возљубени духовни чеда и мои поддржувачи за време на пишувањето на истата. Воедно, во него уште на почеток би ви заблагодарил на сите вас кои со вашите прашања за некои состојби во Црквата, општеството, но и од областа на теологијата ми бевте инспирација за актуелизирање на многу теми од овие сфери на кои се осврнав при пишувањето.

            Зборот амвон е од грчко потекло, како и многу други термини кои Црквата Православна ги има во употреба уште од нејзините почетоци, па затоа е потребно да се побара превод. Така, во некои од преводите, амвонот може да го сретнеме како папок или испакнување на штитовите, но тоа нема директно да ни ја објасни суштината (освен ако папокот не го разбереме како центар на човечкото тело, а испакнувањето како центар на штитот којшто служи за одбраната од напади), бидејќи во Црквата ќе го сретнеме со ново значење, со директно значење на говорница (проповедална), односно како место од кое се читало Евангелие, апостол или некој старозаветен текст пред верниот народ за време на богослужбите, а потоа и се проповедало од него. Во таков случај повторно се враќаме кон првичното толкување, кон центарот, со тоа што овојпат проповедта и секое читање од амвонот, треба да ги разбереме како центар на развивање на верата.

            Историски, амвонот го менувал местото, но не и улогата во Црквата, па така во базиликално изградените цркви од раните векови на Црквата, амвонот ќе го сретнеме на спојот на наосот (делот каде што стои народот за време на богослужбите) и олтарот (делот зад иконостасот, којшто е наменет за свештенството). Амвонот секогаш бил завртен кон верниот народ, а подигнат на неколку скалила од подот на црквата, за да може погледот на верниците да биде насочен кон проповедникот. Подоцна, во Православната Црква, местото на амвонот се сели пред иконостасот, како полукруг, од каде оној кој ја богослужи Светата Литургија чита Евангелие и проповеда, односно произнесува толкување на Евангелието или празнична беседа. Во некои од нашите цркви од крајот на 19. и почетокот на 20. век, амвонот го среќаваме и ден-денес, прилепен на одредена висина на некој од задните носечки столбови на храмот.

            Но, треба ли секогаш беседата да биде врзана со амвонот? Размислувајќи за одговорот на ова прашање, се сетив на деновите кога почна да се возобновува општожителното монаштво во нашата света Црква, кога нашите тогаш млади и богобарателски души сонуваа да ја видат или да се населат на Света Гора Атонска. Се сетив дека тогаш од нашиот духовен отец, митрополитот Наум Струмички чувме збор кој многу нè утеши и ги смири нашите намери. Неговите зборови беа: Света Гора не е место, Света Гора е начин. Имајќи ги овие зборови секогаш на ум, затоа што се обвистинија низ практикувањето на монашкиот живот проследен со аскетско-исихастички подвиг низ Исусовата молитва, ќе одговорам во истиот дух, дека беседата не треба да биде врзана со амвонот, бидејќи и амвонот не е место, туку пред сè е начин. Само така амвонот ќе го разбереме и како насушна потреба за развивање на верата, како што напоменав погоре, и само така ќе ја разбереме неговата суштина, а не само формата.

            Ако се вратиме во времето Христово, преку Евангелието ќе се увериме дека и Самиот Христос, аголниот камен на нашата вера христијанска, не користел говорница за проповед, туку го користел секое место за да ја објави својата спасителна проповед, било тоа да е некое природно возвишение, чамец рибарски... Тој начин го следеле и апостолите. Да се сетиме, на пример: на нивната проповед на Педесетница, на светиот апостол Филип во кочијата на етиопскиот великодостојник, на светиот апостол Петар во затворот, на светиот апостол Павле во Ареопагот, но и крај реката во Филипи... Тој пример го користеле и сите свети отци и маченици на Црквата Божја во нејзините први три века до официјализирањето на Црквата со Миланскиот едикт од 313 година.

            И како ќе се развивала Црквата, и како ќе стигнела нејзината мисија до оние коишто никогаш не посетиле некој од храмовите нејзини, ако некогаш се врзела само со проповед од амвонот? Таквата проповед ќе била омеѓена само меѓу народот кој притекнувал во црква.

            За да се избегне таа опасност, како што Христос и апостолите им ја давале проповедта на последувателите на различни начини и форми, не само што денес е дозволено туку уште повеќе е потребно, па оттаму и слободата да се менува и формата и медиумот за постигнување на што поголем ефект. Имајќи ги на ум сите овие примери на неврзување на беседата или проповедта со амвонот, односно на слободата која веќе

ја појаснив, како и на техничко-технолошкиот развој на општеството, се роди и концептот за оваа моја книга. Така, таа е составена од повеќе текстови изречени или напишани во различни пригоди и за различни потреби, но сепак, со една основна цел: да се приближи словото Божјо до народот, а народот до Бога, па да се разбие онаа стереотипна слика за Црквата – дека е конзервативна, а нејзиниот клир незаинтересиран за ништо друго освен за печалба.

            Првото поглавје го сочинуваат три класични амвони – беседи изречени при мојата хиротонија во епископски чин, при мојата интронизација на чело на Македонската православна епархија за Европа, во Малме, во Кралството Шведска, и при поставувањето на камен-темелникот за изградба на црквата посветена на свети Наум Охридски во Тринген, Швајцарија. Овие беседи се ставени на почетокот на книгата, за да можат да послужат за споредба со другите начини на проповед, кои се разликуваат во формата и стилот, но сепак се задржуваат на суштината, односно на целта која треба да ја постигне секоја беседа.

