логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Храмот на св.вмч Димитриј, Скопје

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 На 11 септември 2010 година, во Шеснаесеттата недела по Педесетница,  на празникот на Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител; Светиот маченик Анастасиј Радовишки; Преподобна Теодора Солунска, во храмот на св. вмч. Димитриј во Скопје, се  отслужи Божествена Литургија. На Литургијата  верениот  народ се причести со Светите Христови Тајни. 

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 20)

Во она време се собра при Исуса многу народ. И беше покрај морето. И ете, дојде еден од началниците на синагогата, по име Јаир; па, штом Го виде, падна пред нозете Негови и Го молеше многу, говорејќи: „Ќерка ми е на умирање; дојди и положи ги рацете над неа, за да оздрави и биде жива!“ И појде со него. А по Него врвеше многу народ и Го притискаа. Дојдоа од кај началникот на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот?“ Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: „Не бој се, а само верувај!“ И никому не му позволи да оди со Него, освен на Петра, на Јакова и на Јована, братот на Јакова. Дојде во куќата на началникот на синагогата и виде смут, плачење и силно врискање. И кога влезе, им рече: „Што сте се развикале и расплакале? Детето не е умрено, туку спие.“ А тие Му се потсмеваа. Он, пак, откако ги истера сите, ги зеде таткото и мајката на девојчето и оние што беа со Него, и влезе каде што лежеше девојчето. И, кога ја фати раката на девојчето, рече: „Талита, куми!“ - што значи: „Девојко, тебе ти велам, стани!“ И девојката одеднаш стана, и почна да оди, бидејќи имаше дванаесет години. И сите се зачудија многу. А Он строго им заповеда, никој да не разбере за тоа, и рече: „Дајте ѝ да јаде!“
Па излезе оттаму и дојде во Својот крај; а по Него одеа и учениците Негови.

Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Свeти Петар Дамаскин

Со покајанието, секогаш можеме да поставиме почеток. Напишано е: ’ако си паднал’ а ти ’стани’ (сп. Изрек. 24, 16). И ако повторно паднеш повторно стани, и нималку не очајувај за своето спасение, што и да се случи. Сѐ додека ти не му се предаваш волно на непријателот, додека твоето трпение му одолева, придружено со самоосудувањето, ќе најдеш спасение. ’Зашто и нас кои некогаш бевме неразумни, непокорни’ вели апостолот Павле, ’Он нѐ спаси, не според праведните дела извршени од нас, туку според милоста Негова (Тит. 3, 3 - 5). Затоа не очајувај на ниеден начин, отфрлајќи ја така Божјата помош, зашто Тој може да направи сѐ што сака. Ти напротив, положи ја својата надеж на Него и Тој ќе направи едно од овие нешта: или преку испитувања и искушенија или на некој друг начин, само Нему познат, ќе го устрои товето обновување; или пак ќе го прифати твоето трпение и смирение наместо подвиг; или заради надежта во Него ќе подејствува милостиво врз тебе на начин за тебе непознат за којшто самиот не си ни свесен, па така ќе ја спаси окованата душа. Само ти не напуштај Го својот Лекар, зашто инаку ќе пострадш бесмислено, со двојна смрт, како оној што не ги познал скриените патишта Господови.

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

  Dorotea.sv.Teodot.jpg

 Dorotea.sv.Teodot.jpg

Лето Господово 2010

 

 

 

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

23/07/2024 - вторник

Св. четириесет и петмина маченици: Леонтиј, Маврикиј, Александар, Сисиниј и другите; Преп. Антониј, Киево-печерски; Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Тропар на св. Христова великомаченичка Ефимија сефална - за чудата 11 јули / 24 јули 2024

Жив е Господ и жива си ти света Ефимио,која не го остави стадото Христово,не само што за гревот на ближниот...

Тропар на св. 45 Христови маченици Никополски 10 јули / 23 јули 2024

Тропар на св. 45 Христови маченици Никополски 10 јули / 23 јули 2024

Маченици свети кои на бојно поле побрзавте,Христа го исповедавте и венец на спасение добивте.Повикајте и денес за нас о младенци...

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 9 јули / 22 јули 2024

Тропар на св. Христов свештеномаченик Панкратиј епископ 9 јули / 22 јули 2024

Да вокресне Господ, и да се разбегаат Неговите непријатели,повикуваше ти о свети Панкратие, испитувајќи се себеси, благодатта Христова сите страсти...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная