Излезе од печат новиот број од списанието „Православна Светлина“ .
И во овој број, во списанието се обработени теми од учењето на нашата Мајка Црква , со цел да ги спознаеме позитивните моменти од нив и да се обидеме да ги примениме во нашиот живот, а со цел уште повеќе да ја зацврстиме нашата заедница со Бога и меѓу нас самите, да ги спознаеме и примиме Божјите добрини и убавини, за полесно да го пронајдеме своето смирение и да придонесеме за што поголем интерес кај сите верници во Повардарската епархија, па и пошироко, за практикување на нашата православна христијанска вера.
Новиот број на „Православна Светлина“ содржи 56 страни, во кои се обработени вкупно 16 теми.
![Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg Bigorski.Rekonstrukcija5.jpg](/images/stories/vesti08/Pravoslavna.svetlina11a.jpg)
Примерокот е бесплатен, а може да се најде во седиштата на Архиерејските намесништва на Повардарската епархија во градовите:
Велес - Соборен храм „Св. вмч. Пантелејмон“, „Успение на Пресвета Богородица“, „Св. Спас“ ;
Кавадарци - Соборен храм „Св. Димитрија“
Неготино - Соборен храм „Св. Атанасиј“
Гевгелија - Соборен храм „Св. Кирил и Методиј“,
како и во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија
Повеќе:
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=773&Itemid=32