манастир на св.Никола, с. Љубанци (скопско)
Верен народе, да земеме врз себе голем труд во ова време на воздржување, за да стекнеме голема слава, избавени од пеколниот оган преку милосрдието на великиот Бог и Цар.
Вечерна, четврта седмица
Во среда од петтата седмица на Светиот Пост, кога Светата Црква го слави споменот на светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив , во манастирот на св.Никола, во с. Љубанци (скопско), се отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.