Манастир на Успение на Пресвета Богородица, Матка
Мисионерско-хуманитарната дејност на Скопската и Повардарската Митрополија во рамките на своето дело на служење организира групно крштевање на возрасни (над 14 години) во манастирот „Св. Богородица“ на Матка и во водите на реката Треска. Крштевањето ќе се изврши на 4 септември 2010 година (сабота), во присуство на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан. Крштевањето ќе го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители.
Контакт: 075/ 542-576 и 071/992-136
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Во понеделник на 30 август и во среда на 1 септември со почеток во 18 часот во православниот храм „Св. Петка“ во населбата Црниче во Скопје, ќе се одржат катихуменски (подготвителни) средби со цел запознавање со основните вистини на православната христијанска вера, смислата на нашиот живот во Црквата и суштината на крштевањето, миропомазанието, причестувањето, а и на другите свети тајни и свети добродетели на Црквата.