логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 На 12 ноември 2009 година во салата на Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа Архиепископски црковно-народен Собор (АЦНС). Соборот, којшто го сочинуваат делегати од сите епархии и институции на Македонската православна црква (МПЦ) како во Република Македонија, така и во дијаспората. Пред делегатите  на Соборот и гостите,  воведно слово произнесе Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

Stefan.Petkovden.jpg

Архиепископ Охридски и Mакедонски    г. г. Стефан


Добре дојдовте и добро се најдовме на овој свечен дел од овогодинешниот Архиепископски црковно-народен собор на Македонската православна црква, што го одржуваме во Соборниот архиепископски храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје . Во овој дел на Соборот ќе отстапиме место и за промовирање на новото издание на Светото Евангелие – света книга врз која го потпираме и нашиот собор и од која, воопшто, извира соборноста на Црквата, која, не само по дефиниција, туку и по својата суштина е соборна заедница на Бога, светиите и верниот народ. Со други зборови, Црквата постои на соборен начин – зашто еден и единствен е Христос за сите, една е Главата со која тесно се поврзани сите членови на Едното Тело – Црквата. Соборноста не е всушност распространетоста, таа не е просторен поим, зашто Црквата го повикува секого да биде едно во Христа. Нашето единство во Христа, како што вели еден од најпознатите богослови на современието – Владимир Лоски, е единствено и основно единство на човечкиот род.    

Црковните собори, од самиот почеток на постоењето на Црквата, се издигнале во незаменлив авторитет и за учењето, и за законодавството, и за уредувањето. Историјата на Црквата разликува вселенски собори, на кои учествувале претставници на сите тогашни помесни православни Цркви, обично епископи, презвитери и ѓакони. Одлуките на овие собори биле официјални и општоважечки за целата Вселенска црква. Постоеле и т.н. помесни собори, кои ги одржувала една помесна црква и на нив се разгледувале прашања од актуелниот живот на таа црква, но воопшто од животот на сите христијани. Одлуките од овие собори не се општоважечки, освен оние што се одобрени или прифатени од сета православна Црква. На Соборите учествувале и световни лица (мирјани и лаици), како и цареви, или нивни делегати. Познато е дека за целата Света Црква посебен авторитет имаат соборот на Апостолите, седумте Вселенски собори и десетте помесни собори.

Конкретно, во поновата историја на Македонската православна црква, посебно место заслужуваат Соборот од 1945 година, одржан во Скопје, познат како Прв црковно – народен собор, Соборот од 1958 година одржан во Охрид и Третиот Црковно-народен собор, одржан во 1967 година, исто така, во Охрид. Потоа се свикувани почесто, особено за потребите од промени и за дополнување на Уставот, за донесување и одобрување на Уредби, Правилници, правни акти или за други потреби од животот на нашата Света црква. Во последно време, што е за поздравување, Соборот се одржува согласно Уставот на Македонската православна црква – барем еднаш годишно, и тоа со учество на претставници од сите епархии и институции на Македонската православна црква.

И оваа година очекуваме особено внимание Соборот да им посвети на дадените предлози за промени и дополнувања на Уставот, со кои се очекува највисокиот правен акт – Уставот на МПЦ, да се усогласи со новиот Закон за верски заедници и религиозни групи и со другите позитивни закони во државата. Треба да очекуваме Соборот да биде информиран до каде е процесот за денационализација и враќањето на црковните имоти. Исто така, ќе биде посветено и особено внимание за духовната димензија од животот на нашиот народ, на семејствата и бракот, а особено за животот на младата генерација. Соборот ќе му посвети време и на трагичниот настан во Бигорскиот манастир, каде што пред нецели два месеца изгоре најстариот конак од манастирскиот комплекс, наречен Горни Палат, а во овој контекст ќе се разговара и за безбедносниот аспект при чувањето на сакралните објекти и предмети. Овогодинешниот Собор треба да даде и насоки за местото и улогата на Црквата и религијата во современите текови во животот и опстојувањето на народите и државите, особено на планот на глобализацијата и критериумите и вредностите што доаѓаат со неа. Духовните и морални принципи не можат и не смеат да бидат заменети со лажните вредности на современието. Нас, пак, како христијани, особено не смеат да не збунуваат новите процеси, туку, напротив, за да не се соочиме со негативните последици, треба да се трудиме да дадеме одговор во согласност со Светото Писмо и Светото Предание на Црквата, и тоа „соборно“, што би рекле ние во Црквата, од луѓе исполнети со духот на вистината, од луѓе со правилни и праведни размислувања, луѓе кои знаат да ја почитуваат слободата на секоја личност и секој народ, но знаат и што значи она сè ми е позволено, но не ми е сè од полза. Ќе речам дека димензијата на глобализацијата претставува основен и составен дел од православното богословие и богомислие: небото, земјата, човекот – сè е дело Божјо и сè се стреми кон новото небо и новата земја (како што учи Библијата – Пост 1,1 и Откр. 21 - 22). Но современата глобализација, или, човечкиот поим за соборност, е неостварлив и сосем спротивен на соборноста, односно единството на Светата Црква, како заедница во Бога, манифестира преку литургиското единство, преку едносушноста во верата и надежта за вечното опстојување во соборот на Небесната црква. Соборноста на Црквата е глобализација пред глобализацијата, но таа има идеал, има остварлива проекција, има гарант за вистинската природна слобода и цел на созданието – тоа е Богочовекот Христос.

Овогодинешниот Црковно-народен собор, исто така, ќе му посвети и на македонската актуелна состојба – и на црковен, но и на национален државен план. Како членови на највисокото тело на Црквата наша македонска, должни сме да ги разгледаме и внатрешните случувања на административен, организациски, економско-материјален и просветен план, како и тоа, кои се потребите од духовен карактер на нашите верници. Веројатно ќе има интерес зошто МПЦ сè уште за некои е „забавно“ катче и „мета“ за острел, за чиј интерес и интереси се прави тоа и дали антицрковното е само антицрковно, и дали се случајни оние собирачи на потписи и анкетари и дали се случајни веќе препознатливите „егзарси“ и надвор од Црквата. Зашто, очигледно некому му беа потребни, заради нечие „зајдисонце“, и „Изгрев“ и Градски плоштад и некакви ветерници и што уште не!?

Соборот треба да укаже, да покаже и да насочи во кој правец и со кое темпо треба да се движат и да одат активностите, дејностите и мисијата на нашата Света Црква. Времето што го живееме и, особено, обврските што сме ги прифатиле, бараат од секого целосна посветеност и припаѓање на она за кое сме прифатиле да го работиме и да служиме – на Бога и на народот.

Господ Бог, по молитвите на светиот Климент Охридски, нека нè умудри да бидеме од полза и да донесеме правилни одлуки на денешниов Собор на нашата Македонска православна црква. Господ да ве благослови. Амин.   

Скопје, 12 ноември 2009 год.

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

 Stefan.Petkovden.jpg

Stefan.Petkovden.jpg

 

Посети: {moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная