Загрепскиот градоначелник Милан Бандиќ, на 24.03.2010. во зградата на Градската управа ги прими претставниците на Македонската Православна Црковна Општина " Св. Злата Мегленска" Загреб, предводени од парохискиот свештеник, протоереј Кирко Велински.
Во пријателскиот разговор беше нагласена добрата соработка на Градот со Македонската Православна Црква во Република Хрватска, која и го иницираше овој состанок како би ja искажала благодарноста во решавањето околу локацијата за градба на Православна црковна општина во Загреб.
Бидејќи пред извесно време е потпишан купопродажен договор, сега на ред е да се добие градежна дозвола, а потоа се отпочне со изградба на Македонска Црква во населбата Кнежија,каде ќе се располага со над 700 м2.
Ова ќе биде прва Македонска Православна Црква во регија вон Република Македонија, изјави протоереј Велински, оценувајќи го тоа како голем цивилизациски исчекор, додавајќи дека овој Пасторален центар ке биде духовен и световен дом на Македонците во Загреб и Р. Хрватска.
Во името на МПЦ, на состанокот беа присутни претставниците на МПЦО "Света Злата Мегленска" Загреб, на чело со претседателот на истата г. Невен Сукаровски, а во името на градот, на разговорот присуствуваа: Прочелницата за имотноправни работи на град Загреб, госпоѓа Нинослава Зековиќ, помошничкаа на Прочелникот за просторно уредување и градежништво госпоѓа Аница Качиќ и шефот во Кабинетот на градоначелникот господин Стипе Зеба.
Известува: Стојанка Тежак