Скопје, 22.04.2011- Храмот на св. Петка -
Велики Петок
Во светиот и Велик Петок се присетуваме на светите, спасителни и страшни страдања на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, што заради нас доброволно ги прими: плукањето, биењето, шлаканиците, навредувањата, исмејувањето, пурпурната облека, трската, сунѓерот, оцетот, клинците, копјето и, по сето тоа - Крстот и смртта; а сето тоа се изврши во петок.
ЦАРСКИ ЧАСОВИ и Вечерна со Погребението на Господ Исус Христос
Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во Светиот и Велики Петок, кога си спомнуваме за страшно страдање на нашиот Господ и Бог и Спасител Исус Христос, сослужуваше во храмот на св. Петка во Скопје, каде се отслужија Царски Часови и Вечерна со Погребението на Господ Исус Христос.
Преминпортал
Лето Господово 2011
Друго:
http://preminportal.com.mk/content/view/6080/3/