Литургија на Претходноосветени дарови во храмот Рождество на Пресвета Богородица
Во средата од првата седмица од Великиот Пост, на 5ти март 2025 година., во храмот Рождество на Пресвета Богородица,до Скопје ереј Ангел Сердарски во сослужение на ѓаконот Благоја Ристевски отслужи Литургија на Претходноосветени дарови. На светата Литургија верниот народ се причести со Претходноосветените дарови..
„Вака вели Господ: Од Сион ќе излезе законот, и од Ерусалим - словото Господово. И ќе им суди Он на народите и ќе изобличи многу племиња; ќе ги прековаат мечевите свои во плугови, а копјата свои - во српови: народ против народ нема да крене меч и нема повеќе да се учат на војна. О, доме Јаковов! Дојдете, ќе одиме во Господовата светлина. Но Ти го отфрли Својот народ, домот Јаковов, зашто тие примија многу од источните зла, и маѓесници си имаат како Филистејците и општат со синови на туѓинци. Се исполни земјата негова со злато и сребро, богатствата крај немаат; се исполни земјата негова со коњи, колите негови број немаат. Се исполни земјата негова со идоли: тие се поклонуваат на изработката од своите раце, на она што нивните прсти го направиле. Се поклонува ли човек, и се понижува ли маж - не простувај им. Влези во карпата и сокриј се во земјата од страв пред Господа и од славата на Неговото величие. Ничкум ќе паднат гордите погледи човечки, и она, што е високо кај луѓето, ќе се понизи; а само Господ ќе стои високо во тој ден.“
Јереј д-р Сашо Наков - ЛИТУРГИЈА НА ПРЕТХОДНООСВЕТЕНИТЕ ДАРОВИ