6 април 2010г. - Манастир на св. Никола, с.Љубанци
Како и секоја година, на вториот ден од Христовото воскресение, мештаните од селото Љубанци масовно го посетиа женскиот манастирот посветен на свети Никола. По светата Литургија, сестринството на манастирот гостите ги собра на трпезата на љубовта (во стариот и новиот конак), и по благословувањето на трпезата и дружењето, средбата заврши со дарување на велигденско јајце на сите присутни гости .
Лето Господово 2010