логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Stefan.Veles5.jpg

 

ДЕЛО ЗА ДУХОВНА РАДОСТ И ИСТОРИЈА[1]

 

Најнапред би сакал, од името на браќата архиереи, свештенослужителите и сите присутни гости, да му заблагодарам на домаќинот - Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, за поканата да бидеме заедно на денешнава духовна радост. Се собравме да го благословиме новото руво на овој велелепен храм и молитвено да Му заблагодариме на Бога што и во овие тешки времиња, времиња со многу искушенија, ни даде можност за духовно освежување и надградување.

Преосветувајќи го денес овој храм, прилика е да се потсетиме и на времето кога е тој граден (1874 г.) и на условите и невремињата во кои истиот е изграден. Да се прашаме – каква вера, каква храброст, какви сили и можности – духовни и материјални, имаа тогашните велешани, та успеале да го изградат овој храм, посветен на Мајката Божја, Пресвета Богородица, како и другите – „Свети Спас“ (XIX век) и „Свети Пантелејмон“ (1840 г.), кои се подигнати врз темели на поранешни цркви. Сите тие, како и оние околу Велес, говорат за богољубивите и охристовени души на тогашните велешки верници. Тие сведочат дека градот Велес не бил само град Киприли – град мост, само град на значајни сообраќајници, град на занаетчии и трговци, на преродбеници и книгољупци, на грнчари и гемиџии, туку бил и град на духовници, град со богољубив и црквољубив род, град со богат и буден црковно-национален живот. Тогашните велешани се пример дека за Бога не се дава и не се гради во Негово име само кога сме економски и материјално силни, туку кога духовно сме најбогати! На Бога не Му даваме кога Бога во себе не Го носиме, туку тогаш кога за Него живееме!

Знаејќи ја местоположбата на Велес и имајќи ги предвид височинките на кои некогаш се изградени споменатите цркви, треба да истакнеме дека велешките храмови восхитуваат не само со својата големина, туку и со своето велелепие во поглед на архитектурата и уметноста. Но, она што е особено значајно и карактеристично за православниот народ во Велес е фактот што и сегашниве велешани продолжуваат по примерот на постарите: и денес се гради нов соборен храм, а, еве, денес го преосветивме овој целосно возобновен и украсен храм. Денес е прекрасна прилика да се пофали делото на вашите раце, делото на вашата вера. Пред сите сакам да ја истакнам ангажираноста и посветеноста на Неговото високопреосвештенство, митрополитот г. Агатангел, како и на велешкото свештенство и благочестивот народ и сите што на свој начин се вградија во ова богољубиво и родољубиво дело: и мајсторите, и зографите и сите кои дадоа придонес за ние денес да имаме ден за ретка духовна радост и дело за историја.

Храмовите, тие свети градби, посветени на Бога и на Неговите светии, биле најцврстиот бедем и потпора за нашиот народ. Ако ја прелистаме нашата историја, поблиска или подалечна, ќе видиме дека сите освојувачи или непријатели на нашиот народ, кога сакале да го покорат и духовно да го освојат, најпрво и најсилно удирале во најглавните градби и во најдлабоките темели, удирале и ги уривале домовите Божји и сенародни – храмовите, црквите и манастирите наши. Зарем Светиклиментовиот манастир на Плаошник случајно го срамниле со земјата, а Света Софија ја претвориле во друговерен молитвен дом? А, зарем скопските цркви „Света Троица“, „Свети Никола“, „Свети Ѓорѓи“ – Горга, и неколкуте на Калето, како и оние по другите градови („Св. Никола“ во Битола, „Св. Илија“ во Штип, манастирот „Пресвета Богородица“ во Тетово...), ги урнале со некоја друга цел? Зарем и затрупувањето на велешкиот манастир „Свети Димитриј“ било со друга цел? Или, пак, зарем случајни беа, по укинувањето на древната Охридска архиепископија, пропагандите на соседните народи, кои токму преку Црквите сакаа да ги реализираат своите големодржавни однародувачки мисии и стратегии во Македонија? Знаеле освојувачите и поробителите дека духовниот е најтежок јарем и дека духовното освојување, всушност, носи за нив најдобри резултати. Имале предвид дека и најмногу ќе нè заболат злочините и раните направени по духовниот организам на македонското тело, па затоа таму и најмногу удирале.

Така било низ вековите, така, за жал, е и во наше време. Зарем сардисувањето и уривањето на Лешочкиот манастир, како и безмилосното уништување во Матејче и во десетина други цркви и манастири, се разликува од оние на Османлиите, како и ова последново со реконструираната црква за музеј на Скопското кале? Исто така, не е ли удар по македонскиот идентитет и начин за бришење на македонското постоење и повеќе децениското уривање и уништувањето на македонските цркви и надгробни споменици, како и промената на топонимите во Северна Грција? Исто така, и неприфаќањето на Македонската православна црква – возобновената Охридска архиепископија, како Црква на македонскиот народ, не е подалеку од желбата на соседите кои, неприфаќајќи нè, сакаат духовно да нè изолираат и обезличат како православен народ. Но, длабоки се духовните корени и цврсти се темелите на нашите градби и долга е историјата на нашето постоење. Ќе истраеме и ќе се одбраниме, зашто вистината е на наша страна, а, веруваме, и Бог е со нас!

Храмовите, односно црквите, имаат повеќенаменско значење. Но, пред сè, тие се места за средба на луѓето со Бога, место за разговор на човечката душа со Бога, место за молитва и место за духовна утеха и радување. И не само тоа! – Храмовите се места каде што треба да се чувствуваме најблиски еден со друг, места кеде што меѓусебното единство и заедништвото со Бога е најцврстата алка што нè поврзува. Тоа чувство и тоа доживување на единството меѓу христијанските народи се протега веќе дваесет столетија. Првите христијански заедници (сп. Дела 2, 44-47), биле и остануваат пример и за денес – да се трудиме и грижиме и да придонесуваме за единство меѓу нас како христијански народ.

Светата Црква постојано повикува на единство, на единство со Бога и на единство меѓу луѓето. И колку сме поблизу до Бога, толку повеќе ќе бидеме поблиски меѓу себе. А ова наше време, можеби како ниедно друго бара од нас конечно да сфатиме дека без национално единство, без меѓусебно почитување, без заедничка грижа за македонските интереси, без бранење на духовното, националното, културното, историското и на сè што е наше македонско – нема иднина и опстојување за никого меѓу нас. Затоа, и на овој ден и од ова свето место повикуваме на помирување меѓу нашиот народ, повикуваме да ја разбереме како народ древната библиска порака за тоа колку е убаво и колку е мило браќата да живеат сложно (Пс. 132, 1). И богоугодно и родољубиво е ако така постапуваме, зашто е потребно, во овие тешки времиња за нашиот народ, Држава и Црква, да бидеме единствени во ставовите и бранењето на македонското име и идентитет, во борбата за зачувување на сите наши институции и придобивки. Време е да се поучиме од историјата дека делбите обично носат несреќи и кобат зли времиња. А нам, на Македонците, доста ни се и делби и селидби, и несреќи и црнини... Да им се вратиме на вистинските вредности. Човечки е да погрешиме, но како христијански народ потребно е и да се покаеме и поправиме, да простиме и да побараме да ни простат.

Денешниов евангелски пример со непослушниот син, кому му е посветена оваа подготвителна недела пред Велигденскиот пост (Лк 15, 11-32), нека пробуди во секого од нас желба да го повлечеме и поправиме секој нас погрешен чекор и одлука, и секој наш упатен збор, па и мисла против другиот... Голема радост е за небото кога се каеме и поправаме, кога од своите беспаќа се враќаме на вистинскиот пат.

Храмот – тоа духовно лечилиште, ја има таа можност од секого од нас да направи подобар и поправеден, да изгради личност полезна и за Црквата, и за општеството и за пред Бога. Со овој целосно возобновен прекрасен храм, со оној новиот, како и со другите во градот и неговата околина, велешани добиваат можност за уште поголем и побогат духовен живот, добиваат свети места каде што ќе продолжат да се учат на верата и ќе Го сретнуваат и примаат Бога.

Денешново преосветување нека ни е честито, благословено и вечно!

Дај Боже сили и во „Свети Пантелејмон“ да се освежи неповторливата убавина!

Дај Боже насекаде каде што треба, да градиме и надградуваме, да ги чуваме и обновуваме градбите со кои сме опстоиле и нè препознаваат, а за доброто на нашиот народ и Црквата, за доброто на трајните вредности во нашата Татковина - Македонија. Амин!

 


[1] Слово, одржано на светата Литургија, при преосветувањето на храмот „Пресвета Богородица“ во Велес, на 20. 02. 2011 година.


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

19/07/2024 - петок

+Преподобен Сисој Велики; Светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други; Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија; Светата маченичка Лукија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Тропар на преподобниот Христов воин Сисое велики 8 јули / 19 јули 2024

Сисое велики,избран да бидеш извор на благодат во пустината,Христос преку тебе утеха распространуваше,монаси мудро поучуваше,болни лекуваше, мртви воскреснуваше.О цветна градино...

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

Тропар на св. Христов преп. Атонски АТАНАСИЈ 5 јули /18 јули 2024

На твоето плотско живеење се восхитија ангелските чинови,телесно над невлидливите сплетени мрежи си се воздигнал,ранувајќи ги демонските полкови,

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная