http://www.youtube.com/watch?v=fzw3AZKYyeg
БОГОЈАВЛЕНИЕ
Крштението Господово е наречено Богојавление затоа што во него толку очигледно се јавил вистинскиот Бог, во прославуваното Тројство: Бог Отецот-со гласот од небото, Богот Син воплотениот- со крштението, Богот Дух Свет-со слегувањето на Крстениот. Тука е објавена и тајната на односот на Лицата на Пресвета Троица. Богот Дух Свет произлегува од Отецот и почива на Синот, иако и не произлегува од Него. Овде се покажува дека Воплотувањето, како домострој на спасението, е извршено на воплотениот Бог Синот со сеприсуство на Светиот Дух и Богоотецот.
Објавено е дека спасение е единствено можно во Господ Исус Христос, со благодатта на Светиот Дух, по благоволението на Отецот. Сите христијански тајни овде блескаат со својата боженствена светлост и ги просветуваат умовите и срцата на оние кои со вера го поминуваат овој голем празник. Пријдете, да потечеме со умот нагоре и да се потчиниме во согледувањето на тајната на нашето спасение пеејќи: „Додека се крштеваше во Јордан, Господе, се јави прославувањето на Тројството, се јави нашето спасение устроено од Пресветата Троица, која што трикратно не спасува“.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго:
Од Верскиот календар на МПЦ (18.12.2010)
Предговор
http://www.kiot.ru/Cntnt/Feofan.php
http://www.youtube.com/watch?v=dBc0pE4f50g&nofeather=True
ПОНЕДЕЛНИК
НЕДЕЛА
Подготви: С.Д.