Во Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, денес, на 6 март 2011 година, на празникот Прочка беше отслужена Вечерна богослужба и се најави почетокот на Великиот пост. На Вечерната присуствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, Митрополитот г. Горазд, заедно со свештенството на Скопската епархија и многубројниот верен народ. Од Поглаварот на МПЦ побара прошка свештениците и верниот народ, a верниците меѓу себе си побараа прошка еден од друг.
Со воздржување да побрзаме сите телото да го смириме, минувајќи го божественото поприште на светиот пост, и со молитви и солзи Господа, нашиот Спасител, да Го побараме, викајќи: Згрешивме, спаси не, како некогаш Ниневјаните, Христе Цару, и заедничари на Царството небесно, Милосрден, направи не.
Паѓам во очајание, кога мислам на делата мои, Господи, достојни за секакви маки, зашто, ете, откако ги презрев чесните Твои заповеди, Спасителу, животот мој блудно го потрошив. Затоа се молам, откако со водата на покајанието ќе ме очистиш, со пост и молитви како единствен милостив проевети ме, Преблаг Добротвору на сите, и не гнаси се од мене. (ПОСЕН ТРИОД : НЕДЕЛА ОД СИРНА СЕДМИЦА -ВЕЧЕРНА)
Преминпортал
Лето Господово 2011