логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Богојавление – Света Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола


На 19.01.2022 г., празнувајќи го Богојавлението Господово, кога Спасителот наш Господ Исус Христос се крсти во реката Јордан, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Кирил Трајковски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.


После Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар го отслужи чинот на Големиот водосвет.

Од осветените води, Светиот Крст го извади битолчанец  Никола Свенчев.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја, Него послушајте Го!“ (сп. Мат. 3, 17).

Овие зборови, браќа и сестри, од Отецот се слушнале на реката Јордан, откако Логосот, Синот Божји, Кој во триесеттата година од Неговиот живот, се воплотил од Пресвета Богородица, и како соврешен човек и Бог, дошол од Назарет на Јордан, за да се крсти од Јован Крстител, кој до тогаш не Го знаел.

Свети Јован не сакал да Го крсти Господа Исуса Христа, како што слушнавме пред малку од песната што ја одпеавме, во која се вели: „Како може слугата да ја положи раката врз господарот“.

Свети Јован Крстител вели: „Освети ме и мене и водите Спасителу, Кој го земаш гревот на светот“. Но Синот Божји, Спасителот наш Господ Исус Христос, Кој покажал совршено смирение, Кој ја исполнува волјата на Отецот, Кој дошол заради нас и заради нашето спасение во светот, му вели на Свети Јована: „Остави го сега тоа Јоване, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“ (сп. Мат. 3, 15). И така, смирение и послушност покажал и Свети Јован Крстител, кој за себе рекол дека не е достоен на Оној што иде по него, да Му ги одврзе ни ремењата на обувките

Еве ја послушоста, на слугата, односно на Свети Јован Крстител кон Христа. Но Спасителот Христос, браќа и сестри,  покажел уште поголемата послушност кон Отецот, Кој заради нас прима човечко тело, се понижува да стане човек, да се роди во пештера, да биде положен во јасли, да живее со луѓето, да нема кров за Него, како што вели: „Лисиците имаат легла и птиците небески – гнезда, а Синот Човечки нема каде глава да засолни“ (сп. Лука 9, 58).

И ете, таа Негова совшена послушност и смирение, се појавува токму и на Неговото крштение, кога целосно ни се јави Светата Троица, на овој голем и спасоносен празник, на Богојавление или Водици.

Па ете, кога Христос доаѓа да се крсти од Јована, го слушаме Отецот Небесен, Кој од облакот вели: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја“ (сп. Мат. 3, 17). И токму затоа Светиот Дух слегува врз Него во вид на гулаб, а Христос нашиот Спасител се крштева од Јована. Во тоа е големината на нашата Света Православна Вера, што на овој празник нам ни се јави Бог, Света Троица.

Христос нашиот Бог и Спасител влегува во водите необлечен, за да го облече човекот, кој отпадна од Бога и целосно се соголи, загубувајќи ја благодатта што му беше дадена на нашиот прататко Адам. Адам згреши, затоа што беше горделив, сакајќи да биде бог без Бога. Ете, поради непослушноста, тој ја загуби Божјата благодат, силата Божја, Светиот Дух, и не можеше поинаку да се врати во заедницата со Бога, освен Синот Божји, Спасителот наш Господ Исус Христос, необлечен да слезе и да влезе во водите, за да го облече од Бога создадениот човек.

Затоа ние кога се крштеваме пееме: „Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте!“ (сп. Гал. 3, 27). Со нашето крштение, ние всушност прво со Христа умираме, за со Него да се облечеме и со Него да воскреснеме, браќа и сестри. Кога се кршетеваме, ние во Христа се облекуваме, односно во Неговата Света благодат.

Ако Христос заради нас и заради нашето спасение, слегол од небесата за да нè спаси нас грешните, ние не можеме така неодговорно да си сотоиме настрана од нашето спасение. Христос доброволно пострада на Крстот, каде ја пролеа Својата Света и спасоносна Крв, за да нè избави од гревот и смртта.

Каде е нашата послушност, браќа и сестри? Заради непослушноста на светските властодршци, а исто така и на нашите, се сите проблеми во светот, катастрофи, незгоди, војни, разбојништва, измами, лаги и.т.н., а аналогно на тоа и на нас сите, браќа и сестри.

Само ако покажеме смирение и послушност, како што покажал и Свети Јован Крстител кон Христа нашиот Бог и Спасител, да Го крсти на Негово барање, иако бил слуга, тогаш и ние можеме да очекуваме спасение.

Ние на овој голем и спасоносен ден, можеме да се избавиме од гревот и смртта, само на тој начин, ако бидеме смирени и послушни, зашто поради гордоста и непослушноста на нашите прородители, ние ја загубивме Божјата благодат, Божјите енергии, со нив да Го гледаме Бога, да живееме со Него, да Го чувствуваме Него, со Него да сме постојано, со Неговиот живот, со Неговото страдање, но и со Неговото славно Воскресение.

По молитвите на Свети Јован Крстител, кој покажа големо смирение и послушност, по молитивте на Мајката Божја, Пресвета Богородица, и на Сите Свети, Господи Исусе Христе Сине Божји, Кој си наше просветлување, просветли нè и нас, за да се избавиме од гревот и смртта. Амин!

Бог се јави. Навистина се јави!

Митрополит Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско- новозеландски г. Петар

 

 

 

 

 

 

 

http://www.pppe.mk/2022/bogojavlenie-sveta-arhierejska-liturgija-vo-soborniot-hram-sveti-velikomachenik-dimitrij-vo-bitola-2/

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

Патријарх Порфирије: Сваки човек само је у том избору – да ли је Христов или није Христов

Патријарх Порфирије: Сваки човек само је у том избору – да ли је Христов или није Христов

 Нико ни једампут није се ни сетио да Јеванђеље Христово, да вера Његова, да Христос сам треба да буде на првом месту и да разне невоље и искушења која пролазимо...

« »