Во програмата за одржување на Архиепископски црковно-народниот Собор(во манастирот на Рождество на Пресвета Богородица во Калишта, од 3- 5 октомври, 2008 година) по завршувањето на работниот дел, на 4 октомври се отслужи Вечерна богослужба. Во возобновениот храм на св. Пантелејмон и св. Климент на Плаошник, со богослужбата чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј.
По завршувањето на Вечерната богослужба, се отслужи панихида за починатите учесници на Вториот црковно-народен собор, а потоа се одржа свечената Академија во Соборниот храм на света Софија во Охрид.
Посети: {moshits}