логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 ARM.Balasov.jpg

СТЕФАН, Архиепископ Охридски и македонски

ВЕКОВИТИОТ СВЕТИЛНИК ОД ОХРИДСКИОТ БРЕГ

На прашањето што претставува светителот, еден современ богослов одговара: Светителот е светилник што свети, како во домот Божји така и во молитвеното светилиште на срцето. Божјиот угодник е светило запалено од Бога, не за Него, туку заради нас луѓето. Светителот е будител, зашто неговиот подвиг и дела се постојано ехо во душите на верните луѓе. Светоста на светителот има свој глас и свој јазик, кои го просветуваат умот, го разведруваат срцето и ја држат будна совеста. Светителот е патеводна ѕвезда за секој човек посебно, за целата Црква и за сиот народ. Западнеме ли во мрак и почувствуваме ли тешкотии, ги подигаме своите очи кон светиите, како блиски на Бога. А што е светителот за народот од кој тој потекнува? - Тој е како крајбрежен фенер, кој во секоја прилика во морето на животот покажува колку сме близу или далеку, колку сме на вистински или погрешен пат и правец во своето животно пловење.
Возљубени, во црковната и националната историја на македонскиот народ, ниедна друга личност не засветила толку и не оставила такви траги како свети Климент, Охридскиот архиепископ и чудотворец. Неговото свето дело направило најголем духовен препород во нашиот народ и со неговата дејност како учител и книжевник, просветител и архиереј, поставени се темелите на нашата духовна просвета, култура и Црква. Во свети Климент имаме исклучителна личност, го имаме најголемиот човек, како што го нарекол блажениот Теофилакт, имаме временски стожер во кого се свртени и минатото и иднината, имаме богодаруван маж кој во себе ги собира времињата и вековите, генерациите и личностите, имаме човек што ги доближил небото и земјата.
Тој подеднакво им е близок како на своите современици, така и на генерациите по него. Најдобро сознание за него ќе имаме само доколку успееме вистински да го доживееме, вдлабочувајќи се во неговото богољубиво и родољубиво дело. И секогаш кога размислуваме за него, како да сме во постојана дилема: дали свети Климент е поголем мисионер, просветител, учител, книжевник или, пак, архиереј?! За него книжевниците ќе речат дека со неговата златоустост и медоточност уште пред единаесет векови откриена е убавината на зборот наш; учителите и педагозите засекогаш ќе се восхитуваат на пожртвуваноста, методите и пристапот при поучувањето и образованието на другите; за неговото просветителско дело со апостолска ревност, говорат делата со кои се гордее и Охрид, и Мизија и Панонија, зашто неговата проповед помина низ целата земја, за што доби небесна награда, како што запишал неговиот житиеписец; со заслужна архиерејска слава се овенчал, зашто со епископувањето во Охрид и околу Белото Езеро се покажал како основоположник на Охридската архиепископија како организирана Црква во Македонија.
Но, размислувајќи за свети Климент и за целокупното негово дело и, имајќи ги предвид напорите и страдањата што ги доживеал при долгите и неизвесни патувања како придружник во мисиите со Светите браќа, како и сè што творел и за сите негови подвизи, сето тоа не би можело да се разбере и сфати, ниту да се објасни, без името на Христа. Господ Исус Христос бил и останал единствен двигател на Светиклиментовата личност. Затоа, ако од неговото дело, од неговите активности и од сè што работел, Го исклучиме Господа Христа - што ќе остане? - Ни мисионерското, ни просветителското, ни црковното, ни архиерејското, ништо не би останало ако во нив свети Климент Го немал Христа. Тој би бил и би останал обичен смртник, чиј спомен само за кратко би ја надживеал неговата смрт и одамна би бил заборавен. Но, свети Климент е жив, живеејќи со Христа, и живее и ќе живее со своето богоугодно и родољубиво дело, дело со земно-небесни и универзални вредности.
Свети Климент е нашиот, по Солунските браќа, прв писател и по времето и по вредноста, прв организатор на самостојната Црква, втемелувач на културата, науката и уметноста. Тој е личност што изврши најцелосна преобразба меѓу нашиот народ, зашто преку Евангелието сите ги прероди и ги направи предани на себеси и на Бога. Тој е лекарот кој најде мелем за сите рани и струпје по телото и душата народни. Тој е човек што поучувал и го поправал незнаењето, го уредувал безредието. Тој умеел дивото да го припитоми, неродното да го калеми со родно. Бил и полјоделец и овоштар,  бил сè - за сите да ги придобие. Но, она што особено и пред сè заслужува да биде истакнато кај свети Климент е неговата личност и неговиот личен пример. Тој пленел со својата благост и благородност, со грижата за немоќните и сиромашните и бил запаметен од сите што го сретнале, виделе и чуле и како таков останал во меморијата на народот. - Молејќи се, учел на молитва, работејќи, давал пример за трудољубие, а со својата богооддаденост го воведувал народот во тајните на верата и Црквата.
Епископскиот чин свети Климент го разбрал како висока потпора за искачување кон Бога, а грижата за народот ја примил како своја храна и наслада. Го крмел повереното стадо со Словото - со вистинскиот Леб, што ги засилува срцата. Но, неговата пастирска грижа, покрај усните поуки, најмногу била изразена преку неговите пишани творби - празничните беседи и слова на разбирлив народен јазик, достапни дури и за најпростите. Основал училиште - Универзитет во Охрид, оспособил кадри за потребите на Црквата, преведувал потребни богослужбени и црковни книги и, секако, со особена љубов се вградил во манастирот Свети Пантелејмон на Плаошник, каде што си изградил и гроб, во кој подоцна бил погребан.   
Ова би било бегло навраќање на личноста и делото на свети Климент. Но, би сакал уште малку да го задржам вашето внимание со тоа што ќе повикам почесто да размислуваме за големината на свети Климент и особено за тоа колку се неуништливи неговиот дух и неговото дело. Ако од историјата имаме некоја личност по која би ги мереле и споредувале нашите духовни растежи и височини, и ако во некоја личност ги гледаме нашите страданија и трагедии како македонски народ, земја и Црква, во свети Климент, бездруго, најмногу ќе ги најдеме. Прашање е кога му било полесно на свети Климент - дали додека живеел на земјата, борејќи се со потребите и маките на својот народ или отпосле, доживувајќи многубројни трагедии и ропства?
Само за кратко, во Самоилово време, Охридската архиепископија беше издигната на ранг на Патријаршија, но по распадот на Царството, Црквата продолжила да ја дели судбината на својот народ. Македонија ќе ја завладуваат и од југ и од север, и од исток и од запад, на тронот Охридски ќе седнат и другородни епископи, кои, со мали исклучоци, не само што ќе ги затворат книгите и ќе се обидат да го занемат јазикот народен и светиклиментов, туку и ќе ги исфрлат подалеку од рацете и устите на народните свештенослужители и псалти. Со освојувањето на Македонија и Охрид од друговерните Османлии, и Плаошник и Света Софија и сè што беше свето и светиклиментово беше претворено во пламен и пустош, или пренаменето и преуредено за потребите на поробителот. Свети Климент беше исфрлен од гробот и протеран од својот двор. И цели пет столетија остана да биде сведок на зулумите и несреќите врз својот народ и Црква. Во меѓувреме ја дочека и онаа 1767 година, кога и тронот негов го урнаа, кога и круната и славата архиепископски беа завиткани со истите лаги и неправди. Свети Климент потоа беше сведок и на сите обиди да се обнови Архиепископијата, зашто најмногу во негово име народот и домородното свештенство го бараа враќањето на славата на древната Охридска Црква. Тој страдаше со својот народ во петвековното ропство од друговерните и тагуваше особено и заради неправдите од истоверните браќа, кои со сите сили се трудеа да се заборави споменот за него и за неговото дело. Свети Климент ги доживеал и неупесите во буните и востанијата народни, па ја дочекал и поделбата на македонската земја и срамната купопродажба на македонските епархии. Сведок беше и на тројното ропство на Македонија и на македонскиот народ, но духом се радуваше на слободата, колку и да беше таа делумна. Особена радост за свети Климент беше чинот на возобновувањето на неговата славна Охридска архиепископија во лицето на Македонската православна црква и, секако, возобновувањето и осамостојувањето на македонската држава како Република Македонија.
Нашиот патрон се радува и на возобновениот негов манастир на Плаошник, како и на претстојното возобновување на неговиот Универзитет во Охрид. Светителот, како и секој добронамерен човек, духовно се радува на сè што градиме во слава на Бога и за потребите на нашиот богољубив народ. Но, како чеда негови имаме уште обврски пред него како наш духовен татко. Ни највелелепните палати и најраскошните зданија ќе немаат вредност пред светителот и пред Бога доколку не го возобновиме највредното - духовната грабда во битието на нашиот народ. - Ако сме светиклиментови, треба и светиклиментовски да се однесуваме кон сè што тој ни оставил. Затоа и на овој негов ден да размислиме колку го чуваме јазикот, оној ист јазик кој во негово време беше богослужбен во половина Европа и стигна таму до Киев и Владивосток, колку го чуваме писмото, колку поуките и книжнината, колку Црквата и Татковината, колку љубовта и единството, колку и пак колку го негуваме меѓу нас братољубието и родољубието, колку човекољубието и богољубието, колку верата и Евангелието? Треба постојано да размислуваме дали нашите постапки го имаат светиклиментовиот благослов и да се запрашаме дали нашите зборови и мисли би ги рекол или помислил големиот богоугодник?!
Возљубени, ако секој родител е задоволен кога децата се послушни и успешни, или што би рекол царот Давид кога браќата живеат сложно (сп. Пс. 132, 1), тогаш колкава радост би било и за свети Климент кога како негови чеда би биле посложни и поединствени за сè, а особено за прашањата од духовен и национален интерес за нас, неговиот македонски народ.
Единаесет столетија нè делат од времето на свети Климент. Но, тој како да е и наш современик и како да ни порачува: чувајте сè што е добро и спасоносно, што сте го наследиле од вашите претходници; чувајте ја Црквата Божја и нејзините светии и светилишта, чувајте ја верата и воспитувајте ги во неа и учете ги на прадедовските обичаи и традиции младите македонски генерации, зашто тие колку повеќе ги знаат духовните вредности, толку помалку ќе се оддаваат на злото и на лошите појави на современието. На младите семејства, пак, тој би им порачал: имајте повеќе рожби и за себе и како дар за својот род и Татковината, зашто тоа е и благослов Божји и единствен начин да опстоиме како народ. Би ни порачал и тоа: живејте во мир и разбирање со сите, за да покажете и потврдите дека сте достојни чеда на славните предци!
Возљубени, само доколку бидеме такви ќе покажеме дека сме навистина негови - светиклиментови и чеда Божји.
Впрочем, свети Климент е светилник, даруван од Бога, за да свети во совеста и срцата на сите коишто молитвено му се приближуваат и го имаат пред себе како ѕвезда водилка. Свети Климент бил и останува наш постојан будител и неговиот глас, носен од брановите на вечната светлина, ечи веќе единаесет столетија долж и шир македонската земја. Тој и денес нè повикува да бидеме будни, зашто не знаеме какви времиња доаѓаат (сп. Мк. 13, 33).
Светителе, Клименте, моли се да бидеме такви, да бидеме достојни твои чеда! Амин.

 

Друго:

Обраќање на претседателот Иванов на свечената академија по повод празникот Св.Климент Охридски

Обраќање на претседателот Иванов на свечената академија по повод празникот Св.Климент Охридски

Скопје, 7 декември

Почитувани, Македонија го чествува и слави Свети Климент, основоположникот на нашата Црква и на нашата писменост, нашиот голем учител. Зад него останале неговите 3.500 ученици и првиот словенски универзитет. Свети Климент Охридски е еден од двигателите на настаните низ кои се поистоветува целата историја поврзана со ширењето на христијанството и воведувањето на првото словенско писмо. По 840-та година од оваа ера, кога Свети Климент Охридски го здогледа Сонцето над македонската земја, па се до денес, тој создава и твори низ делата на сите кои ги употребуваат кирилицата и глаголицата како азбуки за изразување на своето творештво. Многуте поучни и похвални слова сведочат за огромниот влог во писменоста, на човекот кој е првиот словенски епископ, епископ Велички.

Ни претставува и огромна чест што денес, со сите наши соседи и со земјите од Европа го одбележуваме денот посветен на овој светец кој е и дел од европската култура и цивилизација. Преку Свети Климент, ние ја славиме и Македонија. Се присеќаваме на еден дел од нашето далечно минато, од време кое содржи голема и важна поука за денешнината и за иднината. На една историја која не учи на големите успеси кои се можни кога сме отворени, кога сме сигурни во себе и во потребата своето знаење да им го пренесеме на другите. Македонија, во далечниот 9 век, дала извонредна поука за денешна Европа. Сме покажале дека старата, медитеранска култура и цивилизација може своето насобрано и акумулирано знаење да го пренесе и примени низ огромните отворени пространства на континентот.

Почитувани. Мисиите на Светите браќа Кирил и Методиј, и нивните следбеници Свети Климент и Свети Наум биле израз на братска љубов и желба да се помогне. Тие покренале мисија на културата, на науката, на светлината. Денес, можеме да кажеме дека огромни пространства се дел од европскиот континент, од европската цивилизација и култура, токму благодарение на мала група луѓе, родум од Македонија. Тоа било гордо време кога силата на разумот и знаењето го осветлила мракот на незнаењето.

Споменот на Свети Климент не се гледа само во импозантните градби оставени од него, или обновени од неговите потомци. Плаошник, Богородица Перивлепта, стотиците други цркви и манастири во Охрид и насекаде низ Балканот и Европа се само физички спомен на славата на неговото време. Вистинското негово дело се гледа во живиот и динамичен јазик и култура, кои опстојуваат до крајниот Исток на евро-азиското тло. До најдалечните места до кои може да се стигне.

На овој пат Климент морал да спори со свештениците кои верувале дека насобраното знаење на Европа, треба да се предава само на неколку избрани јазици. Дека е тоа е некакво ексклузивно право на таканаречените стари народи на Европа и дека не е за другите земји и луѓе. Свети Климент бил подготвен да ја жртвува својата слобода и својот живот, за да го одбрани правото сите народи да зборуваат на својот јазик, и тоа да не биде пречка за размена на мисли и идеи. Се соочил со луѓе кои се плашеле од различноста, кои се плашеле да подадат рака на соработка. Свети Климент и неговите современици, знаеле дека не можат европските вредности, знаењето, да ги задржат за себе. Да ги затворат во стаклен сад кој другите ќе можат само да го гледаат, но од кој нема да можат да пијат. Да ги скријат од остатокот на светот, како што некои денес наивно мислат дека ќе им појде од рака.

Европското искуство не учи дека е можно некогашните непријатели да напредуваат заедно, паралелно едни со други, без тоа да оди на ничија штета. Дека историјата и науката не може да им припаѓа само на едни, а да им бидат ускратени на други. Почитувани, ние не смееме да дозволиме историските личности, кои со векови заеднички сме ги славеле, денес да бидат злоупотребувани како доказ на нечија супериорност, и како повод да се оспори еднаквата вредност на граѓаните на Македонија. Треба да укажуваме на позитивните примери од минатото, како примерот што го славиме денес, кога взаемната соработка успеала да го истакне и да го обедини најдоброто во нас.

Почитувани, На денешниот ден силно се прашуваме, дали европските земји и народи, политичари и институции, ја научиле оваа лекција од минатото? Сведоци сме на една Европа, која се мачи да го пронајде својот глас. Која за жал има тешкотии токму во тоа што отсекогаш било основа на нејзиниот дух – да ги окуражи и поттикне народите и државите. Денес, за првпат, имаме ситуација во која сите земји од нашиот регион, со демократски избрани влади, можат да го обединат овој измачен дел од Европа врз основа на меѓусебно почитување и разбирање. Со соработка и со пријателство. Не врз основа на старите калкулации и сојузништва, во полза на едните, а на сметка на другите. Туку во полза и во интерес на сите нас. Особено да потенцирам – да се обединиме врз основа на европските вредности и принципи. И денес не можеме да се изначудиме од одговорот на оваа светла иницијатива. Добиваме колеблив одговор, добиваме решенија кои важат од денес до утре, си дозволуваме блокади, притисоци на ситните интереси. Гледаме отсуство на визија. Добиваме најави за 2012, 2014, 2015 година... Како мислиме да ги постигнеме тие рокови? Со опструкции и со попречувања? Место Европа со отвореност да настапи кон новите, идни членки, одделни земји гледаат како може тие да се злоупотребат или присилат, за својот тесен интерес. Стравувам дека ќе го пропуштиме моментот на Балканот и дека секое кршење на принципите денес, утре ќе вроди со десетици нови прекршувања, десетици нови блокади. Како што секое отстапување од принципите вчера, носи до кршење на принципите денес.

Институциите на Европа, кои треба да ги претставуваат нејзиниот дух, како да немаат сила и подготвеност да ја следат нејзината визија. Цела Европа долго време чекаше политички модел кој ќе успее да ги собере сите водачи од континентот на едно место. Чекавме институци на Европа, чекавме европски Парламент, европска Влада, европски Претседател. Некои од овие институции покажуваат дека живеат со духот на обединета Европа и нивните постапки служат на чест на европската слава. Но, за жал, се уште не можеме да ја видиме Европа која ќе проговори со еден обединет глас. Се уште гледаме водачи кои дозволуваат да бидат понесени од ситни, тесногради интереси, кои се директно спротивни на широкиот дух и неограничена визија на луѓето кои сите заедно ги славиме. Моќта на денешна Европа, како и тогаш пред 1.000 години, не била во силата на оружјето, и во наметнувањето на своите ставови со сила. Тајната на успехот, на силата на Европа, била и е во извесноста дека сите некогашни непријателства ќе бидат засекогаш закопани во еден обединет економски, политички и општествен модел.

Почитувани

Оваа историја сме ја живелее многупати порано. Ништо ново не измислуваме. Каков и да биде исходот на разговорите кои се водат овие денови во Брисел, Македонија ќе опстои. Ние сме силна земја, која нема да попушти пред притисоците и евентуалните неправди. Ние имаме европска перспектива, која ќе ја оствариме, заедно, со поддршка од сите етнички и верски заедници, сите партии, сите граѓани. Еден регион, еден континент, кој отсекогаш живеел заедно, не можете да го поделите со административни, бирократски пречки. Македонија била, е, и ќе биде во Европа, достоинствено и слободно. Заедно со Европа ќе ги живее сите нејзини успеси и падови. Свети Климент и неговите современици знаеле дека Европа нема право својот модел, своите вредности, да ги крие љубоморно за себе. Дека нејзиниот успех, економски, политички, научен, културен, нејзината висока положба во однос на другите земји и народи, и дава морална обврска да подаде рака. Дека не може долго време самата да стои затворена и изолирана од надворешниот свет. Дека само на тој начин ќе може да ја исполни својата историска и општо-човечка мисија. Почитувани, јас верувам дека Европа ќе смогне сили да го заокружи проектот кој го започна. Ви благодарам

Кабинет на претседателот на Република Македонија

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

10/08/2024 - сабота

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная