логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 5 јануари 2010(МИА) - Македонската православна црква и на последните црковно-народни собори се изјасни дека не може да размислува за промена на сопственото име зашто таа го отсликува идентитетот на нејзиниот народ. Се додека постојат македонски јазик, македонско име и македонски индентитет, Црквата во оваа земја ќе биде македонска. Се надевам дека и државните претставници не мислат поинаку, вели Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во новогодишното и божикно интервју за МИА.

За спорот со Српската православна црква околу статусот на МПЦ, смета дека проблемот не е само црковен туку и политички, но оти не е поврзан единствено со прашањето за името.

- Да беше црковен проблемот и ако се решаваше црковно, досега ќе беше решен. Имајќи предвид дека дијалогот се води меѓу двете цркви, доволно е само раководството на СПЦ да реши да ги почитува одлуките на сопствената држава, која нема проблем со македонското име и идентитет. Се додека како критериум и услов е задоволувањето на очигледните интереси на трета страна, а притоа погазувајќи го основното човеково право на име и идентитет на другиот, односно право на самостојна црква, принцип што важи речиси за сите  православни народи, тогаш јасно е каква понуда може да се очекува како решение. Но, нагласува г.г Стефан, човечки и христијански е да се надеваме на подобри времиња и на донесување правилни и праведни одлуки и решенија за македонското црковно прашање.

Тој се надева дека новиот поглавар на Српската православна црква што треба да го замени неодамна упокоениот патријарх Павле ќе покаже поголемо разбирање за проблемот и оти наскоро по неговиот избор ќе продолжи меѓуцрковниот дијалог.

МПЦ, истакнува г.г. Стефан, сака преку разговори да се најде решение за наметнатиот спор во врска со нејзиниот статус и очекува  иста таква подготвеност за дијалог во духот на евангелската љубов, со почит кон соговорникот да се пројави и од другата страна.

- Вистина е дека се полага оправдана надеж во новиот поглавар во сестринската СПЦ, кој, како вистински визионер и духовен пастир конечно ќе го согледа полувековното распетие на Божјиот народ во Македонија и ќе возврати на понудената љубов со потребна почит и разбирање. Со прифаќањето на МПЦ ќе се реши прашање од поширок интерес, и не само за православието на балканските простори. Блажено упокоениот патријарх Павле, за жал, не успеа да ги усогласи своите човечки особини и поглаварски обврски со реалните потреби на црквата во Македонија и, секако, со ставовите на поголем дел од членовите на Архиерејскиот собор на СПЦ. Да веруваме дека неговиот наследник ќе наметне правилна насока во решавањето на меѓуцрковниот спор, вели поглаварот на МПЦ.

Решение, како што наведува, “е можно само ако се прифати дека е невозможно преку Црквата, која не е ничија привлегија ниту приватна сопственост, туку е Божја и е Тело Христово кое им припаѓа на сите подеднакво, да се спроведуваат замаскирани платформи“.

За соработката со другите православни цркви, укажува дека МПЦ веќе комуницира со повеќе помесни православни цркви, а нејзини архиереи сослужуваат со нивни архиереи, но, нагласува, ни треба прифаќање од сите. Неодамнешното присуство на отец Николај Балашов од Руската православна црква на чествувањето на патронот на МПЦ - свети Климент Охридски, за г.г. Стефан е јасен показател дека Руската црква со внимание го следи развојот на настаните поврзани со македонското црковно прашање и оти целото православие, сепак, не е индиферентно кон македонските црковни состојби. рп/са/10:11

 Повеќе

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

19/06/2026 - петок

Петровденски пости;( строг пост)

Преподобен Висарион; Преподобен Иларион Нови; Преподобните маченички Архелаја, Текла и Сузана;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная