Со Божји благослов и закрилништво на св.Прохор Пчински, надлежниот епархиски архиереј Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Преспанско Пелагониски и Администратор Австралиско Новозеландски г. Петар, со игуменот на манастирот о.Гаврил и сето свештенство на државата Виктроија го освети паралисот на св. Прохор Пчински во истоимениот манастир, а потоа ги освети и темелите на идниот конак кој треба да се гради овде и кој ќе е резиденционален на Митрополитот на овој континент.
На денот на св. ап. Тадеј и св. мч-чка Васа Солунска мноштво народ од оваа Епархија се собра околу својот Епископ и свештенството да сите заеднички учествуваме во овој свечен и не секојдневен чин. Благодатта беше присутна, посебно со донесувањето на светите мошти и нивното полагање на чесната трпеза, каде што на Светата Ефхаристија се осветуваат Светите Дарови Христови. Бог го покажа Своето присуство и Неговата волја за овој свет манастир со сноп светлосен зрак кој паѓаше директно врз светите мошти кога тие се полагаа во основата на светата трпеза, а ако Бог е со нас, тогаш кој ќе е против нас? (Рим. 8,31)
Извор: манастир на св.Прохор Пчински, Донибрук, Австраликја
http://www.mpceanz.org.au/donnybrook-osvetuvanje-paraklis-temeli-2011/