            Вториот дел е едно излагање на екуменските средби во духот на Асиз во Загреб, Република Хрватска, пред претставници на сите тамошни признати вери и вероисповеди. Се дебатираше на тема Верникот во промоција на семејните вредности, па овој текст е претставување на православниот став на оваа тема пред останатите конфесии.

            Потоа следи извадок од едно Велигденско интервју за весникот „Дневник“, кое влезе во концептот на книгава како пример дека, ако е теолошки поткован и добро подготвен, новинарот може да постави суштински прашања, кои преку соодветните одговори можат да се претворат во една мини и некласична проповед која, пак, може некого од читателите да поттикне на размислување за верата, исто како што тоа може да го направи и богослужбената беседа изречена од амвонот.

            Следното и најбројно поглавје се колумните, кои најпрвин почнав да ги пишувам за веб порталот „Кирилица“, за потоа, охрабрен од ефектот којшто го постигна првата колумна на порталот, да продолжам со пишување. Следеше предлогот од дневниот весник „Дневник“ да пишувам во еден период како замена, а подоцна и како редовен колумнист на истиот весник, а во последно време, поради обврските, само како повремен колумнист. Оваа практика на пишување колумни продолжи, па некои од нив се објавуваа и во весникот „Нова Македонија“, во печатеното издание на магазинот „Премин“, како и на веб порталот „Премин портал“, кој ги следеше и ги објави сите мои текстови, за што на уредништвото од сè срце им благодарам.

            Неколку години наназад го користам и изданието на православниот џебен календар на нашата Европска епархија, за да испратам порака и поука до верниот народ од европската дијаспора, па така, две од тие посланици се поместени во петтото поглавје од книгава.

            Во нејзин состав влегува и еден текст кој беше објавен во швајцарскиот кантонален весник „SurseerWoche“, а кој имаше за цел да ги разбие предрасудите на домородното швајцарско население кон нас Македонците, како православен народ, бидејќи изградбата на храмот во Тринген за нив беше прва средба со оваа вероисповед.

            И на крај, како последен дел, е поместен предговорот на македонското издание на книгата „Огнената река“, којшто е своевидно објаснување на нејзината суштина, а кое воедно претставува и кратка проповед за суштината Божја, па затоа е поместена во нејзин состав.

            Не би сакал а да не дадам објаснување за името на книгава, бидејќи на прв поглед насловот на книгава буди размислување дека тука прекинувам со пишување и дека, конечно, народот ќе одмори од моите текстови. Напротив, не станува збор за престанување со пишување, туку за заокружување на еден период.

            Насловот е инспириран од 19. глава од Евангелието според светиот апостол Јован Богослов, а се цитирани зборовите на Понтиј Пилат. Во ова поглавје од светото Евангелие се зборува за измачувањето на Христа од страна на римската војска, под власт на Понтиј Пилат, но и за измачувањето на совеста на Пилат, кој барал начин да Го ослободи Исуса, особено по слушањето на зборовите дека Он е Син Божји. Од тој момент кај него почнала да работи не само совеста ами и стравот. Но, оние кои ја барале смртта на Синот Божји, постојано го зголемувале притисокот врз Пилата. Тој не само што прекумерно и преку своја волја им угодил со одлуката за распнување на Христа, туку од него се побарало да го промени текстот на табличката на која била испишана вината Христова од Исус Христос цар јудејски, во Оној кој сам се нарече цар јудејски (види Јован 19, 21). Пилат во тие моменти, сфаќајќи дека направил толку голем грев со одлуката за Христа, не сакал да се повлече ни при овој притисок. Сфатил дека стравот од гревот е многу поголем од стравот од во гнев и безумие паднатиот род јудејски. Сето тоа тежело од една страна, а од другa страна, лично верувам дека му се открило, соодветно на неговото покајание за извршеното злодело, и тоа дека ништо не е случајно на светот и дека не се случајни ни тие напишани зборови. Па, раководен од тоа, ги изрекол и овие клучни зборови: „Што напишав, напишав“ (Јован 19, 22); и, одговарајќи им на оние кои ја побарале казната за Христа, со овие зборови им одговорил дека верува во она што го напишал и стои зад напишаните зборови.

            Сфаќајќи ги овие зборови на Пилата онака како што погоре напишав, Пилатовиот одговор го земав

за наслов на мојава книга, како одговор пред сите читатели дека и јас стојам зад сето она што сум го кажал, односно напишал на странициве што се пред вас.

            Пред да се препуштите на читањето на содржината, би споменал уште нешто. Сите текстови што ја сочинуваат книгата се јавно објавени и беа подложени на критика, позитивна и негативна, преку коментарите од читателите или преку лична комуникација со некои од читателите. Сепак, верувам дека сите коментари не се исцрпени, особено што не се коментирани како собрани текстови, па оттука би бил благодарен да чујам или прочитам уште некој коментар, сметајќи дека тоа многу помага во развојот на стилот на секој автор.

            На крај, би сакал да истакнам посебна благодарност на мојот сакан другар и секогаш интересен соговорник Агим Јонуз, кој го напиша предговорот на оваа книга, со што ѝ даде димензија на наднационална и надверска лектира.

 

Ресен, 5 април 2011


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

30/07/2024 - вторник

+Светата маченичка Марина; Преподобен Леонид Устнедумски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Емилијане свети мачениче,од роб на луѓе слуга Божји постана,од лагата во вистината Мудроста те приведе.Идолите рушејќи ги прво во себе,

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Како Елена света која по Крстот трагаше –Крст од Небесата за тебе испратен беше,како Јона кој во китова утроба патуваше...

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная