логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

prepprohor24 13

„Мудро испитан во воздржување, како злато во огнена печка, се покажа уште посветол, преподобен Прохоре. Затоа премина во Небесното царство. Поради ова, со вера славејќи те, викаме: Отче, испроси за нас благодат, милост и очистување на нашите гревови“(седален на утрена на празникот на преп. Прохор Пчински).

На 01.11.2024 година, денот кога го прославуваме споменот на преподобниот Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим и свештеникот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

 

prepprohor24 7

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Во почетокот, нашите прародители Адам и Ева не знаеле што е несреќа ниту, пак, што е грев, болка и мака. Библијата зборува дека несреќите започнале после првородниот грев. Со други зборови, злото започнало со откажувањето на послушноста кон Бога. Тоа е всушност бегство од Него, и тоа бегање со мисли, зборови и дела. Така злото се множело и живеело како некоја тешка духовна и телесна болест.

Бог има речено: Јас сум твојот Бог, немој да имаш други богови освен Мене (2. Мој. 20, 2-3). Свртувајќи Му го грбот многу често на Бога, човекот барал други богови. Тој не престанал да верува. Губењето на вера во вистинскиот Бог секогаш води во верување во идоли. Дали тие идоли се луѓе или предмети или некои измислени идеи не е ни толку суштинско. Важно е дека човекот редовно ја заменува вистинската вера со идолопоклонство или суеверие.

Св. ап. Јаков вели: Приближете се кон Бога и Тој ќе се приближи кон вас (Јк. 4, 8). Но, се поставува прашањето: како и на кој начин? Приближувањето мора да биде и со мисли и со зборови и со дела. Многу често се повторуваат во Светото писмо зборовите на Исуса Христа: Дојдете кај Мене... (Мт. 11, 28). Дојдете без да се грижите какви тешки бремиња носите на вашите плеќи. Дојдете не за да ви се суди туку за да ви се опрости. Дојдете вие навредени, понижени, отфрлени и запоставени. Бог ќе ве прифати ако се покаете и ако искрено Му пристапите. Ако целиот свет ве отфрли од себе и ако се откаже од вас, Бог никогаш нема да се откаже и ќе се смислува над вас. Дојдете сите без разлика на возраст, положба, знаење, образование, зашто Бог Отецот е еднаков кон сите и подготвен е да го израдува секој кој Му пристапува со вера, надеж и љубов. Бог ги чека сите на правиот пат. Бог сите подеднакво ги посакува – дојдете кај Мене. Дојдете и вие кои сте ги изгубиле сите надежи насреде неприликите во вашиот живот. Пред Бога нема ниедна изгубена војна ниту, пак, изгубена ситуација. Потребно е само човекот да ја послуша онаа порака на ап. Јаков: Приближете се кон Бога и Tој ќе се приближи кон вас (Јк. 4, 8).

Бог е Секадеприсутен, а, според тоа, близок е и кон секој човек, зашто Он стои пред вратите на секое човечко срце и тропа (Откр. 3, 20). Потребно е само да се отвори вратата. Бог не влегува во човечкото срце преку силата на Својата семожност туку само по патот на слободната волја, презентирана од страна на човекот. Во спротивно, нема да постои духовна и морална слобода, и слободен однос помеѓу Бога и луѓето. Затоа и Спасителот многу често ни вели: Ако некој сака да оди по Мене... (Мт. 16, 24). Го прашале некој човек, како најбрзо стасува до престолнината? Одговорот гласел: најбрзо стигнувам кога одам во друштво на добар пријател. Слично на ова, човекот најбрзо и најдобро стасува до својата животна цел кога оди со својот Бог, како што зборува пророкот, бидејќи Он е најголем пријател на луѓето. Спасителот често ги прашува луѓето кои Му пристапувале: Дали веруваш? Можеш ли да веруваш? А верата се постигнува со љубов кон Бога и исполнување на Неговите заповеди, кои се всушност и најголемиот закон на моралното однесување на луѓето. Луѓето се приближуваат кон Бога верувајќи во Него и разговарајќи со Него преку молитвата. Животот на луѓето е таков што секој ден имаат што да Му кажат на Бога, но, исто така, имаат потреба и да чујат што ќе им каже Бог на нив. Затоа и апостолот Павле вели: Бог кој во старо време, откако многупати и на многу начини ни зборуваше (Евр. 1, 1).

Ние денеска го прославуваме преп. Прохор Пчински, кој живеел во XI век и се подвизувал на планината Козјак. Со својот начин на живот, изразен преку подвигот, молитвата и постот, тој ни дава пример како да се доближиме до Бога и Бог кон нас. Примерот на св. Прохор Пчински ни укажува и ни упатува многу јасна порака, односно како се исполнува евангелскиот завет: Приближете се кон Бога и Он ќе се приближи кон вас. Да се обратиме со искрена молитва кон св. Прохор Пчински, тој со неговите молитви да измоли милост пред Бога за нас. Па и ние како христијани да се приближиме кон Бога, а и Бог кон нас, а за спасение на нашите души, сега и во сета вечност. Амин.

prepprohor24 1

prepprohor24 2

prepprohor24 3

prepprohor24 4

prepprohor24 5

prepprohor24 6

 

 

Св. Прохор Пчински

01.11.2024 г.

Ман. „Св. Климент Охридски“ – Плаошник, Охрид

 https://www.dke.org.mk/index.php/3706-prepodoben-prohor-pchinski-24

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная