![V.Metodij.pp2.jpg V.Metodij.pp2.jpg](/images/stories/vesti10/V.Metodij.pp1.jpg)
Оваа 2011 година, 33-та генерација дипломирани богослови на Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“, ја прославува десетгодишнината од своето матурирање. По тој повод, нивниот класен раководител, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Американско-канадски г. Методиј, во петата Недела по Велигден, благоволи заедно со своите ученици да отслужи света Божествена Литургија во Соборниот храм, во Скопје. Литургијата како потврда на севкупната теологија и животот во Христа, беше нивниот „класен час“. Во Богословијата, пред десетина години, отец Методиј ги учеше и ѝ сведочеше на младите богослови за нераскинливото единство на теолошката наука и животот во Црквата, како служба на Бога и ближниот.
Во својата проповед на литургијата, митрополитот посака и во наредните децении, неговите ученици како свештенослужители и дипломирани теолози, непоколебливо да служат на Бога и Црквата.
За Преминпортал: Кире Трајанов