логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Демистификација на духовната затемнетост     

 Деца, во една моја претходна беседа ви спомнав: „Трпението, исто така, ќе ни биде потребно заради неможноста моменталната лоша духовна состојба веднаш да ја исправиме. И да ги средиме дури и помислите, духовната затемнетост сепак ќе остане уште некое време“. Значи, имаме проблем и со една пропратна појава при искушението која ја нарекуваме ‘духовна затемнетост’ и со која треба правилно да се справиме. Ајде да видиме како.

Од моите поуки веќе знаете, но сега само да се потсетиме дека кога сме заробени од страста на славољубието, таа (поправо демонот преку неа) во значителна мера владее со нас; пред сè владее со нашето срце и нашите чувства, потоа влијае врз нашите мисли и, на крај, иако послабо, влијае на зборовите и на делата. Значи, контролата над самите себе ни е ограничена. Посебно сакам и овој пат да нагласам дека самоконтролата над она што се случува во нашето срце и над тоа како во него реагираме во одредени ситуации кога ќе ја повредат нашата суета и нашето его е значително намалена, да не речам изгубена. Со други зборови, духовната темнина и гревовните чувства – на ладење на љубовта, на повреденост, на одбивност кон ближниот итн. – предизвикани од повреда на нашето славољубие и гордост (а заради заробеноста од нив), слободно го запоседнуваат нашето срце; и тоа без да имаме можност претходно да ги провериме, да ги препознаеме и, на крај, да ги исконтролираме. Моментално, без сопирачки, нѐ обзема духовна темнина и нашите чувства стануваат негативни кон оној што нè повредил. Помислите, пак, што нè опседнуваат при состојба на заробеност не се движат по вообичаениот пат, туку, поаѓајќи од позиција на освоен простор во срцата, имаат тенденција да нè наведат на уште поголемо зло. Кога веќе во истиот миг по повредата и затемнувањето ќе почувствуваме одбивност кон некого и ќе го осудиме, нè наведуваат да му злопамтиме и да го замразиме; сето тоа и јавно и во себе. А, кога веќе ќе намразиме некого, ни даваат предлози како да му се одмаздиме нанесувајќи му некое зло. Падот, во случај на раслабеност и согласување со негативните чувства и помисли, може да биде многу штетен од перспектива на исцеление на нашата душа.

Вака е, значи, само во случај кога се работи за заробеност од страста на славољубието. Додека, пак, како што знаеме, ако демонот сака да ни ги активира страстите на сластољубието или на среброљубието, од кои обично христијанинот или монахот е во доволна мера ослободен, треба да го помине во мисловна борба со нас вообичаениот процес од предлог до прифаќање и остварување на помислата, без претходно значително да се измени кон зло чувството на нашето срце.

Деца, од сето ова произлегува дека е неопходно да правиме разлика помеѓу духовното затемнување заедно со негативните чувства и помисли што го следат – од една страна, и прифаќањето на помислите во срцето заедно со негативните чувства што ги следат и оттаму доживеаното духовно затемнување – од друга страна. Првиот случај покажува заробеност од одредена страст, која од опит знаеме дека е најчесто славољубието; а вториот случај покажува доволна ослободеност од одредена страст, која исто од опит знаеме дека најчесто е или среброљубието или сластољубието.

Ова што досега го кажав е само потсетување заради освестување на нашата духовна состојба и заради правилно расудување и правилно водење на духовната борба. Посебно нѐ интересира она што се случува на степенот на очистување на срцето од страстите, како соодветно на нашата духовна состојба. Она што главно сакам да ви го објаснам денеска, а што најчесто ни се случува, е природата на духовната затемнетост и како да се однесуваме кон неа. Но, најпрвин, треба да знаеме како да ја изолираме таа затемнетост од останатите пројави при едно искушение, како што се: демонските помисли, негативните (одречните) чувства, лошите зборови и лошите дела. Многу е битно во духовната борба да се изолира затемнетоста од останатите пројави – и теоретски и практично, затоа што нашата поставеност е сосема различна во однос на овие различни појави. Ќе видиме и зошто.

Затемнетоста ја изолираме од останатите пројави на тој начин што најпрво не го спроведуваме демонскиот предлог – на злото видливо да одговориме со зло: со лоши дела и со лоши зборови. Барем за нас монасите ова е најлесниот дел. Потоа на ред доаѓаат демонските помисли. Ова е полето на кое се случува нашата главна битка со демонот – нашиот ум против неговиот ум. На полето на помислите, ако демонот успее да нè надвладее и убеди во нешто, негова е победата. Борбата со нив е потешка, но со мал напор и мала упорност и нив можеме да ги отстраниме. Постапката ја знаете, она што минатиот пат го нареков ‘друг внатрешен автоматизам при пресретнувањето на искушението’: барајќи ја Божјата правда – сами да се осудиме а другиот да го оправдаме, на Господ да Му заблагодариме за даруваното самопознание и да се молиме – барајќи Го Бог со ритам и на начин на молитва во кој нема место за помисли, во молитва која ги опфаќа и тие што нè повредиле.

На овој начин постапувајќи, во еден момент во нас ќе остане само духовната затемнетост. Духовната затемнетост понекогаш може да биде толку силна што чувствено можеме да ја доживееме како предвкус на пеколот; но, за тоа – другпат... Прашањето беше, како да се однесуваме кон неа? Е, против неа нема да се бориме, туку со благодарност кон Бог ќе ја прифатиме како Божја промисла за наше спасение и за наше духовно восовршување. Духовната затемнетост не е ништо друго туку отсуство на благодатта Божја. Присуството или отсуството на благодатта во нас е слободен, волев акт Божји. Затоа, не треба да ги мешаме поимите духовна затемнетост и демонска енергија. Демонската енергија сама по себе не е негативна, бидејќи и паднатиот ангел е креација Божја, туку негативна е нејзината конкретизација во вид на лоши помисли, како израз на слободната демонска волја и определба при борбата со нас.

Повлекување на благодатта Божја се случува или по Божја промисла за наше духовно созревање и растење, или по Божјо допуштение заради нашата согласност во срцето со гревот и чинење на истиот. Како и да е, тоа отсуство на благодатта, односно таа духовна затемнетост, треба со благодарност да ја прифатиме затоа што таа, како наше неволно страдање, на првиот степен од нашиот духовен развој повеќе ги чисти нашите срца отколку нашите волни страдања или подвизи. Значи, кон духовната затемнетост се однесуваме како кон некој лек, кој иако е горчлив го прифаќаме затоа што знаеме дека нè исцелува, односно нè чисти од страстите, од наслагите на гревот и од демонското влијание.

Ако сега се запрашаме и мисловно низ нашите сеќавања провериме каков бил до сега нашиот однос кон духовното затемнување, ќе забележиме дека во секој случај ние сме се обидувале најчесто да се ослободиме од него. Значи ние не сме правеле разлика во својот однос кон нив: помеѓу духовното затемнување, од една страна, и негативните чувства и помисли што го следат, од друга страна. Зошто е тоа така? Заради нашето незнаење и заради нашето самољубие; а демонот го користи тоа незнаење и самољубие на наша духовна штета. Самољубието нè тера, бидејќи секогаш сакаме да сме светли, радосни, среќни – да ни е убаво, веднаш да се ослободиме од духовното затемнување. Затоа, духовното затемнување може да биде за нас како жива песок, во која ќе загинеме ако заради самољубие веднаш сакаме да се ослободиме од него, па колку повеќе се напрегаме и претаме толку повеќе и побрзо пропаѓаме; или може да биде како лек кој го чисти нашето срце ако Му благодариме на Бог и ако со доверба во Неговата промисла потрпиме додека тоа да се повлече, односно додека благодатта не се врати.

Впрочем, треба да Му благодариме на Бог што воопшто и ја чувствуваме духовната затемнетост, затоа што има луѓе, дури и меѓу христијаните кои редовно одат на црква, но кои не ја чувствуваат таа промена во себе. Таквите, навикнати на безблагодатен живот, озборуваат, осудуваат, судат, клеветат, завидуваат, немаат милост кон оние што страдаат итн; и сето тоа го прават како најнормално, без да забележат дека се во духовна темница. Не знаат, сиротите, дека тоа е знак дека болеста на нивната душа набрзо ќе се пренесе и пројави во нивното тело, како последна опомена за покајание. Секако, не е секоја болест заради личен грев, но подобро е смирено да мислиме за самите себе. И ова е друга и голема тема...

Сето досега кажано не значи дека е доволно само теоретски да знаеме што точно ни се случува и како правилно да се спротивставиме на демонските напади, туку значи дека треба да стекнуваме знаење од опит во битката. Не е доволно на демонот да му се спротивставиме само со знаење, неопходен е реален отпор – во пракса. Во моментот на искушението ќе останат само духовното затемнување и демонските помисли, а сето наше знаење во голема мера ќе испари. Во тој момент ќе нè извлече од искушението само навиката на правилна борба стекната во опит. Ви спомнав во една од моите претходни беседи дека или правилно ќе ги надминуваме искушенијата и духовно ќе растеме од опит во опит и од сила во сила, или ќе останеме обични повторувачи.

И уште едно прашање остана, деца, да обработиме: Што го овозможува нашето правилно однесување кон духовното затемнување како и кон сите пропратни пројави при едно искушение? Одговорот е: Фактот дека сме создадени според икона и подобие Божјо, односно нашата личност и нејзината слобода да се поистовети или да не се поистовети со нешто. Колку и да е човекот паднат и заробен, тој никогаш не ја губи до крај својата слобода да му рече ‘не’ на гревот. И со најситното здраво парче од нашата скршена слобода можеме да посакаме и да решиме да се покаеме, а Бог во полнотата на Својата благодат може да се пројави и низ тоа најситно парче и да нѐ спаси.

Митрополит Струмички Наум


 

  

Лето Господово 2010


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

10/08/2024 - сабота

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная