логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 

Скопје, 9 октомври (МИА) - На името Македонска православна црква да се додаде Охридска архиепископија, предложил Синодот на МПЦ на вчерашната седница. Конечната одлука за тоа ќе биде донесена на Црковно-народниот собор што треба да се одржи во ноември.

Целта на додавањето Охридска архиепископија на името на МПЦ, како што образложи митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, е усогласување на Уставот на Македонската црква со нејзината регистрација како правно лице и со законските прописи во Македонија.

- Впрочем во самиот Устав на нашата Црква во преамбулата веќе е посочено дека Охридската архиепископија всушност е исто што и МПЦ. Во овој случај бидејќи има тенденции како од јужниот, така од источниот и од северниот сосед да ја присвојуваат нашата Охридска архиепископија како да е нивна црква ние сакаме да кажеме дека тоа е исклучиво наш бренд на МПЦ, на Црквата во Македонија, на Црквата на македонскиот народ, вели г. Петар.

Тој смета дека тоа ќе овозможи подобра комуникација со Српската и со Грчката црква, зашто обично, како што вели, оние кои не сакаат да ве именуваат така како што сакате вие да се именувате, им е полесно да ве именуваат како што тие сакаат, но тоа е нивни проблем, не е наш.

Станува збор за црковно прашање, вели тој и додава дека и нашиот архиепископ во својата титула се именува со Охридски и македонски, што значи ако веќе и архиепископот ја носи таа титула нормално е и Црквата да ја носи истата титула.

Додавањето Охридска архиепископија на името на МПЦ беше на дневен ред и на минаготодишниот Црковно-народен собор во Калишта, но владиците без посебно образложение решија да не дискутираат за тоа.

 

Новото име на црквата ќе биде МПЦ - Охридска Архиепископија


Ова е втор обид на владиците да извршат уставни измени. Минатата година иако точката за измени на Уставот беше предвидена во дневниот ред на Соборот, сепак во последен момент македонските архијереи се откажаа


Терминот ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ќе стане составен дел на името на Македонската православна црква. Владиците на последните две синодски седници постигнале согласност името на Црквата да се дополни со одредницата која го означува историскиот конитинуитет на македонската црква. Оваа одлука ќе треба да ја потврди и Соборот на МПЦ кој е закажан за првата половина на ноември. Ова е втор обид на владиците да извршат уставни измени. Минатата година иако точката за измени на Уставот беше предвидена во дневниот ред на Соборот, сепак во последен момент македонските архијереи се откажаа. Тогаш јавно против оваа иницијатива застанаа дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј и Повардарскиот Агатангел. Изворите на Вечер велат дека сега не постои разногласие и сите владици биле подготвени за овие уставни измени.
Црковни извори велат дека уставната комисија во МПЦ на оваа иницијатива работела цела година и има сериозни аргументи зошто се преминува кон дополнување на името на Црквата.
Овој тип на именување не е непознат во православните цркви. Речиси сите покрај терминот кој го означува националната припадност, во името на црквата го имаат и терминот што го лоцира престолот на поглаварот. Таков е примерот со Руската православна црква, чие целосно име е РПЦ-Московска патријаршија. Истиот принцип го има и СПЦ (Српска православна црква-Пеќка патријаршија). Во Уставот и на Грчката црква стои името на Атинската архиепископија(ГПЦ-Атинска архиепископија.)
Доколку овој пат Црковно народниот собор ја усвои одлуката на САС на МПЦ, тогаш во иднина МПЦ ќе се нарекува Македонска православна црква - Охридска архиепископија.

Марјан НИКОЛОВСКИ- Вечер

 

 

 

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Православен календар

 

16/06/2025 - понеделник

Петровденски пости;(строг пост)

Св. маченик Лукилијан и со него: Клавдиј, Ипатиј, Дионисиј и девицата Паула; Св. свештеномаченик Лукијан; Св. маченик Димитриј, принц руски;


Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај  2025

Тропар на св. Христов Апостол Ерма 13 јуни/31 мај 2025

Како огнот што го загрева железото, така благодатта срцето човеково,за да го покаже сето она кое е нечисто, о Ермо велики, Бог те...

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Тропар на преподобниот Христов исповедник Далматскиот игумен Исакиј 12 јуни/ 30 мај 2025

Исповедник на Православието, скротувач на ѕверови во луѓето, преподобен оче наш Исакие, пратеник Божји за сведоштво на вистината, Црквата со твоите...

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Тропар на света Христова маченичка Теодосија девица 11 јуни/29 мај 2025

Добродетели со љубов си стекнала, маченичке,  чисто живеалиште Христово, и на Светиот Дух возљубен дом; оттука си го посрамила непријателот  кој се...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная