Од 13 – 15 февруари 2009 година во организација на Македонската православна црковна општина „Пресвета Богородица“ од Локарно, Швајцарска Конфедерација се одржа изборно годишно собрание на Македонската православна епархија за Европа со кое претседаваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Европски, г. Пимен, а присутни беа сите свештено – служители, како и голем број на делегати, од Црковни општини во Европската Епархија.
На собранието беа избрани членови на сите тела и органи, а се донесени голем број на одлуки за подобра организација на епархија. Следното годишно собрание на МПЕ за Европа ќе се одржи во организација на МПЦО „Свети Кирил и Методиј“ од Париз.
На празникот на св. Трифун и Сретение Господово, Митрополитот Европски, г. Пимен во солужение на свештенството од Европската епархија отслужи Божествена Литургија.
![Pimen.SH.jpg Pimen.SH.jpg](/images/stories/vesti08/Pimen.SH14.jpg)
Посети: {moshits}
ОД КАБИНЕТОТ
НА ЕВРОПСКАТА ЕПАРХИЈА