логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



На 25 април 2010 година, во струшкото село Ложани се изврши осветување на нов параклис посветен на Свето Преполовение. Чинот осветување го изврши Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на парохискиот свештеник Ристе Наумоски и свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевска епархија. После осветувањето се отслужи света архиерејска Литургија. Кон благочестивиот верен народ Владиката се обрати со поучно слово кое во целост ви го пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј:

 Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

           

Христос воскресе!

 

Драги браќа и сестри,

 

Денешното свето Евангелие ни раскажува за едно чудо што го направил нашиот Спасител Господ Исус Христос. Во Ерусалим во близина на Овчата порта имало бања со пет тремови, а по еврејски се викала Витезда. Во нив лежле многу болни, слепи, хроми, глуви кои очекувале да се раздвижи водата (Јов. 5, 2-3).

Во бањата Витезда имало еден човек кој лежел на својата болесничка постела, не можејќи да се движи цели 38 години, така што живеел од милостињата што му ја давале луѓето што доаѓале да се излечат во бањата. Така еднаш Господ Исус Христос дошол во оваа бања и видел многу болни од најразлични болести. Но пристапил кон овој човек кој 38 години лежел беспомошно и се надевал дека и за него ќе дојде ден и него прв да го спуштат во бањата за да се излекува. Но, бидејќи немал вистински пријател, тоа го чекал повеќе години. Овој несреќник единствено што имал била верата и надежта дека ќе дојде време што ќе му донесе пријател кој ќе му помогне прв да влезе во бањата за исцеление. И доаѓа тој најголем момент во неговиот живот, и неговата надеж ќе се исполни. Неговата вера ќе му доведе пријател да му помогне прв да слезе во водата и да оздрави. Христос му пристапил на болниот човек и го прашал: „Сакаш ли да бидеш здрав?” (Јов. 5, 6). Болниот надевајќи се дека е дојден часот за неговото оздравување радосно одговорил: „Да Господи, но немам човек кој ќе ме спушти”... (Јов.6, 7).

Овој тежок болесник толку долго време страда, лежи закован за својата постела, нема пријател за да му помогне; лежи неподвижен, од сите оставен и заборавен. Многумина поминуваат покрај него. Сите знаат за неговата тешка болест, за неговото трпение и долгото чекање за оздравување. Се измениле многу генерации, а нема кој да му помогне. Секој мисли за себе за своите роднини, пријатели и сакани. Овој несреќник е отфрлен, и потполно отпишан од сите. Никој да се сожали над него од неговите сограѓани, на човек кој скоро 40 години поминал во овој мрачен ходник очекувајќи некој да се сожали над него.

„Немам човек да ми помогне” се жали тој на Христа. Колку страшно е да се слушне оваа жалба. Толкав голем град, а нема пријател. Сепак неговата вера и надеж му доведуваат пријател. Му доаѓа во помош најголемиот пријател на сите луѓе и на сите времиња - Христос Кој му вели на болниот: „Стани, земи си ја постелката своја и оди си дома! И веднаш оздраве човекот, ја зеде постелката своја и одеше” (Јов. 5, 8-9). Оди си во живот. Живеј отсега како сите луѓе и биди здрав како и другите луѓе. Тоа е негов Нов закон, законот на новиот живот во духот на светото Евангелие кое ни донесува нова заповед за љубовта кон Бога и кон сите луѓе. По неколку дена Исус Христос го сретнал овој човек во ерусалимскиот храм и му рекол: „Ете, сега си здрав и не греши веќе, за да не те снајде нешто полошо” (Јов. 5, 14).

За време на својот земен живот Христос извршил многубројни чуда лекувајќи кај луѓето секакви болести. Во очите на Господа човекот е пред сè - творба Божја, син или керќа на Небесниот Отец. Проштеваат и родителите на своите лоши деца во овој свет независно на големите горчини што им ги нанесуваат, така ни проштева и на нас непослушните, љубовта на Отецот Небесен.

Господ ни дал нов живот и сè што е неопходно за живеење. Но ние како грешни луѓе не знаеме правилно и достоинствено ова да го цениме и најмалку одговараме соодветно на таа Божја љубов.

Секој, пак, еден од нас е зафатен со оваа или со онаа незгода, со оваа или со онаа болест. Нема на земјава апсолутно здрав човек. Болестите и маките Господ ги допушта на нашите срца и души. Како што преку многуте жалости би требало да се спасиме, така и преку многуте болести треба да се усовршуваме.

Страшна е телесната болест, но уште пострашна е духовната. Помеѓу духовните и телесните болести секогаш постои врска затоа што телото се јавува како дом на душата на Духот Божји, кој живее во секој човек. Работејќи за спасение на душата не треба да го заборавиме или потценуваме и телото. Свети апостол Павле вели: „Секој човек го храни и топли своето тело” (Ефес. 5, 25). Според христијанското разбирање телото - е храм на Духот Божји, кој живее во нас. Затоа и ние како верници кога се опростуваме од покојните се крстиме кон упокоеното тело како кон храм и му се поклонуваме. Но, исто така и при секоја грижа за телото не треба да заборавиме и за грижата за душата во овој свет.

Секоја болест што ги снаоѓа луѓето не потекнува сама од себе без никаква причина. Причини има многу. Главна причина се наоѓа во самите нас. Од тоа како ние живееме, како ги исполнуваме Евангелските заповеди и општите човечки морални норми, зависи нашата состојба. Ако ние ги потценуваме заповедите Христови, за моралното и чистото живеење за духовното усовршување тогаш ние задолжително ќе бидеме со болна душа. Болеста на душата сама по себе повлекува и болест на телото. Оној што ја разрушува нашата душа и нашето тело е главниот сторител - а тоа е гревот. Гревот е нарушување на Божествените заповеди. Затоа секој грев нè прави болни и слични на човекот што ни го раскажува светото Евангелие, кого Господ Исус Христос го излекувал при Овчата порта во Ерусалим.

Драги браќа и сестри, преку денешното свето Евенгелие Црквата нè учи како треба да живееме за да имаме здрав дух во здраво тело. И едното и другото ни е дарувано од Бога. Господ ја зел на себе сета наша немоќ и дошол на земјата за да нè излекува од гревот. Тој го примил нашето човечко тело го обновил и обожил и го вознел на небото. Он во сè бил сличен на нас, освен во гревот. Сето тоа било потребно не на Господа туку за нас луѓето. Он ни дал пример преку Својот живот, Своето учење и Својот крсен подвиг.

Христовото воскресение тоа е победа над гревот над болестите, победа над најголемото зло - смртта. Воскресна Христос и нема болест која човекот не може да ја победи. Христос воскресна и ние примивме полнота на благодатната сила, која нè лекува и спасува. Целта на нашиот живот е совршенство во Христа и уподобување на него.

Во овие свештени денови на Пасхата Господова, да се радуваме на Воскресението Христово. Да го молиме началникот на нашиот живот, Он да воскресне во нашите души и да ни ги подари сите добра во овој век и живот вечен во вечноста.

 

 

Известува: ѓакон Николче

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

« »

Православен календар

 

03/07/2024 - сабота

Светиот пророк Езекил; Преподобните Симеон и Јован;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Свет е нашиот Бог,да се исполни целото небо и земја со Неговата слава,повикуваше о ти Езекиле Божји помазаниче и пророче,мачениче...

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,овој болести...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная