логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Свети Максим Исповедник

Светите беа благи и човекољубиви, благоутробни и милосрдни, имајќи еднаква љубов кон целиот човечки род, со силата на којашто во текот на целиот свој живот го чуваа најголемото од сите богатства, смирението, тој чувар на духовните дарови и разрушител на ним спротивното зло. Тие пребиваа неуловливи од сите страдални искушенија: од волните коишто сами си ги наметнуваме, и од неволните, што ни доаѓаат однадвор, потиснувајќи го со воздржание напливот кај првите, и истрајувајќи трпеливо при нападите кај вторите.


Dorotea.sv.Teodot.jpg

Храмот на св.вмч Димитриј, Скопје

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 На 19 септември 2010 година, во Седумнаесеттата недела по Педесетница,  на празникот на Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил; Свети Евдоксиј и Преподобен Давид,  во храмот на св. вмч. Димитриј во Скопје, се  отслужи Божествена Литургија. На Литургијата  верениот  народ се причести со Светите Христови Тајни. 

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 

Свето Евангелие од светиот апостол Јован (зач. 60)

Во она време, првосвештениците и старешините народни направија совет против Исуса за да Го убијат; и Го одведоа при Пилата, велејќи: „Земи, земи, распни Го!“ Пилат им рече: „3емете Го вие и распнете Го, оти јас не наоѓам во Него вина.” Јудејците му одговорија: „Ние имаме Закон и според нашиот Закон Он треба да умре, зашто Сам се направи Син Божји.” Кога го чу Пилат овој збор, повеќе се уплаши. И пак влезе во преторијата и Му рече на Исуса: „Од каде си Ти?” Но, Исус не му даде одговор. Пилат Му рече: „Мене ли не ми одговараш? Не знаеш ли дека имам власт да Те распнам, и власт имам да Те пуштам.” Исус одговори: „Ти не би имал никаква власт над Мене, ако не ти беше дадено одозгора.“ Штом го чу овој збор, Пилат Го изведе Исуса надвор и седна на судискиот стол, на местото, што се вика Литостротон, а по еврејски Гавата. Тогаш беше петок пред Пасха, околу шестиот час. И им рече Пилат на Јудејците: „Еве Го вашиот Цар!” Но, тие викаа: „3еми, земи, распни Го!” Пилат им рече: „Царот ваш ли да Го распнам?” Првосвештениците одговорија: „Ние немаме цар, освен кесарот.” И тогаш им Го предаде, за да биде распнат. И Го зедоа Исуса, и Го поведоа. И носејќи го Својот крст, Он излезе на местото, што се вика Лобно, а по еврејски Голгота; таму Го распнаа, а со Него други двајца, од едната и од другата страна, а насреде - Исуса. Пилат, пак, напиша и натпис, и го кладе на крстот. А беше напишано: „Исус Назареецот, цар Јудејски.” Овој натпис го читаа мнозина од Јудејците, бидејќи местото, каде што беше распнат Исус, беше близу до градот; а беше напишано на еврејски, грчки и латински. При крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина. А Исус, штом је виде мајка Си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, span class="Grave">ѝ рече на мајка Си: “Жено, ете ти син!” Потоа му рече на ученикот: „Ете ти мајка!” И од тој час ученикот Ја зеде при себе. По ова, знаејќи Исус дека е сè свршено. И кога ја наведна главата, го предаде духот. Бидејќи беше петок, Јудејците, за да не останат телата на крст во сабота, оти во таа сабота беше голем ден, го замолија Пилата да им ги прекршат колената и да ги симнат. Тогаш дојдоа војниците и им ги прекршија колената на првиот, како и на вториот, што беа распнати со Него. А кога дојдоа до Исуса и Го видоа дека беше веќе умрен, не Му ги прекршија колената; но еден од војниците со копје Му ги прободе ребрата, и наеднаш истече крв и вода. И кој виде - посведочи, и сведоштвото му е вистинско.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Лето Господово 2010

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

о.Жарко Ѓорѓиевски: ЗА ВЕРАТА И НЕВЕРИЕТО

Неверникот постојано бара знаци и докази, а верникот живее со сознание и чувство дека Господ е со него во секој миг. Затоа, верата е темел на христијанскиот живот, а неверието...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

о.Жарко Ѓорѓиевски: Свети пророк Езекиил

Целиот овој настан го сметаме за чудесен, го нарекуваме чудо, гледаме на сето тоа како на нешто невообичаено, нешто што е неможно според нашето разбирање на нештата. Но, Бог прави...

« »

Православен календар

 

24/09/2025 - среда

Преп. Теодора Александриска; Св. Силуан Атонски; Свети Пафнутиј Исповедник; Преп. Ефросин готвач; Св. маченичка Ија; Св. маченици Диодор, Дидим и Диомид;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар  на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 24 септември/11 септември  2025

Тропар на светата Христова подвижничка Теодора Александриска 24 септември/11 септември 2025

Блажена света мајко Теодоро,о света подвижничке Христова,благодатта покајание ти подари,мудро пустината ја искористи,

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 23 септември/10 септември   2025

Тропар на св. мч-чки Христови Минодора, Митродора и Нимфодора 23 септември/10 септември 2025

23 септември/10 септември / Подвижнички, свети девственички,разум за вишно познание добивте,дар за расудување примајки,Неразделната Пресвета Троица пример за вашата волја...

Тропар на св. Јоаким и Ана 22 септември/  9 септември / 2025

Тропар на св. Јоаким и Ана 22 септември/ 9 септември / 2025

Оние кои благодатно праведни беа по законот, Јоаким и Ана, младенец од Бога даруван ни родија.Затоа денес светло торжествува и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная