логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 

 Матурантите при Македoнската православна богословија Свети Климент Охридски во периодот од 20 април до 26 април 2009 година го реализира поклоничкото и научно патување низ Република Италија и  Република Албанија. Ова патување всушност претставува и продолжување на долгогодишната пракса на Богословијата по празникот Воскресение Христово да се организира поклоничко и научно патување во некоја земја каде што богословите ќе можат да посетат одредени свети места и да се поклонат пред моштите на светителите, но исто така, тоа е можност да се запознаат и практично со некои работи кои ги изучувале во текот на нивното школување во Богословијата. Изборот за посета на овие две земји беше одреден уште во октомври 2008 година на редовната седница на Наставно научниот совет при Богословијата, а истата одлука беше поддржана и од страна на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква.

Патувањето започна од Богословијата во утринските часови на Вториот ден (понеделник) од Воскресението Христово. Првата средба која ја остваривме беше во Постојна, односно во центарот на Фоколарите, Марија Поли, во с. Планина. Во овој центар бевме пречекани од страна на претставниците на Фоколарите, г-ѓа. Валерија Бранчич вработена во Ватикан и г-дин. Силвестер Тончич, координатор во Министерството за култура во Република Словенија. Од страна на МПЦО Свети Климент Охридски бевме пречекани од претседателот на општината Трајче Андонов и секретарот Атанас Продански, личности кои по вторпат го покажуваат своето братољубие кон Богословијата преку нивната грижа за сместување на богословите во Република Словенија за време на нашите поклонички и научни патувања.

Во вториот ден од патувањето, односно на 21 април започна реализирањето на нашата програма за поклоничкото патување. Во раните утрински часови беше посетен градот Трст, односно најголемиот православен храм во Италија, Свети Спиридон, изграден во 1869 година. За историјата на храмот, како и за неговата архитектура и уметност, ни објасни неговиот старешина, прота-ставрофор Рашко Радовиќ. Потоа беше посетен и вториот православен храм во Трст посветен на свети Никола, а подоцна беше разгледан градот и градскиот плоштад. По напуштањето на Трст патувањето продолжи кон Венеција.  Во овој град најпрвин се посети храмот посветен на светиот апостол и евангелист Марко, каде што бевме пречекани од страна на отец Марко Скарпа, кој е задолжен за екуменски релации на Егзархатот на Венеција со православните цркви. Веднаш потоа беше отслужен молебен на гробот од светителот на кој, покрај богословите, присуствуваа и голем број на други верници. По завршувањето на молебниот, придружени од отец Марко, го разгледавме храмот и неговата галерија, а потоа продолживме да ги разгледуваме и останатите знаменитости на градот како: Il ponte di sospiro, Il ponte di rialto, Il Mercantile, односно старата берза на Венецијанската република. На крај од разгледувањето на градот беше посетен и најстариот православен храм во Италија Свети Георгиј (1550 година). Во попладневните часови патувањето продолжи за Равена, каде што се ноќеваше во хостелот Данте.

 Во третиот ден беа посетени најпознатите храмови во светот кои во својата внатрешност се украсени со мозаици уште од ранохристијанскиот период: базиликата Свети Виталиј (VI век), мавзолејот на Гала Плачидиа (V век), крстилницата Neoniania (V век), базиликата San Apolinare Nuovo (VI век) и базиликата San Apolinare in Classe (VI век). По ова разгледување во попладневните часови патувањето продолжи кон Рим, односно во Grottaferrata, предградие на Рим, каде што бевме пречекани и сместени од архимандритот Емилијан Фабрикаторе во манастирот San Nilo (XI век). Во овој манастир по вторпат Богословијата, за време на своите поклонички и научни патувања, е прифатена како гостин.

На четвртиот ден од патувањето започна разгледувањето на градот Рим. Најпрвин беше посетена базиликата San Paulo fuori le Mure (1823 година), базилика која изобилува со мозaици и во која хронолошки, преку фрески, се опишани најзначајните моменти од животот на апостол Павле. Потоа беше посетен и локалитетот Circo Massimo, најголемиот стадион во историјата, изграден од човек, кој можел да собере и до 320.000 луѓе. Во продолжение на денот беше посетена базиликата Santa Maria in Cosmedin (VI век), каде што се ноаѓаат и дел од моштите на свети Валентин. Потоа беше посетен и споменикот подигнат во чест на обединувањето на современа Италија и споменикoт на незнајниот јунак Altare della Patria (1885-1915 година), како и Piazza Venezia, Трајановиот форум, Campidoglio, Carcere Mamertino (затвор во кој апостол Петар ја издржувал својата прва затворска казна), Колосеумот, т.е. најголемот отворен театар во светoт, Константиновата капија, базиликата  San Giovanni in Laterano, а во 15.30 часот во базиликата San Clemente, се отслужи молебен пред моштите на свети Кирил Солунски. До крајот на денот беа посетени и базиликата San Pietro nei Vincoli,  каде што се наоѓаат чесните вериги од апостол Петар како и познатата статуа на пророкот Мојсеј, изработена од Микеланџело. Потоа ја посетивме и базиликата Santa Prassede, односно манастирoт во кој светите браќа Кирил и Методиј живееле за време на нивниот престој во Рим. Во продолжение на денот беше посетена и базиликата Santa Maria Magiore, храм во кој била потпишана вулата од страна на папата Јован дека светите браќа можат да го проповедаат христијанството во Моравија на словенски јазик. На крајот од денот беа посетени и Пантеонот, или храм на сите богови од II век, а од почетокот на VII век со одлука на папата Бонифациј IV, посветен е на Дева Марија и на сите Маченици. Потоа беа посетени Fontana di Trevi и Шпанските скали.

Во петтиот ден од патувањето најпрвин беше посетена базиликата Свети Петар, во која богословите најпрвин ја видоа познатата статуа од Микеланџело, Pieta, односно Mилоста на Мајката Божја, а потоа се поклонија на светите мошти од светиот апостол Петар, свети Јован Златоуст, свети Григориј Ниски и свети Григориј Двоеслов. По разгледувањето на базиликата Свети Петар, богословите се сретнаа со секретарот на Комитетот за единство на христијаните при Ватикан, отец Милан Жуст, а потоа беше посетен замокот Castelo sant` Angelo, Piazza Navona и локалитетот Tore Argentino. Во поладневните часови беше посетен градот Тиволи, во кој се наоѓа познатата бенедиктинска базилика Santa Maria, или попозната како Villa d`Este (1550 година), вила во која кардиналот Иполит ги поминал последните години од животот.

Во саботата во раните утрински часови беше напуштен манастирот San Nilo и се упативме кон јужна Италија, односно најпрвин беше посетен градот Андриа, каде што се одржуваа денови на светите Кoзма и Дамјан, во храмот Santa Maria dei Miracoli, во која бевме пречекани од страна на старешината на храмот, отец Џузепе, кој ни ја објасни историјата на овој древен храм кој бил основан од источните монаси. По разгледувањето на храмот следеше молебен пред моштите на светите Кoзма и Дамјан, на кој присустваа и голем број на верници од градот.

По молебниот, патувањето продолжи кон Алберобело, град во кој, исто така, се наоѓаат свети моштии од свети Козма и Дамјан, град кој е под заштита на UNESCO поради својата карактеристична архитектура. Во 18. 00 часот пристигнавме во Бари, каде што ја посетивме базиликата Свети Никола, во која бевме пречекани од деканот на истоимениот екуменски институт, Скоњамиљо Росарио, кој ги запозна богословите со историјата на базиликата и со историјата на екуменскиот институт. По приемот беше отслужен молебен на гробот на светителот на кој, покрај богословите, учество зедоа и голем број на православни христијани  кои живееат во овој град. 

По молебниот беше разгледан и градот, како и православниот храм Свети Никола, започнат од последниот руски цар Никола II Романов. Во вечерните часови градот Бари и Италија беа напуштени и со брод се упативме кон Република Албанија во која пристигнавме во утринските часови во неделата.

          




 


 

Во седмиот ден од патувањето најпрвин пристигнавме во Драч, а потоа го продолживме патувањето кон Тирана каде ја посетивме соборната црква посветена на Благовештението, каде што се сретнавме со Негово блаженство, Архиепископот Анастасиј.

По Тирана беше посетен и храмот посветен на свети Јован Владимир во Елбасан, од каде се упативме кон граничниот премин Ќафасан.

 

Посети: {moshits}

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

« »

Православен календар

 

03/07/2024 - сабота

Светиот пророк Езекил; Преподобните Симеон и Јован;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Тропар на св. Христови маченици Трофим, Теофил и други 23 јули / 5 август 2024

Маченици свети Христови,вие браќа по вера постанавте,напоени и закрилени од благодатта,мачењата за ништо не ги сметавте,

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Тропар на светата Марија Магдалина 22 јули / 4 август 2024

Христос, Кој поради насОд Дева се роди,го следеше чесна Марие Магдалино,чувајќи ги Неговите заповеди и закони:затоа денес го празнуваме  

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Тропар на св. Божји пророк Езекил 21 јули / 3 август 2024

Свет е нашиот Бог,да се исполни целото небо и земја со Неговата слава,повикуваше о ти Езекиле Божји помазаниче и пророче,мачениче...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная