логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

 ...„Да се возљубиме еден со друг и едномислено да Го исповедуваме: Отецот и Синот  и Светиот Дух – Троица Единосуштна и неразделна! ...За соединување на сите на Господа да се помолиме!... И дај ни со една уста и со едно срце да го воспеваме и славиме Твоето свето и великолепно  име – Отецот и Синот и Светиот Дух сега и секогаш и во сите векови. Амин!“ (од Божествената Литургија на Св.Јован Златоуст)
   - Вака редовно се принесуваат усрдни молитви кон Бога во нашиот свет Храм. А Бог, Кој ги слуша сите Свои чеда, никогаш не ги остава добрите прозби кон Него неисполнети. И, како и минатата година при празнувањата во чест на нашата покровителка Св.Параскева, така  и оваа година овие наши молитви во целост се исполнија!
    Повторно нашата сестринска Руска Црква ја покажа своето БРАТСКА ЉУБОВ кон нас преку донесувањето на светите и пречесни мошти на Светата Параскева! Нивното присуство на Бдението и Светата Литургија уште повеќе не исполни со радост и духовна благодат! На светата Литургија на верниците им беа делени икончиња од Св.Петка, кои допирајќи ги врз светите мошти, верниците си ги земаа дома за благослов и душевно и телесно здравје. Овде е важно да се спомене и дека покрај моштите на Света Петка беа и честици од моштите на Свети Пантелејмон, Свети Јован Крстител, Свети Јован Златоуст, Св.Апостол Андреј, Св.Григориј Богослов, Св.Марија Магдалена, Св.Пророк Јеремија, Св.Апостол Лука, Св.Великомаченица Варвара, Св.Великомаченик Ѓорги Победоносец, Св.Филомен, Св.Харалампиј и Св.Трифун, како и честица од Чесниот и Животворен Господов Крст! Навистина ПРЕГОЛЕМА  благодат!
И повторно во ЕДНОМИСЛИЕ сослужуваа нашиот парохиски свештеник о.Стојан Стојанов и свештеникот од нашата сестринска македонска Црква Св.Кирил и Методиј од Хинздејл – о.Рубинчо Ацевски. Исто така, оваа година заедно со чтецот на нашата Црква – Драган Јорданов, прислужуваа и аџи-чтецот Стојан Димитриевски од Црквата Рождество на Пресвета Богородица од Детроит, како и чтецот Стојанчо дојден овде на привремена посета од Македонија.
   И повторно СОЕДИНЕТИ и собрани на едно место ГО СЛАВЕА ГОСПОДОВОТО СВЕТО ИМЕ  верниците од различна национална припадност (Македонци, Руси, Украинци, Срби, Бугари итн.) кои беа едно во Господа.
   И повторно ангелски и СО ЕДНА УСТА И ЕДНО СРЦЕ СЕ ПРОСЛАВУВАШЕ и ВОСПЕВАШЕ Светата Троица, Божјата Мајка и нашата покровителка Светата Параскева, со умилните гласови на Архиерејскиот Хор од Руската Катедрална Црква предводени од нашата диригентка (која, пак, е член и на нивниот Архиерејски хор!). И оваа година бевме почестени со присуството на протоѓаконот Вадим Ган и ипоѓаконот Андреј Уртиев, како и чтецот Сергеј Фурманов и чтецот д-р.Михаил Гил (кој воедно е и диригент на архиерејскиот хор). Нашите верници со љубов ги пречекаа овие наши драги гости и им изразија искрена благодарност за прекрасното пеење. По Бдението пак, на трпезата на љубовта, нашата талентирана виолинистка Ана Симоновска им свиреше изворни македонски песни, а народот пееше, а потоа гостите ни отпеаа нешто руско, а таа ги пратеше на виолината.  Беше прекрасно!
На Светата Литургија во саботата, отец Стојан им се обрати на Руски, заблагодарувајќи им се за пеењето и замолувајќи ги да пренесат поздрави од целата наша македонска Црква до нивната руска катедрална Црква и благодарност до в.Петар за светите мошти, а потоа на протоѓаконот Вадим му врачи и писмо со благодарност. За возврат, пак, за сета наша гостољубивост, по благословувањето на ручекот, протоѓаконот ги изненади сите со својот специфичен, длабок глас: „Благоденственое житие, здравије же и спасеније и во всјем благое поспешение подажд Господи всечесном Протојерејом Стојаном, Старостему, Сестричеству, Началнице хора и всјех појушчих и сохрани их  – НА МНОГАЈА ЛЕТА! И хорот торжествено отпеа Многаја лета, а сите во салата се исполнија со радост! Исто така, нашиот свештеник беше поканет од протоѓаконот и другите гости да присуствува во руската Црква на Службата во чест на празникот Успение на Божјата Мајка, која ќе започне со Бдение во четвртокот вечерта , на 27 Август, во 9,30ч., па ќе има изнесување на плаштаницата на Пресвета Богородица со Трикратен опход околу Црквата, а потоа околу 12ч. ќе се продолжи со Света Архиерејска Литургија (за повеќе информации околу оваа служба може да се посети веб страницата на руската Црква: http://www.holyvirginprotection.org/).
   Во неделата, нашите празнувања продолжија со Светата Литургија обогатена со пеењето на нашиот Црковен Хор, по која следеше Водосвет, благословување на празничниот Колач и избор на нов кум на нашиот Храм. Оваа година таа чест и припадна на нашата сестра во Христа Анче. Нека е благословено од Господа нејзиното кумство!


Нека ни биде на сите напомош Светата Преподобномаченица Параскева и
НА МНОГАЈА ЛЕТА НА СИТЕ КОИ УЧЕСТВУВАА ВО НАШИТЕ ПРАЗНУВАЊА И ГИ ОБОГАТИЈА СО СВОЕТО ПРИСУСТВО!!!

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

  Chikago.sv.Petka.jpg

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

10/07/2025 - четврток

Петровденски пости (на масло)

Св. Сампсон Странопримец; Св. презвитер Севир; Св. Јоана Мироносица ; Свештеномаченик Јосиф Дамаскин;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни  2025

Тропар на рождество на Св. Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов 7 јули/24 јуни 2025

Пророче и претечо на Христовото пришествие,не знаеме како достојно да те восхвалиме,ние кои со љубов те почитуваме, со твоето славно...

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина  6 јули/23 јуни 2025

Тропар на св. Христова м-ца Агрипина 6 јули/23 јуни 2025

Оковите железни го опфатија телото твое, но љубовта кон Христа даде ослободување, не само од маченички болки, туку од заробеноста...

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни   2025

Тропар на св. Христов свм. Евсевиј епископ Самосатски 5 јули/22 јуни 2025

Крин процвета во земјата сиријска,мирис се разлеа во црквата Христова,пастир мудар беше испратен при децата,да се возвеличува Еден Бог во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная