логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


premierot.izlozba2.jpg

Скопје, 10 декември (МИА) - Во Музејот на град Скопје, вечерва беше отворена археолошката поставка на околу 300 артефакти ископани на скопската тврдина Кале.

premierot.izlozba5.jpg
premierot.izlozba6.jpg

Како што истакна Драги Митревски раководител на проектот за ископување на скопското Кале,  изложбата е резултат на повеќемесечната работа на Скопската тврдина.

premierot.izlozba4.jpg

- Изложбата претставува крајниот продукт на нашата работа. Секој од овие предмети има своја порака која доаѓа од минатото, рече Митревски.

Тој во својот говор се заблагодари на Владата на Република Македонија, археолозите и студентите кои учествувале на проектот, како и на конзерваторите, кои како што истакна Митревски, ја завршиле најголемата работа со конзервација на вредните артефакти пронајдени на тврдината Кале.
premierot.izlozba3.jpg

Премиерот Никола Груевски истакна дека културното наследство за една држава преставува и нејзин идентитет. Тој рече дека истражувањето и заштитата на културното наследство е приоритет на Владата, бидејќи  тоа е необновлив извор кој го прикажува идентитетот на заедниците.
premierot.izlozba10.jpg

- Владата финасиски ги помогна археолошките истражувања на Скопската тврдина, со цел да се открие она што со децении стои пред нашите очи а никој не му дал соодветен третман, рече Груевски, додавајќи дека на скопското Кале се откриени откриени артехакти од праисторијата, антиката и средниот век.
premierot.izlozba11.jpg


- Овие ископувања ќе ни помогнат да го подигнеме културното, историското и цивилзациското ниво на македонската државност. Артефактите изложени во овој Музеј, се керамички предмети од богата керамичка продукција пронајдени на Скопската тврдина. Пронајдени се разни видови на монети од споменатите периоди, оловни пломби од раниот среден век, и други предмети кои ќе го красат овој Музеј, нагласи Груевски.

premierot.izlozba7.jpg

Тој додаде дека Владата и понатаму финасиски ќе го поддржува проектот, со  конзервација и реставрација на југозападните кули на Калето, како и на другите локалитети во Македонија, како Скупи, Стоби, виничкото Кале.  За таа цел Владата од Буџетот за 2008 година за проектите во културата, како што рече премиерот, ќе бидат одвоени 900 милиони денари.

premierot.izlozba8.jpg

premierot.izlozba.jpg

ли/зш/21:49

Бронзената монета на Александар Трети Македонски, најстарата досега откриена монета на Калето е само еден од епохалните наоди, кои прексиноќа беа презентирани на изложбата со артефактите ископани на Скопската тврдина


Бронзената монета на Александар Трети Македонски, најстарата досега откриена монета на Калето е само еден од епохалните наоди, кои прексиноќа беа презентирани на изложбата со артефактите ископани на Скопската тврдина. Неколку стотици граѓани, студенти од Факултетот за археологија, археолози, академици, политичари беа дел од првото запознавање со новото значајно културно наследство кое го добива Македонија. Сега на потег се нумизматичарите да протолкуваат што значи пронајдената бронзена монета со ликот на Александар Трети на Калето. Толкувањата на експертите вообичаено велат дека бронзените монети се оние кои се во масовен оптек во секојдневната трговија и се знак за тоа кој ја владее и управува територијата на која се пронајдени.

Изложбата ја отвори премиерот Никола Груевски, чија Влада, за прв пат го стави културното наследство во своите врвни приоритети.

- На овој рид покрај Вардар, континуитетот на живеење археолозите го мерат со бројка од 6.000 години. Ова богатство од културни слоеви ќе ни овозможи да го подигнеме културно историското и цивилизациско ниво на македонската државност, рече Груевски.

По седум месеци интензивни археолошки истражувања на Калето, тимот за истражување, конзервација и ревитализација на Скопската тврдина е презадоволен од ископаното.

-Во многу сегменти се надминати очекувањата. Оваа изложба има амбициии, тие резултати што е можно поцелосно да ги презентираа и пошироко афирмира, вели координаторот на проектот, проф.д-р Драги Митревски.

Најстарите остатоци од човекова активност на Калето се врзани за Бакарното доба, додека непрекинатиот и бурниот историски развиток како вистински градски центар или средновековно Скопје започнува некаде кон крајот на 10 век или во Самуилово време.

-Тогаш, под Самуил, Скопското Кале било заштитено со убаво ѕидани бедеми, кои целосно го оградуваат Горниот град, формирајќи, по многу нешта единствен фортификациски систем, граден според највисоките тогашни критериуми и градежни техники. Откриените бројни монети од 10. и 11. век, погребувања веднаш од внатрешната страна на јужниот бедем, боеви секири и стрели, керамика и други ситни наоди од истото време зборуваат дека Калето во тоа време функционирало најверојатно како голем воен кастрон. Крепоста била стратешки поставена во центарот на Самуиловата државата, објаснува Митревски.
Изложбата во Музејот на град Скопје ќе биде отворена подолг период, а домашната и светска јавност допрва ќе расправа за наодите.

Наодите го демантираат Евлија Челеби
-Во есента 1689 година австриска војска под Пиколомини го зазела Скопје. Во воениот извештај испратен до царот во Виена стои дека Скопската тврдината била полуразурната, слабо бранета со 12 запустени кули и слаб одбранбен ров (од исток). Доволни биле 400 коњаници за во еден јуриш да ја освојат тврдината. Овој извештај е сосема спротивен од познатиот опис што го оставил Евлија Челеби од истото тоа време. Археолошките наоди, откриени со истражувањата го потврдуваат извештајот на Пиколомини. Еден натпис што стои вѕидан во источниот бедем, датиран во 1700 година зборува за голема обнова на Калето. Со истражувањата заклучивме дека тоа и се случило, вели Митревски.

Анита ЈОВАНОСКА-Вечер



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

12/05/2026 - вторник

+Свети Василиј Острошки; Светите девет маченици во Кизик; Преподобен Мемнон Чудотворец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная