Христос воскресе!
Како животоносен, како од рајот попрекрасен, навистина посветол од секоја царска одаја се покажа Христе Твојот гроб, изворот на нашето воскресение.
Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во дните на Воскресенските празнувања, отслужи света Воскресна Литургија на првиот ден од Воскресението Христово во Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје, на која меѓу многубројниот присутен народ беа и претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и претседателот на Владата Никола Груевски. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
„Оваа светла седмица, иако трае 7 дена, сепак се смета дека е еден ден, кој е слика на идниот невечерен осми ден кој ќе настапи при Второто Христово пришествие. И нема да има темнина бидејќи Христос, Воскреснатиот наш Бог, ќе засветли како Сонце, посветло од секое сонце, зашто Он дава живот на секое тело, и Он е Сонце на правдата.“
По Воскресната Литургија, следeше читање на Св. Евангелие на повеќе јазици.
Фото: Марјан Николовски
Преминпортал