„Ако постои добродетел и ако постои пофалба, со право се припишуваат на светиите. Оние ги приклонија вратовите свои пред мечот заради Тебе, Кој си слегол од небесата. Тие ја пролија крвта своја за Тебе, Кој си Се понизил и зел обличје на слуга. Тие се смируваа до смрт следејќи го примерот на Твоето сиромаштво. По нивните молитви помилуј нè, Боже, поради Твојата благосрдечност.“
Денес, на празникот на Светото Благовештение во храмот Свети Спас во населбата Драчево во Скопје,Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Божесвена Литургија во сослужение на свештенството од Скопската епархија.
На Литургијата се изврши ракополагање во пресзитерски чин на ѓаконот Жарко Пејковски.
Верниот народ се причести со Светите Тајни Христови.