логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Охрид, 8 септември 2010 (МИА) - Со свечена Литургија со која чиноначалствуваше неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на митрополитите г. Тимотеј и г. Агатангел, денеска започна проектот за возобновување на комплексот „Светиклиментов универзитет" на Плаошник во Охрид.

Камен-темелникот на новиот универзитетски комплекс го постави претседателот на Владата Никола Груевски, кој изрази задоволство што на овој голем државен празник 8-ми Септември, на кој се одбележува 19-годишнината на независноста на Република Македонија, се означи почетокот на возобновувањето на овој комплекс кој ќе претствува мултимедијален наставно-научен и културен центар.

Покрај изградбата во современ научно-наставен центар, овој комплекс, како што нагласи македонскиот премиер, ќе претставува и еден вид Светиклиментов меморијален културен центар, кој ќе тежнее да ги задоволи потребите на македонскиот, но и на регионалниот образовно-научен и културен живот, во смисла на натамошен развој на хуманистичките науки, но и продуцирање на стручни кадри кои го подразбираат конзерваторскиот профил, а кои ќе бидат од особено значење во зачувувањето на нашето културно наследство.

Премиерот изрази уверување дека универзитетскиот комплекс што е предвидено да биде изграден до крајот на 2014 година со финсиските средства обезбедени во рамки на капиталните проекти на Владата на Република Македонија финансирани директно од државниот Буџет во повеќе буџетски години, ќе стане препознатлив симбол на градот Охрид и на Република Македонија.

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска истакна дека со чинот на поставувањето на камен-темелникот и започнувањето на градежните активности за возобновување на Светиклиментовниот универзитет, на Плаошник почнува нова ера на духовното егзистирање на Охрид и на Република Македонија, нова страница од житието на славјанската култура. 

- Овој капитален проект на Владата и на Министерството за култура, претставува осмислен континуитет на обемните системски археолошки истражувања, како и на процесот на конзервација, реставрација и реконструкција на локалитетот Плаошник во насока на реализација на благородната идеја за создавање комплекс, во кој сведоштвата за цивилизациите, културите и религиите кои постоеле на овие простори во минатото ќе станат факти, засекогаш небришливи за времето, рече таа.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, археологот Паско Кузман, во оваа свечена прилика потсети дека пред нешто повеќе од две седмици беше означен почетокот на работата на научно-преосветниот дел од овој проект, додека денеска почетокот на градењето на архитектонскиот комплекс.

- Тогаш симболично започнавме симболично да го обновуваме духот, а сега симболично телото на нашиот голем светител и просветител Свети Климент Охридски. Крајната цел на генерациите на денешна Македонија со започнувањето на возобновувањето на Светиклиментовниот универзитет е да го споиме светиклиментовото време со 21 век и да го возобновиме сакралното со световното на стариот светиклиментов простор, нагласи Кузман.

Заблагодарувајќи се на сите институции и поединци вклучени во реализација на проектот, Кузман појасни дека во фазата на подготвувањето на теренот, односно истреажувачките работи и археолошките истражување спроведени во периодот 2007-2010, биле опфатени 31.600 метри квадратни земјиште на Плаошник, со богати културни слоеви од праисториските епохи се до 19 век. Со подготвениот проект за возобновување на комплексот, на бруто-површина од 7.805 метри квадрататни ќе бидат изградени вкупно 23 објекти, од кои 14 главни и девет посебни, објекти распоредени во 4 поткомплекси, со вкупно корисна нето-површина со катни висини од 19.475 метри квадртни. Притоа археологот Кузман објасни дека сите предвидени објекти внимателнио биле проектирани и оти естетски нема да ја загрозат Светиклиментовата црква „Свети Пантелејмон" на Плаошник.

Во рамки на универзитетскиот комплекс ќе функционира редовна конзерваторска школа со професори од признати светски универзитети, музеј на почвата на Плаошник во кој ќе бидат презентирани богатите наоди на самиот археолошки локалитет, богата Светиклиментова библиотека со стартни сто илјади наслови, галеријата со икони, институт за хуманистички науки, посебен монашки простор наменет за свештени лица, афилијации на светски универзитети, како и светиклиментова градина, како место за одмор и креативна инспирација.

- Возобновувањето на комплексот Светиклиментов универзитет е доказ дека делото на Свети Климент Охридски постојано ќе претставува непресушен вруток на цивилизациски пораки и вредности и ќе биде онаа невидилива сила со која ќе се исполнуваме, за да можеме во времето сегашно, почитувајќи го минатото, да создаваме вредности за подобра, похумана и поцивилизациска утрешница, порача Кузман. аб/цр/15:23

 

 http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=646

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

10/07/2025 - четврток

Петровденски пости (на масло)

Св. Сампсон Странопримец; Св. презвитер Севир; Св. Јоана Мироносица ; Свештеномаченик Јосиф Дамаскин;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная