логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

o.Aco1.jpg
  28 август 2009 год- храм Успение на Пресвета Богородица


o.Aco1.jpg

Беседа :

(Произнесена на праникот на Ѕспение на Пресвета Богородица, во храмот посветен ан Рождеството на Пресвета БОгородица)  

 Денес, нашата света православна Црква одбележува многу голем ден, којшто е посветен на празникот Успение на Пресвета Богородица.
Човекољубивиот и Многумилостив Господ Бог наш, сакајќи да го ослободи човечкиот род од прародителскиот смртен грев, многупати му се јавуваше во Стариот завет на Својот избран народ, Израилот, ветувајќи дека ќе му испрати Спасител, и тоа од неговиот род, но доколку се држи според Законот Божји и ги исполнува заповедите Негови.

И навистина, така и направи. Пред двеилјади години на побожните родители Јоаким и Ана им  подари чедо, која ја нарекоа Марија, бидејќи со солзи беше измолена од Бога. А таа девојка подоцна стана Мајка, на нашиот Господ Бог Исус Христос, Кој дојде на земјава како Син Божји, но во облик човечки, а не само како Бог, за луѓето полесно ги прифатат и исполнат Неговите заповеди и на тој начин да се спасуваат.

И така Божјиот завет се исполни преку пророштвото, бидејќи преку Пречистата Дева Марија Го испрати Спасителот на светот од лозата Давидова.
 Определена за таа величествена служба од Севишниот уште од порано, таа така стана посредничка за помирување со Бога и за преоѓање од смрт во живот вечен. Па поради сето тоа таа стана најпочитуваната жена низ сите векови и по целата Селена.


 А, бидејќи како Мајка претрпе силни потреси при распнувањето на нејзиниот син Исуса Христа, таа стана сожалива и на нашите маки и тешкотии во овој свет, па поради тоа и милозлива молителка и наша вечна заштитничка пред престолот на Севишниот Господ Бог.
 Благочестиви христијани, на чудесен начин било рождеството на Пресвета Дева Марија, а исто така, и нејзиното воспитување. Но уште почудно било нејзиното успение по сеќавањето на Црквата (Светото предание) изразено во иконата на празникот и во Литургијата.
И светите отци и црковните учители, исто така, се натпреварувале како најживо да го престават тој чудесен чин; додека, пак, похвалите и акатистите посветени на Пресвета Дева Марија - преставуваат бисер на црковната поезија.

 И не е само тоа. Нејзе, Богородица,  Господ Бог ја удостои со таква светост и достоинство, со тоа што $ го возвраќа Своето божество за да се роди на небото: Славата на идниот век, крајната цел на човекот. И тоа, само затоа што, Таа Го роди Синот Божји во светот на Неговото тело; таа Му го позајми своето човештво за да се роди на земјата, бидејќи во она време таа беше најпобожната, намудрата и најблагородната душа во Израилот.
И затоа ни едно друго име од човек, не е толку многу спомнувано, како во земјата, така исто, и во небесната Црква.

o.Aco1.jpg
 

 На денешен ден, Таа се упокоила какошто и сите луѓе се упокојуваат. Но, кога Апостолите ја испратиле и сохраниле како носи редот, на погребението отсуствувал светиот апостол Тома, тоа било Божја промисла за да се открие уште една тајна на Света Богородица. Третиот ден доаѓа и тој, и посакал да го целива телото на Светата Пречиста. Но, кога апостолате го отвориле гробот ја нашле само плаштаницата со која била обвиткана, додека телото не било во гробот. Таа вечер таа се јавила на апостолате - и им рекла: “Радувајте се, јас сум со вас за секогаш!” 

 Ете така, прва после Господа Христа, Света Богородица, Божјата Мајка и наша мајка, беше ја доживеала таа најголема радост, вознесувајќи се во тело по примерот на нејзиниот Син. Така се потврдило она, што Господ Бог беше воскреснал со телото Свое, за да покаже дека и ние ќе воскреснеме на Судниот ден. И, тоа е уште еден показ за вистинскиот пат кој го врвиме,  патот до побожноста.

 Благочестиви христијани, го чувте денес светото Евангелие и приказната во него за двете Марии - сестрите на Лазара.

 “Кога Господ еднаш дошол кај својот пријател Лазар, во домот на неговите две сестри, како и секогаш посакал да им позборува за Царството Божјо. Тогаш помладата сестра Марија седнала покрај нозете Исусови и внимателно ги слушала зборовите Негови. А Марта постарата сестра, како домакинка беше се растрчала околу гостопримството на Спасителот. И, така брзајќи Марта ... рече: “Господи речи $ на мојата сестра да ми помогне. Ете, јас сум во голема работа”. А Тој $ рече: “Марто, Марто, ти се грижиш за многу работи, ама само едно е потребно!”.

 Тоа е - што? Човек да се се држи до Законот Божји и ги исполнува заповедите Негови. Бог бара  од нас да ја исполнуваме волјата на Отецот како да е Негова сопствена волја, тоа значат зборовите: “Бидете совршени како што е совршен вашиот Отец небесен” (Мат 5,48). Ете тоа се бара, а  “Марија го избра добриот дел”, рече Сапсителот, оти тоа е потребно за спасение.

 Но, зошто се отклонивме за момент со двете Марии, пријателките на Мајката Божја. Тоа е затоа,  за да покажеме дека Богородица, исполнувајќи го Законот и заповедите Божји стана првата обожена  личност, но не беше сама, по неа тргнаа и многу други богобојазливи жени, како што беа и сестрите Лазареви. Тој  е, браќа, и нашиот пат на подобието.

Денешниот празник е полн со сила Божја, полн со благодат  Божја, благодат која му е потребна на секому од нас, за да можеме да се држиме до Законот и заповедите Господови, како предуслов за лично обожување. Исполнувајќи ги  заповедите Христови и, очистувајќи се од гревовите, така ни се отвораат вратите што водат кон единството со Бога. Само во Христа и преку Христа, секој еден може да стаса до сопственото спасение. Ете, затоа ние $ се умилкуваме на Неговата Мајка и наша мајка.

Па да се радуваме, браќа, и ние за овој непроценлив дар од Господа, упатувајќи сесрдни молитви и на Пречистата Дева Марија, која е со поголема чест од херувимите и неизмерно пославна од серафимите, мајката на Спасителот наш.

 Да ја молиме и денес, независно по кој пат, за да се застапи пред Господа, притекнувајќи секогаш во нашите страдања и, лекувајќи болести, растурајќи искушенија и разноразни напади од лукавиот. Па така нека не удостои да се причестиме, со светите Тајни, измирувајќи се на тој начин со Бога и Црквата Негова, та да бидеме наречени уште и синови Негови.  Амин!

o.Aco1.jpg

 

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

11/05/2026 - понеделник

Св. апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира; Св. маченици Максим, Дада и Квинтилијан; Св. маченик Тибал;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная