Христос воскресе!
Како животоносен, како од рајот попрекрасен, навистина посветол од секоја царска одаја се покажа Христе Твојот гроб, изворот на нашето воскресение.
![](/images/stories/vesti07/mark.jpg)
На првиот ден од Воскресението Христово во Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи света Воскресна Литургија, на која меѓу многубројниот присутен народ беа и претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата Никола Груевски. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Воскресната Литургија, следeше читање на св. Евангелие на повеќе јазици.
„Оваа светла седмица, иако трае 7 дена, сепак се смета дека е еден ден, кој е слика на идниот невечерен осми ден кој ќе настапи при Второто Христово пришествие. И нема да има темнина бидејќи Христос, Воскреснатиот наш Бог, ќе засветли како Сонце, посветло од секое сонце, зашто Он дава живот на секое тело, и Он е Сонце на правдата.“
По Литургијата
По повод празникот на Воскресението Христово - Велигден, веднаш по воскресенската Литургија во Соборниот храм во Скопје, Неговото блаженство, Архиепископот Оохридски и Македонски, г. г. Стефан, во својот Кабинет, приреди прием за членовите на државниот врв: Претседател на Р. Македонија г. Ѓорѓе Иванов, Претседател на Собранието на Р. Македонија г. Трајко Велјановски, Премиер на Р. Македонија г. Никола Груевски, со сопругите. На приемот присуствуваше и г-ѓа Валентина Божиновска, Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи во РМ .
Warning: No images in specified directory. Please check the directory!
Debug: specified directory - https://preminportal.com.mk/images/Stefan2011
Преминпортал
Лето Господово 2011